Џорџо Кјелини

италијански фудбалер

Џорџо Кјелини (итал. Giorgio Chiellini, р. 14 август 1984 во Пиза) — италијански фудбалер, играч од одбраната на ФК Лос Анџелес и поранешен член на италијанската репрезентација. Кjелини се смета за еден од најдобрите одбранбени играчи на својата генерација.[2] Тој е физички силен, агресивен и разноврсен дефанзивец, кој најчесто игра на позицијата централен одбранбен играч, иако исто така е способен да игра и како лев бек, во одбрана со три или четири играчи.

Џорџо Кјелини
Лични податоци
Полно име Џорџо Кјелини[1]
Роден на 14 август 1984(1984-08-14)(40 г.)
Роден во Пиза, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Лос Анџелес ФК Лос Анџелес
Број 14
Младинска кариера
Ливорно Ливорно
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2004 Ливорно Ливорно 55 (4)
2004–2022 Јувентус Јувентус 561 (36)
2004–2005Фјорентина Фјорентина 37 (3)
2022– ФК Лос Анџелес ФК Лос Анџелес 42 (1)
Репрезентација
2000 Италија Италија 15 8 (0)
2000-2001 Италија Италија 16 12 (2)
2001 Италија Италија 17 1 (0)
2002 Италија Италија 18 6 (1)
2001-2003 Италија Италија 19 18 (1)
2003-2007 Италија Италија 21 26 (6)
2004-2022 Италија Италија 117 (8)
* Ажурирано на: 21 септември 2011
** Ажурирано на: 6 септември 2011

На клупско ниво, Кјелини ја започнал својата кариера во Ливорно во 2000 година, а подоцна играл една сезона за Фјорентина, пред да се пресели во Јувентус во 2005 година. Со Јувентус, тој освоил осум последователни титули од Серија А од 2012 до 2019 година, како и четири последователни титули во Купот на Италија и четири титули во Суперкупот на Италија. Кјелини бил избран во Серија А Тимот на годината четири пати: во 2012-2013, 2014-2015, 2015-2016 и 2017-18 и исто така му била доделена наградата за Серија А Одбранбен играч на годината, трипати: во 2008, 2009 и 2010 година.[3][4][5]

Своето репрезентативно деби за сениорската репрезентација на Италија го направил во 2004 година, а во моментов има вкупно 103 настапи што го прави седми играч по бројот на настапи во историјата. Тој настапил на Летните олимписки игри 2004, освојувајќи бронзен медал, како и на три Европски првенства, две Светски првенства и два Купа на конфедерации, помагајќи им на аѕурите да стигнат до финалето на Европското првенство 2012 и да го освојат третото место на Купот на конфедерации 2013.

Биографија

уреди

Џорџо е роден во Пиза, а израснал во Ливорно, каде што живеел со неговото семејство;[6] тој има една сестра и два браќа, од кои едниот, неговиот брат близнак, Клаудио, исто така, е негов агент.[7] Како дете тој сонувал да игра кошарка, и бил голем обожавател на Лос Анџелес Лејкерс и на Коби Брајант.[8]

Кјелини е меѓу ретките успешни играчи способни да ја усогласат спортската кариера со текот на студиите,[9] тој најпрво положил матура во научното средно училиште "Федриго Енрикес" во Ливорно, а потоа во 2010 година дипломирал на насоката за економија и трговија на Универзитетот во Торино.[10] Во 2017 година се стекнал со магистарски степен по "бизнис и администрација" на истиот универзитет, бранејќи ја темата "Бизнис моделот на фудбалскиот клуб Јувентус во интернационален контекст".[11][12]

Во 2014 година се оженил со Каролина,[13] со која имаат две ќерки.[14]

Технички карактеристики

уреди
 
Кјелини (десно) во дресот на Јувентус, во двобој со Дидје Дрогба од Галатасарај во натпревар од Лигата на шампионите 2013-2014.

Тој е "сила на природата", универзален играч кој би го посакал секој тренер во својот тим.

Кариерата ја започнал како лев бек, а потоа се утврдува како централен одбранбен играч; исто така, може да се користи како лев дефанзивец во формација со 3 играчи.[16][17] Тој е опишан како "старомоден централен дефанзивец" кој веднаш ги напаѓа противничките играчи во обид да ја освои топката. Неговите одлики кој го прават препознатлив на теренот се физичката сила,[18][19] агресивноста и храбароста,[20] бескомпромисните стартови, и добрата игра во воздухот поради која е опасен и во противничките шеснаесетници.[18] Покрај тоа, тој поседува силен менталитет, добар темперамент под притисок, решителност и одлична концентрација.[21][22] Како резултат на овие квалитети, Златан Ибрахимовиќ го опишал Кјелини како најтешкиот дефанзивец со кој се соочил, притоа истакнувајќи ја екстремната коректност во неговите дејствија.[23] Во прилог на ова зборува и фактот дека и покрај цврстите и одлучни интервенции, Кјелини всушност добил само две исклучувања за време на целата негова кариера во Серија А.[24]

Како играч кој континуирано созревал со текот на годините, во вториот дел од неговата кариера ги подобрил својте атлетски, тактички и технички квалитети, благодарение на анализирањето на фазите на играта; покрај тоа, цврстите бескомпромисни стартови што го карактеризирале во минатото, им отстапиле место на почистите и поточни интервенции.[25] Оваа еволуција довела до тоа експертите да го сметаат меѓу најдобрите централни одбранбени играчи на неговата генерација.[2][26][27][28][29] Во една изјава после поразот на неговиот Наполи од Јувентус, Валтер Мацари изјавил: "Кјелини е од друга планета, тој може сам да чува три противнички играчи".[30][31]

Заедно со Андреја Барцаљи и Леонардо Бонучи, долгогодишните соиграчи во 2010-тите години во Јувентус и во репрезентацијата, Кјелини формирал фантастично уиграно дефанзивно трио наречено «БиБиСи» (BBC) од спортските новинари;[32][33]

Неговиот прекар е Кинг Конг заради начинот на кој го слави секој негов гол - удирајќи се со тупаниците во градите, имитирајќи ја познатата кинематографска икона -:[34] ликување по неговиот гол што донел победа во дербито на Торино на 7 март 2009 година.

Клупска кариера

уреди

Ливорно

уреди

Кјелини ја започнал својата кариера во Ливорно, приклучувајќи му се на клубот на возраст од само 6 години. Тој играл во младинските категории на клубот меѓу 1990 и 2000 година, пред да биде повикан да настапува за првиот тим во Серија Ц1 во сезоната 2000-2001. Своето професионално деби го направил на 14 јануари 2001, во победата со 2-0 над Алесандрија на домашен терен. Во првата сезона со првиот тим, Кјелини забележал три настапи и додал уште пет во следната сезона.

Во јуни 2002 година, тој потпишал за Рома во договор за ко-сопственост, за 3,1 милиони евра, (според кој Марко Амелија, отишол во спротивна насока, за 2,8 милиони евра).[35] Сепак, тој останал во Ливорно на заем за сезоната 2002–2003 во Серија Б, откако тие избориле промоција. Во неговата прва сезона во Серија Б, Кјелини направил шест настапи, и исто така дебитирал во Купот на Италија. Откако во летото клубовите се договориле тој да остане во Ливорно уште една сезона, Кјелини го направил својот пробив во почетната постава на клубот и забележал 42 настапи и 4 гола, главно играјќи на позицијата лев бек.

