Фотограф е човек чија главна професија му е фотографирањето. Има професионални фотографи и аматерски фотографи. Професионалните фотографи сликаат фотографии најчесто за списанија, дневни весници, свадби и други пригоди. Аматерските фотографи се занимаваат со овој вид на работа чисто од забава или хоби. Најомразени во светот на џет-сетот се фотографите т.н. Папараци

професионален фотограф
Гравура на првобитните фотографи
Папараци

Зборот фотограф поткнува од грчките зборови φωτός (светло) и γράφω (пишувам) е личност кој прави фотографии користистејќи камера. Професионалниот фотограф ја користи фотографијата за да заработи пари, додека аматерските фотографи прават фотографии за задоволство и за да снимат настан,емоција,место или личност. Професионалниот фотограф може да биде вработен на пр. во весник или може да работи по договор за да покрие конкретен настан како што е свадба или дипломирање или едноставно за да илустрира оглас. Останатите, вклучувајќи ги тука папараците и уметничките фотографи се хонорарци, агенти кои најпрво ги прават фотографиите и после истите ги нудат за продажба или изложба. Некои вработени како што се полицајците, агенти за недвижности,новинари и научници ги прават фотографиите како дел од нивната работа. Фотографите кои произведуваат движечки наместо мирни фотографии се најчесто наречени кинематографи, видеографи или оператор на камера во зависност од рекламната содржина. Фотографите исто така можат да се категоризираат во зависност од предметите кои ги фотографираат. Некои фотографи истражуваат предмети типично за сликањето како што се пејзажи, мртва природа и портрети. Некои други фотографи специјализираат предмети уникатни за фотографијата, како што се улична фотографија,документарна фотографија, модна фотографија, свадбена фотографија, воена фотографија, новинарска фотографија и рекламна фотографија.

Продажба на фотографии

уреди

Ексклузивното право на фотографите за да ги копираат и да ги користат нивните производи е заштитено со авторски права.Безброј индустрии ги купуваат фотографиите како цел за публикација на нивните производи. Фотографиите кои ги гледаме на насловните страни на магазините, на телевизиските реклами, на роденденските картички, на календарите, на мрежните места, на производите и нивните амбалажи, се најчесто купени за ваква намена, или дирекно од самите фотографи или преку агенции кои го претставуваат фотографот. Фотографот користи договор за продажба на својата „лиценца“ кој ги вклучува деталите како што се колку пати ќе биде користена фотографијата, на која територија истата ќе се користи (на пример САД, Велика Британија итн.) и точно за какви цели и на кои производи. Ова е особено важно за да ја разграничи провизијата на право на користење од провизијата на самото правење (производство) на фотографијата. Нов договор се прави за секое дополнително користење на фотографијата. На пример, фотографот може да дозволи право на корисење на фотографијата на различни компании кои би можеле да ја искористат сликата за правење календар, да се стави на кутија на житарки, да се користи за насловна страна на списание, за картички или за какви било други производи и тоа во различни земји. Времетраењето на договорите може да биде ограничен на една година или во подолг временски период. Фотографот најчесто ги наплаќа авторските права еднократно, во зависност од условите на договорот. Договорот може да биде сведен на не-ексклузивно користење на фотографијата (што значи дека истата фотографијата може да се продаде повеќе од еднаш во текот на една година) или пак како екслузивно право на користење на фотографијата (односно право на користење на една фотографија од страна на само една компанија). На пример, во САД за време од една година договорот може да наложи не-ексклузивно користење на фотографијата на честитка со однапред определена авторска такса за печатење по дел. Во договорот, исто така може да е пропишано дека фотографот има право да врши ревизија на компанијата за определување на надомест на авторските такси. Авторските такси варираат во завистост пд купувачката индустрија и намената, на пример, надоместоците за фотографија употребена на постер или во телевизиска реклама може да биде повисока отколку надоместокот за ограничена побарувачка на брошури. Надоместокот исто така често се основа на големината на фотографијата која ќе биде употребена во списание или книга, на пример, ако е користена за слика на четвртина,на половина или на цела страница. Насловните слики најчесто побаруваат повисоки надоместоци отколку фотографија употребена каде било на друго место во книга или списание. Во ретки случаи, корпорации имаат финансирано тимови од фотографи со договор, за покривање на прдмет заради публицитет, на пример, во 1947, компанија за масло во Њу Џерси (New Jersey) најми тим од професионални фотографи, меѓу кои Гордон Паркс (Gordon Parks), Џон Вахон (John Vachon) и Тод Веб (Todd Webb) за да направат документарец за како “секој во својот живот има капка масло ”. Според New York Times од спонзор на компанијата на тимот им била дадена целосна слобода за да го направат докуметарецот, но вакви договори се многу ретки. Фотографии направени за време на работење на задача за списание или друга компанија, често припаѓаат на компанијата или списанието, а не на фотографот,сè додека не е нешто друго пропишано во договорот. Во договори за професионални портрети или свадбени фотографии често се пропишува дека правото на свадбените слики или на портретот го задржуваат тие,па така само тие можат да продаваат понатамошни фотографии на други, отколку потрошувачот да прави сам фотографии за други намени. Доколку купувачот сака сам да ги репродуцира своите фотографии, тие можат да дискутираат за алтернативен договор со фотографот, но пред да бидат направени фотографиите, со што би требало да се плати надоместок за права за препечатување на фотографиите од самиот купувач. Дури ни фотографите-аматери не треба да ги даваат своите фотографии бесплатно,доколку се направени од особена вредност. Информации за лиценцирање и рекламирање на Вашите фотографии, и лиценцирање на договори за фотографии се достапни на интернет и во библиотеки. Може да се стекнете со разбирање на бизнисот за лиценцирање и заштита на фотографиите преку различни извори : книги, интернет и/или со контактирање на адвокат кој е специјалист за лиценцирање/приходи од авторски права, особено на уметност или фотографија. Има големи компании кои имаат каталози за фотографии и слики и го работат ова со децении, како на пример Гети Имиџис (Getty Images) и други. Од 21 век многу компании нудат вакви каталози на интернет on-line и ги покануваат фотографите да ги продаваат своите фотографии едноставно и брзо, но често за малку пари, без авторски надоместок и без контрола на употребата на фотографијата, пазарот како ќе се употребува, на какви производи ќе се стави, времетраењето и сл. Овие каталози или оние кои ја употребуваат фотографијата,може да профитираат со правење на пари од истата фотографија. Поради тоа што е тешко да се контролира употребата на фотографијата откако е дадена преку интернет, фотографот може никогаш нема да може да ја лиценцира фотографијата за понатамошна употреба или да ја поврати сопственоста на оваа фотографија.

