Пол Клодел
Пол Клодел (француски: Paul Louis Charles Claudel, роден на 6 август 1868 во Вилнев сур Фер - починал на 23 февруари 1955 во Париз) — француски дипломат, драматург и поет. Брат на вајарката Камил Клодел. Клодел бил номиниран за Нобелова награда за литература во шест различни години[1].
Пол Клодел | |
---|---|
Роден/а | 6 август 1868 Вилнев сур Фер, Франција |
Починат/а | 23 февруари 1955 Париз, Франција | (возр. 86)
Јазик | француски |
Националност | Французин |
Образование | Lycée Louis-le-Grand |
Апсолвент на | Париски институт за политички науки |
Сопруг/а | Рејн Сент-Мари Перин |
Роднини | Камил Клодел (сестра) |
Потпис |
Животопис
уредиДипломатска кариера
уредиКлодел е роден на 6 август 1868 година во Вилнев сур Фер, Франција, во семејството на Луј-Проспер Клодел, висок провинциски работник. Од 1882 година живее во Париз. Во 1885 година дипломирал филозофија, и на универзитетот се запознал со Леон Доде и Ромен Ролан. Во периодот 1887-1888 година работел во Компиен. Потоа во 1989 година студирал право на Факултетот за политички науки.
По дипломирањето од 1890 година работел во Министерството за надворешни работи, а од 1893 година бил на прекугранична дипломатска служба. Работел како заменик-конзул во Њујорк и во Бостон, а во периодот 1895-1909 година бил конзул во Кина.
Пол Клодел имал долга љубовна врска со омажената Розали Веч. На 14 март 1906 година се оженил за Рејн Сент-Мари Перин, и по три дена заминале за Кина. Од овој брак Клоден имал пет деца - Мари, Пјер, Рејн, Хенри и Рене.
Во 1909 година бил испратен да работи како конзул во Прага (1909), генерален конзул во Франкфурт на Мајна (1911), конзул во Хамбург (1913). Потоа бил назначен за министер во Амбасадата во Рио де Жанеиро, Бразил (1916), во Копенхаген (1920). Последователно бил и амбасадор во Токио, Вашингтон и Белгија. Во 1936 година престанал со дипломатската кариера и се населил во замокот Шато Бранже во Изер, со кој се стекнал во 1927 година.
Член на Француската академија од 1946 година и награден со Голем крст на Орденот на Легијата на честа.
Писателска кариера
уредиПаралелно со дипломатската активност, тој ја развивал и писателска кариера. Пол Клодел важи за модерен архетип за религиозен католички поет. Тој спаѓа во редот на оние поети кои своето промислување на светот и на неговите феномени ги изведуваат од едно единствено средиште – Бог. Првата негова драма „Tête d'or“ (Златна глава) била објавена во 1890 година. Првата поетска збирка „Запознавањето на Истокот“ бил објавен во 1896 година. Голем дел од неговите драми биле адаптирани за театарот, филмот и телевизијата.
Пол Клодел починал во Париз на 23 февруари 1955 година.
Дела
уредиДрама
уреди
|
|
Поезија
уреди
|
|
Екранизација
уреди
|
|
Наводи
уреди- ↑ Nobel Prize.org: "Paul Claudel (Nomination Database)".
Надворешни врски
уреди„Пол Клодел“ на Ризницата ? |
- Paul-claudel.net (in French)
- Walled in light Архивирано на 4 јуни 2012 г., English translation of some verse by Claudel, giving an impression of the verset claudelien dedicated to the Franciscan saint, his sister's namesake, Colette)
- Review of a film version of "Le Soulier de Satin" ("The Satin Slipper"), http://query.nytimes.com/gst/fullpage.html?res=9D0CE6D8153BF937A2575AC0A962958260