Во јуни 2004, Ливорно го откупил договорот на Кјелини за 3 милиони евра,[36] пред да го продаде на Јувентус за 6,5 милиони евра истото лето.

Вкупно за Ливорно, Кјелини одиграл 57 натпревари и постигнал 4 гола.

Фјорентина

уреди

По потпишувањето на договорот со Јувентус, клубот од Торино и го позајмил Кјелини на Фјорентина за следната сезона. Со виолетовите тој дебитирал во Серија А, на 12 септември 2004 во натпреварот Рома - Фјорентина 1-0. Во Фиренца тој веднаш се утврдил како почетен лев бек, и неговите настапи биле толку многу импресивни што го добил првиот повик во репрезентацијата од селекторот Марчело Липи, дебитирајќи на 17 ноември истата година. На 31 октомври 2004, Кјелини го постигнал својот прв гол во Серија А во кариерата во победата со 4-0 над Лече на Артемио Франки.[37] На 9 април 2005, Кјелини постигнал гол против својот матичен клуб Јувентус во ремито 3-3.[38]

Кјелини одиграл одлична сезона во Фиренца, забележувајќи 42 настапи во двете натпреварувања (првенството и купот) на кој постигнал и 3 гола, а притоа му помогнал на клубот да обезбеди опстанок во лигата во последното коло од првенството.

Јувентус

уреди

2005-2011

уреди

После одличната дебитантска сезона во Серија А со Фјорентина, тој се вратил во Јувентус на Фабио Капело за сезоната 2005-2006. Дебитирал за бјанконерите на 15 октомври 2005 на Деле Алпи во победата со 1-0 над Месина во првенството, заменувајќи го Павел Недвед во 74-тата минута од натпреварот.[39] Три дена подоцна го имал своето деби во европските натпреварувања, влегувајќи како замена на полувремето во натпреварот против Бајерн Минхен во Лигата на шампионите што завршил со резултат 2-1 за баварците. Кјелини одиграл 23 натпревари во својата прва сезона во Јувентус, помагајќи му на клубот да го освои скудетото кое подоцна на клубот му е одземено по настаните од Калчополи, додека Јувентус бил казнет со исфрлување во Серија Б.

Toj останал во Торино и за сезоната 2006-2007 во Серија Б, и е промовиран и покрај младата возраст, меѓу неколкуте референтни точки околу кои може да се реконструира Старата дама, лишена од многу од нејзините "големи имиња" во летото 2006. Под водство на тренерот Дидје Дешам тој стекнал постојано место во почетната постава, а повремено започнал да игра на позицијата која подоцна ќе стане негова главна, онаа на централен одбранбен играч играјќи како партнер на Никола Легротаље, Жан-Алан Бумсонг и Роберт Ковач во различни периоди од сезоната.[40] Тој го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус во Купот на Италија против Наполи.[41] Во лигата тој постигнал 3 гола, вклучувајќи ги и двата на теренот на Арецо во 39-тото коло од сезоната во кое бјанконерите победиле со 5-1 и математички избориле промоција во Серија А.[42]

По враќањето на Јувентус во Серија А во сезоната 2007-2008, Кјелини повторно се вратил на позицијата лев бек. На 2 септември 2007 година, го постигнал својот прв гол за бјанконерите во Серија А во натпреварот Каљари - Јувентус 2-3 во второто коло од првенството.[43] Сепак, по повредата на Жорже Андраде тој повторно бил преместен во центарот на одбраната, како партнер на Никола Легротаље.[44] Токму тие двајца биле клучот на успехот за Јувентус да ја заврши сезоната со втора најдобра одбрана во лигата. На 27 април 2008, Кјелини постигнал два гола за Јувентус во победата со 5-2 над Лацио, што на клубот му обезбедила пласман во топ 4 на крајот од првенството.[45] По завршувањето на сезоната, на 26 јуни 2008, Кјелини го продолжил својот договор со Јувентус до 2013 година.[46]

 
Кјелини за време на натпреварот од Серија А 2008-2009 против Кјево.

За време на сезоната 2008-2009, Кјелини останал прв избор во центрот на одбраната заедно со Легротаље. На 13 август 2008 го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања кога Јуве ја совладал Артмедија Петржалка со 4-0 во првиот натпревар од трета квалификациска рунда на Лигата на шампионите.[47] Четири дена подоцна, тој го повредил левото колено за време на Трофео Лујџи Берлускони против Милан и го пропуштил почетокот на сезоната во Серија А,[48] враќајќи се во септември за натпреварот на домашен терен против Удинезе (завршил 1-0 за Јувентус). На крајот на годината, тој бил прогласен за Серија А Одбранбен играч на годината за 2008 година на годишната церемонија на доделувањето на наградите Оскар дел Калчо. На 10 март 2009 година, Кјелини бил исклучен поради добивање на втор жолт картон за време на реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челси во Торино, по кој Јувентус бил елиминиран со вкупен резултат 2-3

Следните две сезони (2009-2010 и 2010-2011) биле многу разочарувачки за Јувентус, завршувајќи на седмото место во лигата двапати по ред; сепак, во овие две години Кјелини созрева и го консолидирал своето место меѓу водачите во клубот, зад иконите Дел Пјеро и Буфон. За време на првиот дел од сезоната 2010-2011, Кјелини играл во центарот на одбраната како партнер на новодојдениот Леонардо Бонучи; сепак со доаѓањето на Андреја Барцаљи во зимскиот преоден рок, Кјелини во некој натпревари бил вратен на позицијата лев бек овозможувајќи место во центарот на одбраната за двојката Бонучи-Барцаљи.

2011-2020; девет скудета по ред

уреди
 
Кјелини играјќи за Јувентус против Шахтар Донецк во УЕФА Лигата на шампионите 2012-2013.

Во сезоната 2011-2012, новиот тренер на Јувентус Антонио Конте започнува со формацијата 4-2-4, распоредувајќи го Кјелини најпрво како централен дефанзивец, а подоцна како лев бек.[16] Кон крајот на 2011 година, Конте ја променил формацијата во 3-5-2, овозможувајќи им на Кјелини, Бонучи и Барцаљи да играат заедно позади, така што Кјелини ја покрива левата страна, Барцалји десната, а Бонучи средината со што добил простор да ја гради играта на својот тим од последната линија.[49] Овој дефанзивен ситем се покажал како многу успешен за Јуве, завршувајќи ја сезоната како шампиони во Серија А со најдобра одбрана во лигата и притоа без ниту еден пораз.[50] Триото поцоцна станало познато како БиБиСи (BBC) по иницијалите на играчите,[51] и многу брзо се етаблирало како една од најдобрите одбранбени линии во светот во следните сезони.[52][53][54] Кјелини одиграл 34 натпревари и постигнал два гола во шампионската кампања во Серија А, и забележал три настапи во Купот на Италија каде Јувентус стигнал до финалето во кое загубиле со 2-0 од Наполи, меѓутоа Кјелини поради повреда не играл во тој натпревар.