Споделување на фотографијата

уреди

Многу луѓе, за да ги споделат своите фотографии со одредена група или генерално со целата јавност ги прикачуваат фотографиите на страници на друштвени мрежи, како и на други страници. Оние кои се заинтересирани за легална прецизност може изречно да ги објавуваат во јавна сопственост или за бесплатна лиценца за да бидат задоволни. Некои страници, вклучувајќи ја и Викимедиа Комонс Wikimedia Commons, се прецизни во врска со лиценците и прифаќаат само слики со јасна информација за дозволена употреба. Некои фотографи може да се загрижени дека мрежното место може да ги делат,дистрибуираат или продаваат овие фотографии и/или дека други корисници може да ги симнуваат за понатамошно објавување или употреба. Па така, лични фотографии на друштвените мрежи може да завршат во резерви или каталози кои содржат илјадници од слики каде што се купуваат и користат без ваше знаење. Тогаш добивката оди кај некој друг, не по заслуга на фотографот. Ова може да биде особено вознемирувачки во случај кога фотографиите се со семејно или сентиментално значење или пак слики кои фотографот планирал да ги сподели, но не и да ги дава или продава. Исто така и со фотографии кои се испратени на натпревари на списанија или мрежни места. Фотографи аматери, може да ги достават, давајќи им име и приказна на фотографиите и да бидат среќни за сликата да биде печатена бесплатно во одредено списание. Но, стотиците или илјадниците фотографии кои се во сопственост на претпијатието, на овој начин ќе бидат пренесени за други употреби било во печатот или на интернет, а фотографот нема да добие ниту исплата, критика или признание. Само договор може да ги заштите правата на фотографот. Фотографите со вакви проблеми, дури и со договор,мораат сами да истражуваат за претпријатието или објавувачите пред да ги продадат своите фотографии за да се осигураат дека претпријатието има репутација и дека е во добра деловна положба.

Фотографи во Македонија

уреди

Постојат докази дека во Битола, уште во 1868 година постоеле фотографско ателје. Така, според истражувањата на битолскиот публицист Александар Стерјовски, во книгата „Патописи за Балканот“ русинката М. Карлова запишала дека во 1868 година, во главната улица на Битола имало фото-ателје, чии име, локација и сопственик не се познати. Притоа, се претпоставува дека фотографијата пристигнала во Битола и пред оваа година. Така, во збирката трудови „Битолските фотографи и битолските фотоателјеа“, чии издавачи се Народна техника и фото-клубот „Стив Наумов“ од Битола, е наведено дека извесен Секел, вработен во англискиот конзулат во Битола, бил првиот човек кој донел фотоапарат во Битола во 19 век. Во рамките на конзулатот, тој дури оформил и фото-лабораторија. Во 1861 година, во Битола се појавил уште еден фотограф, а тоа бил англискиот вице-конзул Карло Калверт, кој фотографирал низ Битола. Потоа, во 1880-тите со фотографија се занимавале и извесен Леонид, Лазар Кармеле и Атанас Лозанчев. Притоа, десетина години пред браќата Манаки, Кермеле учествувал на меѓународната изложба во Букурешт, со што тој бил првиот Македонец кој со свои фотографии настапил на меѓународна манифестација. Револуционерот Атанас Лозанчев, исто така, бил еден од првите битолски фотографи. До ден-денес е зачувана неговата фотографија од 1894 година, направена во Ресен, во куќата на Христо Татарчев, а на која се прикажани војводите Даме Груев, Григор Попев и Александар Панов. Поради големиот интерес за фотографијата, во 1910 година, битолчанецот Космас Димитри имал отворено продавница за фото-апарати.[1]

Фотографот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Жанета Здравковска, „Русинка пишувала за фотоателје во Битола уште пред 146 години“, Дневник, година XVIII, број 5605, понеделник, 31 октомври 2014, стр. 18.
  2. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 62.
  3. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 230.
  4. Иван Шопов, Азбука и залутани записи, Темплум, Скопје, 2010.
  5. Discogs, Depeche Mode ‎– Speak & Spell (пристапено на 13.5.2020)
  6. YouTube, Philip Glass - The Photographer (HQ) (пристапено на 22.5.2017)

Поврзано

уреди