Во следните две сезони под водството на Конте Јувентус ја продолжил својата доминација во Италија освојувајќи уште две скудета, потпирајќи се и понатаму на триото БиБиСи во одбраната кое им носи голема сигурност позади. На 11 август 2012, Кјелини го освоил својот прв трофеј во Суперкупот на Италија после победата на Јувентус над Наполи со 4-2 по продолженија во Пекинг, меѓутоа поради повредата со која се здобил на Европското првенство 2012 тој не бил во составот. Веќе следната година освоил уште еден Суперкуп, постигнувајќи го вториот гол за бјанконерите во победата со 4-0 над Лацио во Рим.[55] На 20 октомври 2012, во отсуство на регуларниот капитен Џанлујџи Буфон, Кјелини за првпат во кариерата ја носел капитенската лента на Јувентус во победата со 2-0 над Наполи во лигата. На 5 јануари 2014, го забележал својот 300-ти настап за Јувентус во победата со 3–0 над Рома во Серија А.[56]

Јувентус ја продолжил својата победничка низа и покрај изненадувачкото заминување на Конте во летото 2014 година; предводени од Масимилијано Алегри, во сезоната 2014-2015 торинезите ја освоиле домашната двојна круна, трета во историјата на клубот.[57] Покрај четвртото скудето, Кјелини го освоил и својот прв куп во кариерата, постигнувајќи го израмнувачкиот гол за Јуве во победата по продолженија над Лацио со 2-1 во финалето. Кјелини дал голем придонес за пласманот на клубот во финалето на Лигата на шампионите, загубено на 6 јуни 2015 година од Барселона, меѓутоа не играл во тој натпревар поради повреда на мускулот.[58]

 
Кјелини како капитен на Јувентус го подига пехарот освоен во Купот на Италија во 2016 година.

Во следните години, иако на личен план се соочил со многу повреди, Кјелини го освоил своето петто последователно скудето, постигнувајќи го единствениот гол за сезоната во последното коло од првенство против Сампдорија,[59] и вториот Куп на Италија, победувајќи го Милан во финалето по продолженија.[60] За време на сезоната 2016-2017, во натпреварот на домашен терен против Сампдорија Кјелини постигнал два гола во победата на Јувентус со 4-1. Во оваа сезона тој го освоил својот трети по ред Куп на Италија, по победата со 2-0 над Лацио во финалето на 17 мај 2017 година;[61] а само четири дена подоцна, со успехот на домашен терен од 3-0 над Кротоне,[62] дошла и шестата титула во италијанското првенство по ред, што им овозможува на Кјелини и Јувентус да ја забележат третата последователна двојна круна по ред, и пред сè, да го срушат рекордот на клубот стар 82 години (кога во 1930-тите години Јувентус освоил пет титули).[63] На 3 јуни, откако Кјелини го пропуштил финалето во Лигата на шампионите во 2015 година, тој започнал во почетниот состав во финалето 2017, што бил втор финален настап за Јувентус во три години, но тие повторно биле поразени овојпат од бранителот на титулата Реал Мадрид со 4-1.[64]

На 11 јануари 2018, Кјелини за првпат во кариерата бил избран во Тимот на годината на УЕФА за 2017.[65] На 17 март 2018, во натпреварот на гостувањето кај СПАЛ што завршил 0-0, Кјелини го забележал својот 350-ти настап во Серија А.[66] На крајот од сезоната 2017-2018 успесите се повторуваат за Кјелини и неговите соиграчи од Јувентус откако ја освоиле седмата последователна титула во првенството и на тоа го придодале и четвртиот домашен куп по ред - ова второто, претставува нов рекорд во италијанскиот фудбал.

На 29 јуни 2018, Кјелини го продолжил својот договор со клубот до летото 2020 година.[67] По заминувањето на Буфон, за сезоната 2018-2019 - после 13 години во клубот - Кјелини бил назначен за нов капитен на Јувентус.[68][69] На 16 јануари 2019, Кјелини ја "кренал" својата прва титула како нов официјален капитен на Јувентус – во Суперкупот на Италија – после победата со 1–0 над Милан.[70] На 12 март, Кјелини го одбележал својот 500-ти настап во дресот на Јувентус во победата со 3-0 на домашен терен над Атлетико Мадрид во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите што им овозможила на бјанконерите да го надминат дефицитот од 2-0 од првиот натпревар и да минат во четвртфиналето.[71] Потоа на 20 април, благодарение на победата со 2-1 на домашен натпревар против Фјорентина, Јувентус го освоил скудетото по осми пат по ред - апсолутен рекорд во историјата на Серија А и во петте најсилни национални првенства во Европа -,[72] прво за Кјелини со капитенската лента. Исто така заедно со неговиот клупски колега Барцаљи, тие биле единствените двајца играчи кој учествувале во освојувањето на сите осум шампионски титули во Серија А во победничкиот циклус на Јувентус од 2011 година.[73]

Репрезентативна кариера

уреди

Младински репрезентации

уреди

Кјелини играл речиси во сите младински репрезетнации,[74] а со репрезентацијата под 19 години во 2003 година го освоил Европско првенство до 19 години во Лихтенштајн.[75] Следната година, тој го освоил бронзениот медал на Летните олимписки игри во Атина носејќи го дресот на олимписката репрезентација на Италија, собирајќи 2 настапи во текот на турнирот.

Потоа, со репрезентацијата под 21 година тој учествувал на Европските првенства во 2006 и 2007, во вториот случај дури носејќи ја и капитенската лента[74] и бил стрелец на два гола за аѕурините. По завршувањето на турнирот тој исто така бил избран во Идеалниот тим на првенството од страна на УЕФА.[76] Со репрезентацијата до 21 година завршил во 2007 година, со вкупно 26 настапи и 6 гола.

Сениорска репрезентација

уреди

2004-2012

уреди
 
Кјелини (бр. 3) во двобој со Фабрегас за време на финалето на Европското првенство 2012 меѓу Шпанија и Италија.

На 17 ноември 2004 година, на 20-годишна возраст, го направил своето деби за сениорската репрезентација под водство на селекторот Марчело Липи, влегувајќи во игра во второто полувреме од пријателскиот натпревар Италија-Финска (1-0).[77] На 21 ноември 2007 година, тој го постигнал својот прв гол во националниот дрес во натпреварот против Фарските Острови одигран на стадионот Алберто Браља во Модена.[78]

Тој бил меѓу 23-те повикани играчи од селекторот Роберто Донадони за Европското првенство 2008. На првиот ден од подготовките во Австрија, Кјелини ненамерно во еден двобој го повредил Фабио Канаваро, која подоцна го спречила капитенот да настапи на турнирот.[79] Почнувајќи од вториот натпревар во групната фаза, Италија - Романија (1-1) на 13 јуни, бил поставен како централен дефанзивец играјќи во пар со Кристијан Панучи; исто така на таа позиција играл и во следните натпревари против Франција во последниот натпревар од групата, и во четвртфиналето против Шпанија, репрезентацијата што ги елиминирала аѕурите по изведување на пенали.[80]

Од самиот почеток на Квалификациите за Светското првенство 2010, селекторот Марчело Липи го поставува Кјелини како централен дефанзивец во пар со Фабио Канаваро. Учествувал и на Купот на конфедерациите 2009 каде што Италија била елиминирана уште во првата фаза.[81] Потоа тој бил избран од Липи и за Светското првенство 2010 во Јужна Африка,[82] каде ги одиграл сите три натпревари за Италија во групната фаза по која аѕурите биле елиминирани.[83]

Потоа тој учествувал на Европското првенство 2012 под водство на селекторот Чезаре Прандели.[84] На 18 јуни, за време на последниот натпревар од групата против Ирска Кјелини се повредил,[85] но сепак успеал за кратко време да се опорави, и да биде подготвен да се врати на теренот на 28 јуни за полуфиналната класика против Германија, во која Италија победила со 2-1.[86] Во финалето, по неговата грешка Шпанија повела со 1-0 (на крајот завршило 4-0),[87] а набргу потоа Кјелини морал да го напушти теренот и да биде заменет поради истиот мускулен проблем кој го имал и во претходните натпревари.

2012-2016

уреди
 
Кјелини (бр. 3) во 2015, за време на натпревар во Баку против Азербејџан во Квалификациите за Европското првенство 2016.

На 14 ноември 2012 година, во поразот на домашен терен од Франција во пријателски натпревар со 1-2, тој за првпат ја носел капитенската лента на аѕурите уште од првата минута.[88]

На 3 јуни 2013 година, Прандели го повикал Кјелини во составот што учествувал на Купот на конфедерации 2013,[89] каде ги одиграл сите пет натпревари на репрезентацијата, и постигнал еден гол против домаќинот Бразил во третиот натпревар од групата.[90] На крајот од натпреварувањето тој го освоил бронзениот медал со Италија, по успех на пенали против Уругвај.[91]

На 10 септември 2013 година, на Стадион Јувентус, тој постигнал гол против Чешка во натпревар од Квалификации за Светското првенство 2014, за моментален резултат 1-1 (нартпреварот завршил 2-1 во корист на аѕурите). Со овој негов гол и оној победничкиот на Марио Балотели од пенал, Италија математички се квалификувала за Светското првенство 2014 во Бразил.[92] Таму тој е меѓу референтините точки (заедно со клупските колеги Буфон, Барцаљи, Бонучи, Маркизио и Пирло) на таканаречената репрезентација Итал-Јуве.[93][94] На 24 јуни 2014 година, за време на последниот натпревар од групата против Уругвај, Кјелини бил гризнат кај рамото од страна на уругвајскиот напаѓач Луис Суарес (што е негов трет случај да гризне противнички играч),[95] но мексиканскиот судија Марко Антонио Родригес одлучил да не го казни Суарес и оставил играта да продолжи со корнер од кој јужноамериканците го постигнале победничкиот гол и со победа од 1-0 ја елимнирале Италија.[96] Неколку дена подоцна дисциплинската комисија на ФИФА реагирала и му одредила на Суарес казна од четири месеци неиграње, за која дури и Кјелини изразил став дека е „прекумерна“.[97]

На 10 октомври 2014 година, во натпреварот против Азербејџан во Квалификациите за Европското првенство 2016, тој постигнал два гола во победата со 2-1; во истиот натпревар тој постигнал и автогол за моментален резултат 1-1 што значи дека бил автор на сите три гола во натпреварот.[98] Бил повикан од селекторот Антонио Конте за Европското првенство 2016, каде тој постигнал гол во осминафиналето, првиот за аѕурите во натпреварот во кој го победиле бранителот на титулата Шпанија со 2-0;;[99] сепак патот на Италија на турнирот завршил во следното коло, каде репрезентацијата била елиминирана во четвртфиналето на пенали од тогашниот актуелен светски шампион Германија.[100]

Од 2016; капитен на репрезентацијата

уреди

Кјелини го задржал местото во почетната постава и во времето на управување од клупата на Џанпјеро Вентура, под чие водстви одиграл 6 натпревари во квалификациите за Светското првенство 2018, вклучително и двата натпревари од „плејофот“ што се одржале во ноември 2017 година против Шведска по кој Италија срамно била елиминирана и не се пласирала на мундијал, точно 60 години по единствениот претходен пат кога се случило тоа.

Откако во следните месеци тој размислувал за можноста да ја напушти репрезентацијата,[101] почетокот на новиот циклус и доаѓањето на новиот селектор Роберто Манчини, го предомислиле Кјелини да остане во репрезентацијата и да биде нов капитен на Италија по повлекувањето на Џанлујџи Буфон.[102] Тој ја предводел италијанската репрезентација во новоформираното натпреварување УЕФА Лигата на нации во септември 2018 година.[103] Токму во ова натпреварување, на 17 ноември 2018 година во натпреварот против Португалија (0-0) на Сан Сиро, 14 години по неговото деби во сениорската репрезентација достигнал до 100-тиот настап во националниот дрес, со што станал седмиот играч на италијанската репрезентација што ја постигнал таа цел.[104]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
17-11-2004 Месина Италија   1 – 0   Финска Пријателска -   46'   54'
9-2-2005 Каљари Италија   2 – 0   Русија Пријателска -   68'
26-3-2005 Милано Италија   2 – 0   Шкотска Квал. за СП 2006 -
8-6-2005 Торонто Италија   1 – 1   Србија и Црна Гора Пријателска -   64'
11-6-2005 Њујорк Италија   1 – 1   Еквадор Пријателска -   67'
16-8-2006 Ливорно Италија   0 – 2   Хрватска Пријателска -   75'
17-10-2007 Сиена Италија   2 – 0   Јужна Африка Пријателска -
17-11-2007 Глазгов Шкотска   1 – 2   Италија Квал. за Евро 2008 -   83'
21-11-2007 Модена Италија   3 – 1   Фарски Острови Квал. за Евро 2008 1
30-5-2008 Фиренца Италија   3 – 1   Белгија Пријателска -   46'
13-6-2008 Цирих Италија   1 – 1   Романија Евро 2008 - Прва фаза -
17-6-2008 Цирих Франција   0 – 2   Италија Евро 2008 - Прва фаза -   44'
22-6-2008 Виена Шпанија   0 – 0 прод.
(4 - 2 пен.)
  Италија Евро 2008 - Четвртфинале -
11-10-2008 Софија Бугарија   0 – 0   Италија Квал. за СП 2010 -   34'
15-10-2008 Лече Италија   2 – 1   Црна Гора Квал. за СП 2010 -
19-11-2008 Атина Грција   1 – 1   Италија Пријателска -   46'
28-3-2009 Подгорица Црна Гора   0 – 2   Италија Квал. за СП 2010 -
1-4-2009 Бари Италија   1 – 1   Ирска Квал. за СП 2010 -
15-6-2009 Преторија САД   1 – 3   Италија Куп на конф. 2009 - Прва фаза -
18-6-2009 Јоханесбург Египет   1 – 0   Италија Куп на конф. 2009 - Прва фаза -
21-6-2009 Преторија Италија   0 – 3   Бразил Куп на конф. 2009 - Прва фаза -   49'
12-8-2009 Базел Швајцарија   0 – 0   Италија Пријателска -
5-9-2009 Тбилиси Грузија   0 – 2   Италија Квал. за СП 2010 -
9-9-2009 Торино Италија   2 – 0   Бугарија Квал. за СП 2010 -
10-10-2009 Даблин Ирска   2 – 2   Италија Квал. за СП 2010 -
14-11-2009 Пескара Италија   0 – 0   Холандија Пријателска -
18-11-2009 Чезена Италија   1 – 0   Шведска Пријателска 1   88'
3-3-2010 Монако Италија   0 – 0   Камерун Пријателска -   21'
5-6-2010 Женева Швајцарија   1 – 1   Италија Пријателска -   89'
14-6-2010 Кејптаун Италија   1 – 1   Парагвај СП 2010 - Прва фаза -
20-6-2010 Нелспруит Италија   1 – 1   Нов Зеланд СП 2010 - Прва фаза -
24-6-2010 Јоханесбург Словачка   3 – 2   Италија СП 2010 - Прва фаза -   67'
10-8-2010 Лондон Италија   0 – 1   Брег на Слоновата Коска Пријателска -
3-9-2010 Талин Естонија   1 – 2   Италија Квал. за СП 2012 -
7-9-2010 Фиренца Италија   5 – 0   Фарски Острови Квал. за СП 2012 -
8-10-2010 Белфаст Северна Ирска   0 – 0   Италија Квал. за СП 2012 -
12-10-2010 Џенова Италија   3 – 0 дод   Србија Квал. за Евро 2012 -
9-2-2011 Дортмунд Германија   1 – 1   Италија Пријателска -   78'
25-3-2011 Љубљана Словенија   0 – 1   Италија Квал. за Евро 2012 -
29-3-2011 Киев Украина   0 – 2   Италија Пријателска -   17'
3-6-2011 Модена Италија   3 – 0   Естонија Квал. за Евро 2012 -
7-6-2011 Лиеж Италија   0 – 2   Ирска Пријателска -
10-8-2011 Бари Италија   2 – 1   Шпанија Пријателска -   67'
2-9-2011 Торшавн Фарски Острови   0 – 1   Италија Квал. за Евро 2012 -
6-9-2011 Фиренца Италија   1 – 0   Словенија Квал. за Евро 2012 -
7-10-2011 Белград Србија   1 – 1   Италија Квал. за Евро 2012 -
11-10-2011 Пескара Италија   3 – 0   Северна Ирска Квал. за Евро 2012 -
11-11-2011 Вроцлав Полска   0 – 2   Италија Пријателска -
15-11-2011 Рим Италија   0 – 1   Уругвај Пријателска -   90+5'
29-2-2012 Џенова Италија   0 – 1   САД Пријателска -   46'   66'
10-6-2012 Гдањск Шпанија   1 – 1   Италија Евро 2012 - Прва фаза -   79'
14-6-2012 Познањ Италија   1 – 1   Хрватска Евро 2012 - Прва фаза -
18-6-2012 Познањ Италија   2 – 0   Ирска Евро 2012 - Прва фаза -   57'
28-6-2012 Варшава Германија   1 – 2   Италија Евро 2012 - Полуфинале -
1-7-2012 Киев Шпанија   4 – 0   Италија Евро 2012 - Финале -   21'
16-10-2012 Милано Италија   3 – 1   Данска Квал. за СП 2014 -
14-11-2012 Парма Италија   1 – 2   Франција Пријателска -  
7-6-2013 Прага Чешка   0 – 0   Италија Квал. за СП 2014 -
16-6-2013 Рио де Жанеиро Мексико   1 – 2   Италија Куп на конф. 2013 - Прва фаза -
19-6-2013 Ресифе Италија   4 – 3   Јапонија Куп на конф. 2013 - Прва фаза -
22-6-2013 Салвадор Италија   2 – 4   Бразил Куп на конф. 2013 - Прва фаза 1
27-6-2013 Форталеца Шпанија   0 – 0 прод.
(7 - 6 пен.)
  Италија Куп на конф. 2013 - Полфуфинале -
30-6-2013 Салвадор Уругвај   2 – 2 прод.
(2 -3 пен.)
  Италија Куп на конф. 2013 - натп. 3. место -   55'
14-8-2013 Рим Италија   1 – 2   Аргентина Пријателска -
6-9-2013 Палермо Италија   1 – 0   Бугарија Квал. за СП 2014 -
10-9-2013 Торино Италија   2 – 1   Чешка Квал. за СП 2014 1
11-10-2013 Копенхаген Данска   2 – 2   Италија Квал. за СП 2014 -
4-6-2014 Перуџа Италија   1 – 1   Луксембург Пријателска -
14-6-2014 Манаус Англија   1 – 2   Италија СП 2014 - Прва фаза -
20-6-2014 Ресифе Италија   0 – 1   Костарика СП 2014 - Прва фаза -
24-6-2014 Натал Италија   0 – 1   Уругвај СП 2014 - Прва фаза -
10-10-2014 Палермо Италија   2 – 1   Азербејџан Квал. за Евро 2016 2
13-10-2014 Та Кали Малта   0 – 1   Италија Квал. за Евро 2016 -
16-11-2014 Милано Италија   1 – 1   Хрватска Квал. за Евро 2016 -
28-3-2015 Софија Бугарија   2 – 2   Италија Квал. за Евро 2016 -  
31-3-2015 Торино Италија   1 – 1   Англија Пријателска -   72'
3-9-2015 Фиренца Италија   1 – 0   Малта Квал. за Евро 2016 -
6-9-2015 Палермо Италија   1 – 0   Бугарија Квал. за Евро 2016 -
10-10-2015 Баку Азербејџан   1 – 3   Италија Квал. за Евро 2016 -
13-10-2015 Рим Италија   2 – 1   Норвешка Квал. за Евро 2016 -
13-11-2015 Брисел Белгија   3 – 1   Италија Пријателска -   34'
17-11-2015 Болоња Италија   2 – 2   Романија Пријателска -
29-5-2016 Та Кали Италија   1 – 0   Шкотска Пријателска -
6-6-2016 Верона Италија   2 – 0   Финска Пријателска -  
13-6-2016 Лион Белгија   0 – 2   Италија Евро 2016 - Прва фаза -   65'
17-6-2016 Тулуз Италија   1 – 0   Шведска Евро 2016 - Прва фаза -
27-6-2016 Сен Дени Италија   2 – 0   Шпанија Евро 2016 - Осминафинале 1
2-7-2016 Бордо Германија   1 – 1 прод.
(6 – 5 пен.)
  Италија Евро 2016 - Четвртфинале -   120'
1-9-2016 Бари Италија   1 – 3   Франција Пријателска -
5-9-2016 Хаифа Израел   1 – 3   Италија Квал. за СП 2018 -    28', 55'
7-6-2017 Ница Италија   3 – 0   Уругвај Пријателска -   78'
11-6-2017 Удине Италија   5 – 0   Лихтенштајн Квал. за СП 2018 -
6-10-2017 Торино Италија   1 – 1   Македонија Квал. за СП 2018 1
9-10-2017 Скадар Албанија   0 – 1   Италија Квал. за СП 2018 -
10-11-2017 Солна Шведска   1 – 0   Италија Квал. за СП 2018 -
13-11-2017 Милано Италија   0 – 0   Шведска Квал. за СП 2018 -
7-9-2018 Болоња Италија   1 – 1   Полска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -     9'
10-10-2018 Џенова Италија   1 – 1   Украина Пријателска -  
14-10-2018 Хожув Полска   0 – 1   Италија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -  
17-11-2018 Милано Италија   0 – 0   Португалија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -  [105]
23-3-2019 Удине Италија   2 – 0   Финска Квал. за Евро 2020 -  
8-6-2019 Атина Грција   0 – 3   Италија Квал. за Евро 2020 -  
11-6-2019 Торино Италија   2 – 1   Босна и Херцеговина Квал. за Евро 2020 -  
7-9-2020 Амстердам Холандија   0 – 1   Италија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -     88'
14-10-2020 Бергамо Италија   1 – 1   Холандија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -  
25-3-2021 Парма Италија   2 – 0   Северна Ирска Квал. за СП 2022 -  
4-6-2021 Болоња Италија   4 – 0   Чешка Пријателска -     64'
11-6-2021 Рим Турција   0 – 3   Италија Евро 2020 - Прва фаза -  
16-6-2021 Рим Италија   3 – 0   Швајцарија Евро 2020 - Прва фаза -     26'
Вкупно Настапи (7. место) 109 Голови (49. место) 8

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 11 јуни 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2000-2001   Ливорно Ц1 3 0 КИ-Ц 1 0 - - - - - - 4 0
2001-2002 Ц1 5 0 КИ+КИ-Ц 3+5 0 - - - СИ-Ц 2 0 15 0
2002-2003 Б 6 0 КИ 1 0 - - - - - - 7 0
2003-2004 B 41 4 КИ 1 0 - - - - - - 42 4
Вкупно Ливорно 55 4 11 0 - - 2 0 68 4
2004-2005   Фјорентина А 37 3 КИ 5 0 - - - - - - 42 3
2005-2006   Јувентус А 17 0 КИ 0 0 ЛШ 6 0 СИ 0 0 23 0
2006-2007 Б 32 3 КИ 3 1 - - - - - - 35 4
2007-2008 А 30 3 КИ 2 0 - - - - - - 32 3
2008-2009 А 27 4 КИ 1 0 ЛШ 8[106] 1 - - - 36 5
2009-2010 А 32 4 КИ 2 0 ЛШ+ЛЕ 4+2 1+0 - - - 40 5
2010-2011 А 32 2 КИ 2 0 ЛЕ 9[107] 2 - - - 43 4
2011-2012 А 34 2 КИ 3 0 - - - - - - 37 2
2012-2013 А 24 1 КИ 0 0 ЛШ 8 0 SI 0 0 32 1
2013-2014 А 31 3 КИ 1 0 ЛШ+ЛЕ 5+6 0 СИ 1 1 44 4
2014-2015 А 28 0 КИ 4 1 ЛШ 12 0 СИ 1 0 45 1
2015-2016 A 24 1 КИ 4 0 ЛШ 6 0 СИ 0 0 34 1
2016-2017 А 21 2 КИ 2 0 ЛШ 9 1 СИ 1 1 33 4
2017-2018 А 26 0 КИ 4 0 ЛШ 7 0 СИ 1 0 38 0
2018-2019 А 25 1 КИ 2 0 ЛШ 6 0 СИ 1 0 34 1
2019-2020 А 4 1 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 4 1
2020-2021 А 2 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 2 0
Вкупно Јувентус 389 27 30 2 88 5 5 2 512 36
Вкупно во кариерата 481 34 46 2 88 5 7 2 622 43

Репрезентативна статиска

уреди
Обновено на 11 јуни 2019[108]
Италија
Година Настапи Голови
2004 1 0
2005 4 0
2006 1 0
2007 3 1
2008 7 0
2009 11 1
2010 10 0
2011 12 0
2012 8 0
2013 10 2
2014 7 2
2015 8 0
2016 8 1
2017 6 1
2018 4 0
2019 3 0
Вкупно 103 8

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Ливорно

уреди
2001-2002 (група А)

  Јувентус

уреди
2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
2006-2007
2014-15, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2020-2021
2012, 2013, 2015, 2018, 2020

Репрезентација

уреди
Лихтенштајн 2003
  Атина 2004
Европа 2020

Почести

уреди

  Орден за заслуги на Италијанската Република
Рим, 27 септември 2004. На иницијатива на Претседателот на Републиката.[109]

Цитати

уреди

Тој е "сила на природата", универзален играч кој би го посакал секој тренер во својот тим. Кјелини е од друга планета, тој може сам да чува три противички играчи.

Слушам дека Кјелини не е добар во играњето фудбал поради неговите нозе. Но, во одбрана тој не губи ниту еден двобој. Тој ги знае своите граници, и кога ќе излезе на теренот не се труди да покаже колку е добар туку да ја изврши задачата која му е доверена на најдобар можен начин: да не му даде никаква шанса на противникот. И во ова тој е број еден.

Против него е навистина тешко да се игра. Тој не ви остава простор. Тој не ви дозволува да дишете. Но, ми се допаѓа „Кјело“. Тој е лојален и вистински борец. Двобоите меѓу нас отсекогаш биле убави.

Да играте против Кјелини е како да сте ставени во кафез со горила и треба да му ја земете храната. Речиси невозможно е да освоите двобој еден на еден или да го минете Кјелини ако внимава на вас.

Неколкупати ме прашуваа кој е најтешкиот дефанзивец против кој сум играл? Најтешкиот дефанзивец против кого јас играв е Кјелини. Тој добро го користи своето тело и знае да се позиционира. Тој знае кога да биде груб и кога да се откаже од борбата, секогаш во вистински момент.

Наводи

уреди
  1. „Giorgio Chiellini“. juventus.com. Посетено на 13 November 2017.
  2. 2,0 2,1 „Ten of the Best Defenders in the World“. World Soccer. Посетено на 17 September 2014.
  3. „Oscar del calcio: Vidal e Pirlo sono il top. La Juve è la più forte d'Italia“ (италијански). Tuttosport. 27 January 2014. Архивирано од изворникот на 20 June 2015. Посетено на 19 June 2015.
  4. „Oscar del Calcio, dominio Juve. Buffon: "Donnarumma ha doti da grande" [Serie A Oscars, Juve dominate. Buffon: "Donnarumma has the characteristics to be great"] (италијански). La Gazzetta dello Sport. 14 декември 2015. Посетено на 14 декември 2015.
  5. „Gran Galà del calcio, la Juventus fa incetta di premi“ (италијански). Il Corriere della Sera. 31 January 2017. Посетено на 31 January 2017.
  6. Paolo Bandini (13 јуни 2016). „Giorgio Chiellini: 'I have a strong temperament but off the pitch I am more serene'. theguardian.
  7. „Parla Claudio Chiellini: "Gli alti e bassi nel calcio ci stanno. Su Spinazzola...". 19 април 2012. Архивирано од изворникот на 13 април 2013.
  8. Џорџо Кјелини. „Биографија“.
  9. „Non solo pallone, da Chiellini a Mertens: ecco i calciatori con la laurea“. 8 февруари 2019.
  10. Alessandra Gozzini (12 декември 2012). „I laureati della Serie A Chiellini tra i top cinque“.
  11. „Congratulazioni, Dottor Chiello!“. 6 април 2017.
  12. Chiellini stekao diplomu Mastera Poslovne ekonomije
  13. „Giorgio Chiellini sposa Carolina Bonistalli: il matrimonio da sogno con 250 invitati. E la festa fino a notte fonda“. 21 јули 2014.
  14. „Fiocco rosa in casa Chiellini, è nata Olivia“. 20 јуни 2019.
  15. Arturo Minervini (29 јуни 2012). „Napoli, Mazzarri sul mercato: "La società sa cosa voglio". Посетено на 29 јуни 2012.
  16. 16,0 16,1 „CALCIOMERCATO/ Juventus, Chiellini rinato come terzino. La lezione di Alessandro Del Piero...“. Посетено на 27 март 2012.
  17. Andrea Saronni (10 јуни 2012). „L'Italia c'è: 1-1 con la Spagna - Di Natale illude, pari di Fabregas“. Посетено на 11 јуни 2012.
  18. 18,0 18,1 Luca Curino (30 април 2008). „Chiellini, si parte. All'Europeo ci sei“. Посетено на 22 септември 2015.[мртва врска]
  19. Alessandro Massimo (3 декември 2013). „Gianluca Pagliuca: la mia Squadra del 2013“. Посетено на 22 септември 2015.
  20. Furio Fedele (28 октомври 2010). „Ibrahimovic ritrova la Juve: «Che duello con Chiellini»“. Corriere dello Sport-Stadio. Архивирано од изворникот на 22 септември 2015.
  21. Bandini, Paolo (13 June 2016). „Giorgio Chiellini: 'I have a strong temperament but off the pitch I am more serene'. The Guardian. Посетено на 31 January 2017.
  22. Luca Curino (30 April 2008). „Chiellini, si parte All'Europeo ci sei“ (италијански). La Gazzetta dello Sport. Посетено на 22 September 2015.[мртва врска]
  23. 23,0 23,1 „Ibra hails Chiello as toughest opponent“. Juventus Group. 28 октомври 2010. Посетено на 29 јули 2019.
  24. „Chiellini espulso con la Juventus: non accadeva dal 2007“. 28 октомври 2015. Посетено на 17 мај 2016.
  25. „Chiellini è il miglior difensore al mondo?“. 25 јануари 2019.
  26. Nick Ames (14 November 2016). „#FC100: Gerard Pique is the best centre-back in football“. ESPN. Посетено на 31 January 2017.
  27. Gregor MacGregor (18 December 2015). „The 11 best defenders in the world“. FourFourTwo. Посетено на 31 January 2017.
  28. „Barzagli, Bonucci and Chiellini – the latest Italy wall looking to deny Germany“. FourFourTwo. 1 July 2016. Посетено на 31 January 2017.
  29. Amir Rashid (5 June 2010). „Chiellini: the key to defence of Italy's crown“. The Independent. Посетено на 2 February 2017.
  30. „World Cup 2014: Italy profile – Giorgio Chiellini“. The Guardian. 2 June 2014.
  31. 31,0 31,1 „Napoli, Mazzarri:'Chiellini è di un altro pianeta' (италијански). Calciomercato.com. Посетено на 13 September 2014.
  32. Исто така некаде се среќава и како «BBBC» (БББС) вклучувајќи го и голманот Џанлујџи Буфон, cfr. Fabio Balaudo (15 јули 2016). „Juve: con Benatia si punta all'Europa?“.
  33. Paolo Menicucci (8 јуни 2016). „Chiellini e Bonucci sul trio BBC made in Italy“.
  34. „Tutti i soprannomi in casa Juve“. 9 февруари 2017.
  35. Vittorio Malagutti (7 November 2002). „La Roma ha un buco nel bilancio? Per coprirlo basta vendere 26 sconosciuti“ [Roma had hole in the budget? Sell 26 unknown is enough to cover.]. Corriere della Sera (италијански). Посетено на 2010-04-05.
  36. „Approvazione Situazione Mensile al 31 мај 2004“ (PDF). AS Roma (италијански). 30 јуни 2004. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 August 2011. Посетено на 23 September 2011.
  37. „Esplode la Fiorentina di Buso brusco risveglio per il Lecce: 4-0“. La Repubblica. 31 октомври 2004. Посетено на 31 јули 2019.
  38. „Anticipo da favola con gol e magie Tra Fiorentina e Juve finisce 3-3“. La Repubblica. 9 април 2005. Посетено на 31 јули 2019.
  39. Juventus FC [@@juventusfc] (15 октомври 2018). „75' di Juventus-Messina: Pavel Nedved lascia il campo a un giovanissimo difensore con la maglia numero 3...“ (Tweet) – преку Twitter.
  40. Riccardo Zambon (9 јануари 2011). „Qual è il ruolo di Giorgio Chiellini?“.
  41. „La Juve esce ai rigori, festa Napoli. Eliminata la Lazio, passa la Samp“. La Repubblica. 27 август 2006. Посетено на 31 јули 2019.
  42. „Festa Juve: è serie A!“. Gazzeta dello Sport. 19 мај 2007. Посетено на 31 јули 2019.
  43. „Due rigori contro non fermano la Juve, soffre con il Cagliari ma alla fine vince“. 2 септември 2007.
  44. Luca Borioni (4 октомври 2007). „Chiellini al centro di tutto“. Tuttosport. Архивирано од изворникот на 15 јули 2015.
  45. (италијански) La Juventus torna tra le grandi corrieredellasera.it
  46. (италијански) Chiellini: «Felice per il rinnovo»[мртва врска] corrieredellosport.it
  47. (италијански) Juve, una passeggiata Artmedia steso per 4–0 gazzetta.it
  48. (италијански) Chiellini infortunato: legamenti ko?[мртва врска] corrieredellosport.it
  49. Alfonso Fasano (26 април 2017). „Il culto della difesa“.
  50. „Juve Campione d'Italia, 2–0 al Cagliari. Milan ko“. tuttosport.com (италијански). Tuttosport. 6 мај 2012. Архивирано од изворникот на 6 јули 2015. Посетено на 15 април 2015.
  51. Paolo Menicucci; Ben Gladwell (9 June 2016). „Italy's 'BBC' spell out programme for solidity“. UEFA.com. Посетено на 16 June 2016.
  52. Ben Gladwell (29 June 2016). „Meet the quarter-final opposition: Italy“. UEFA.com. Посетено на 3 July 2016.
  53. 'Italy defence world's best'. Football Italia. 20 June 2016. Посетено на 3 July 2016.
  54. „Morata: Italy have best defence“. Football España. 25 June 2016. Посетено на 3 July 2016.
  55. „Supercoppa, Juventus-Lazio 4-0: gol di Pogba, Chiellini, Lichtsteiner e Tevez“. Архивирано од изворникот на 2019-08-01. Посетено на 2019-08-01.
  56. „Chiellini, 300 da Protagonista!“. juventus.com (италијански). 6 January 2014. Посетено на 15 April 2015.
  57. Stefano Cantalupi (2 мај 2015). „Sampdoria-Juventus 0-1: Vidal, è festa scudetto. La Signora cala il poker“.
  58. Filippo Bonsignore (4 јуни 2015). „Juventus, che sfortuna: Chiellini salta la finale di Champions 2015 col Barcellona. Giocherà Barzagli“.
  59. Federico Sala (14 мај 2016). „Juventus-Sampdoria 5-0: gran finale bianconero con pokerissimo“. Посетено на 21 април 2017.
  60. Jacopo Gerna (21 мај 2016). „Milan-Juve 0-1, Morata-gol: Coppa Italia ad Allegri, trionfo ai supplementari“. Посетено на 21 април 2017.
  61. Marco Fallisi (17 мај 2017). „Coppa Italia, Juve-Lazio 2-0: gol di Dani Alves e Bonucci, storico tris bianconero“.
  62. Jacopo Gerna (21 мај 2017). „Juventus-Crotone 3-0, bianconeri nella leggenda: gol di Mandzukic, Dybala e Alex Sandro“.
  63. Fabio Balaudo (22 мај 2017). „Dal 2012 al 2017: la Juve e la legge(nda) del 6“.
  64. „Real Madrid and Cristiano Ronaldo see off Juventus to win Champions League“. The Guardian. 3 June 2017. Посетено на 3 June 2017.
  65. „UEFA.com Fans' Team of the Year 2017 announced“. UEFA.com. 11 January 2018. Посетено на 11 January 2018.
  66. „Spal-Juve: Talking points“. Juventus.com. 18 March 2018. Посетено на 18 March 2018.
  67. „OFFICIAL: Juve renew Chiellini & Barzagli“. Football Italia. 29 June 2018.
  68. „Chiellini to become Juve captain“. Football Italia. 17 May 2018.
  69. „Juventus, Chiellini capitano: il club lo 'ufficializza' su Instagram“. 24 јуни 2018.
  70. Simon Burnton (16 January 2019). „Juventus 1–0 Milan: Supercoppa Italiana – as it happened“. The Guardian. Посетено на 15 May 2019.
  71. „Ronaldo hat-trick inspires Juve Remuntada“. Football Italia. 12 March 2019.
  72. „Serie A, Juve-Fiorentina 2-1: festa bianconera, ottavo scudetto di fila“. 20 април 2019.
  73. „Chiellini e Barzagli, eroi degli otto scudetti Juve“. 21 април 2019.
  74. 74,0 74,1 „Официјално мрежно место на играчот“. Посетено на 8 јули 2012.
  75. „Gli Azzurrini trionfano in Liechtenstein“.
  76. Andrew Haslam (29 јуни 2007). „Il dream team Under 21“. Посетено на 26 јуни 2008.
  77. „Non male l'Italia sperimentale Miccoli-gol per battere la Finlandia“.
  78. „Donadoni: "Serata di festa per tutti". Chiellini: "Ricorderò sempre questo gol". Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2019-08-14.
  79. „Ahiahiahi, bruttissime nuove dall'Austria: Cannavaro non ce la fa, Europei addio“. 2 јуни 2008. Архивирано од изворникот на 2018-08-14. Посетено на 2019-08-14.
  80. „Italia, che peccato!Fuori ai rigori con la Spagna“. 22 јуни 2008.[мртва врска]
  81. „Italy 0:3 Brazil“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2019-08-14.
  82. „De Sanctis, maggio e Quagliarella ai Mondiali“. Архивирано од изворникот на 2010-05-21. Посетено на 2019-08-14.
  83. „Slovacchia-Italia 3-2: addio campioni del mondo...“. Архивирано од изворникот на 10 септември 2011.
  84. „Consegnata all'UEFA la lista dei 23 giocatori convocati per gli Europei“. 29 мај 2012. Архивирано од изворникот на 24 септември 2015. Посетено на 1 јули 2012.
  85. „Recuperato Barzagli, l'Italia perde un altro centrale: infortunio muscolare per Chiellini, per il dottore "c'è preoccupazione". 18 јуни 2012. Посетено на 1 јули 2012.
  86. Германија повторно на колена пред Италија off.net.mk
  87. „L'Italia s'inchina a una grande Spagna“. 1 јули 2012. Архивирано од изворникот на 6 јули 2012. Посетено на 8 јули 2012.
  88. Massimiliano Nerozzi (14 ноември 2012). „Chiellini: "Io, capitano di tanti giovani".
  89. „Inviata alla FIFA la lista per la Confederations Cup: c'è anche Barzagli“. Архивирано од изворникот на 2013-06-08. Посетено на 2019-08-15.
  90. Riccardo Pratesi (22 јуни 2013). „Confederations, Italia-Brasile 2-4: gol di Dante, Giaccherini, Neymar, doppio Fred e Chiellini“.
  91. Riccardo Pratesi (30 јуни 2013). „Confederations, Italia-Uruguay 5-4 dopo i rigori, Buffon ne para tre, azzurri terzi“.
  92. „Chiellini-Balotelli, l'Italia al Mondiale“.
  93. Mark Doyle (8 јуни 2012). „Juventus have won the Azzurri three World Cups, now ItalJuve set their sights on the Euros“ (англиски).
  94. „Ital-Juve alla Confederation Cup“. 4 јуни 2013.
  95. Luis Suarez bites Chiellini
  96. Enrico Franceschini (22 април 2013). „Suarez 'cannibale', maxi squalifica in arrivo“. Посетено на 30 април 2016.
  97. Skillen, Charlie (27 June 2014). „Luis Suarez's ban is too harsh... I feel sorry for him, says bite victim Giorgio Chiellini“. Daily Mail.
  98. Chiellini scores all three in 2-1 win - BBC Sport BBC - пристапено 10.10.2014
  99. „Italia-Spagna 2-0, Chiellini-Pellè, festa azzurra: siamo ai quarti di Euro 2016“. Посетено на 27 јуни 2016.
  100. Mattia Fontana (2 јули 2016). „Euro 2016, Darmian tradisce l'Italia ai rigori: Germania in semifinale grazie a Neuer“.
  101. „Italia-Polonia, Chiellini leader: "Ho pensato di ritirarmi dalla Nazionale, ma sono uno dei capitani. Aiuterò i più giovani...". 6 септември 2018.
  102. „Celebrati al Quirinale i 120 anni della FIGC. Mattarella: "Fiducioso per il futuro della Nazionale". 15 октомври 2018.
  103. „Debutto in Nations League. Mancini: "Voglio un'Italia che giochi all'attacco per vincere". 6 септември 2018. Архивирано од изворникот на 2018-09-09. Посетено на 2019-08-16.
  104. „Chiellini, sono 100 presenze con l'Italia“. 17 ноември 2018.
  105. 100. настап
  106. 1 настап и еден 1 гол во третото квалификациско коло.
  107. 4 настапи во квалификациите.
  108. „Giorgio Chiellini – Convocazioni e presenze in campo“. Italian Football Federation (италијански). Посетено на 28 June 2016.
  109. „Cavaliere Ordine al merito della Repubblica Italiana Sig. Giorgio Chiellini“. Посетено на 5 април 2011.
  110. Bianconeri Zone [@@BianconeriZone] (13 август 2019). „Mark van Bommel - On Chiellini“ (Tweet) – преку Twitter.
  111. „Мората: Да играш против Кјелини е како да си во кафез со горила…“. derbi.mk. 1 септември 2017. Архивирано од изворникот на 2019-08-21. Посетено на 21 август 2019.
  112. Bianconeri Zone [@@BianconeriZone] (13 август 2019). „Harry Kane - On Chiellini“ (Tweet) – преку Twitter.

Надворешни врски

уреди
Спортски позиции
Претходник
Џанлујџи Буфон
 
Капитен на Јувентус

2018–денес
Наследник
нема