Јован Павловски (Тетово, 10 септември 1937) — македонски поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите, публицист, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во Нова Македонија, нејзин дописник од Париз и Москва [1].

Јован Павловски
Роден/а10 септември 1937
Македонија Тетово, Македонија
Занимањеписател, публицист

Живот

уреди
 
Јован Павловски и Лика Чопова (внука на Гоце Делчев)

Од 1980 до 1986 г. е вонреден професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Унивезитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Актуелен уредник на месечникот „Македонско време“ (на македонски јазик) и The Macedonian Times (на англиски јазик).

Изразит лиричар во првата збирка поезија „Август“, каде што чувствувањето на светот беше слеано со тревите, потоците, облаците, ѕвездите. Во подоцнежното поетско творештво епичар во непосреден дијалог со секојдневното, дури и со тривијалното, со минатото и историските случувања како потрага по сопствениот идентитет. Во прозата, неговата постапка ја одредуваше животниот податок и документот. Романот „Сок од простата“ го привлече вниманието како литература од типот на Хенри Милер и Буковски, во која еротското се преплетува со социјалното и политичкото. Пишува и литература за деца во која можноста за надминување на морализаторскиот принцип ја гледа во елементот на играта, која, пред сè, се остварува во јазикот. Неговата публицистика има документарен карактер со логички анализи, свртена, главно, кон самобитноста на македонскиот народ.

Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 год, во три мандати (1992-1994, 1994-1996, 2007-2008) негов претседател, член на Македонскиот ПЕН центар. Автор e на педесетина (прво издание) книги.[2] Негов син е докторот на театрологија и професор на Институтот за македонска книжевност во Скопје, Мишел Павловски.[3]

Творештво

уреди

Збирки поезија

уреди

Август (1961), Медеја (1969), Идентитет (1974), Оксидирања (1983), Прераскажување на ентитетот (1985), Строгоста на живењето (1988), Препознавање: Зрело доба (1993); Последните 48 часа на професорот по историја (1993), Стварна промена (1996), Одработен страв (1999), Кревкото тело на Кирил Пејчиновиќ ( 2000), Стравот на професорот (2001). Избори поезија: Ментален простор (1900), Повлекување на стварноста (1997), Поезија (1998), Песни, многу важни песни (избор поезија за деца, 1998).

Преводи поезија

уреди

Сретен Перовиќ: Сребрена алка (од српско-хрватски, 1969), Роберт Рождественски: Алјошкините мисли (од руски, 1989), Генадиј Ајги: Дишење на полето (од руски, 1993).

Збирки раскази

уреди

Ѕвездена прашина (1978, три изданија), Близини (1979, три изданија), Луѓе во зло време (1981, три изданија), Семејни иверки (2004).

Романи

уреди
 
Корица на Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко

Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко (1972, четири изданија на македонски, прва награда на конкурсот на ИК „Наша книга“ Скопје; Рациново признание; превод на српско-хрватски - Белград; на унгарски - Нови Сад; на руски - Минск), Сок од простата (364 страници; соавтор: Ангел Биков, три изданија, награда за најчитана книга, 1991, превод на српски - Смедерево), Проверка на слободата (награда „Стале Попов“ на ДПМ, 1998).

Повести

уреди

Тетратка прва: Диме (2005); Тетратка втора: Миша (2005); Тетратка трета: Страшо (2005).

Книги за деца

уреди

Стихови: Мишо ишо шо-о (1972, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади), На сите свететски страни само Ани, само Ани (1980, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади); Тевеѕирка (1994), Река-а-а! (1996). Проза: Блиско сонце (1972, роман, три изданија на македонски, превод: на српско-хрватски - Белград, на албански - Скопје; на руски - Москва, во зборникот „Современаја југославскаја повест“, две изданија - тираж 100.000 примероци); Значка (1978, роман, две изданија, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади).

Публицистика

уреди
 
Корица на Тетратка прва Диме

Монографија на Тетово (заедно со Живко Стефановски, 1964), Монографија на „ТЕТЕКС“ (заедно со Томе Серафимовски, 1965), Бев со нив (прва книга интервјуа во македонското новинарство, 1977, награда „Мито Хаџивасилев - Јасмин“, две изданија), „Тито во Македонија“ (1979, две изданија, награда „13 Ноември“ на град Скопје), Гемиџиите (1977), седум изданија), Од онаа страна на границата (1983), Судењата како последен пораз (1978, четири изданија, награда за публицистика „Мито Хаџивасилев - Јасмин“)[1] Архивирано на 13 октомври 2010 г., Огнено семејство (1987, пет изданија), Од првична идеја до држава (1993, соавтор: Мишел Павловски), Историскиот континуитет на името Македонија и Македонци (1993), Овде и денес - Македонија (историски практикум, две изданија, соавтор: Мишел Павловски, 2000), Факти за Македонија (2005, заедно со Мишел Павловски), Facts about Macedonia (2005, на англиски, заедно со Мишел Павловски), Македонија, минато, историја, сегашност, ИНФО (2005, заедно со Мишел Павловски, единаесет изданија за Македонија од неолитот до денес на македонски, англиски, руски, фрацуски, германски, италијански, српски (латиница), бугарски, албански, турски, грчки.

Новинарски есеи

уреди

Денес и овде (1996), Yesterday and today (соавтор Мишел Павловски, на англиски, 1996, шест изданија), Крос контри: Дневник (2002), Време минато, време сегашно, 2003).

Лексикони и енциклопедии: Личности од Македонија (Петар Карајанов, Христо Андоновски, Јован Павловски, соавтор и уредник, 2000, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Сто македонски години (група автори, соавтор и уредник, 2003, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), „Ми-анова енциклопедија, општа и македонска“, во четири тома (група автори, соавтор и уредник, 2006, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Кратка Ми-анова енциклопедија, ликовна уметност (2007, група автори, соавтор и уредник Јован Павловски), три тома од четирикнижната хронолошка енциклопедија за историјата на Македонија од неолитот до 2003 г., група автори, соавтор и уредник: Јован Павловски (Сто македонски години 1901-2003; Македонски деветнаесетти век, 1800-1901; Македонски среден век VI-XVIII век. Четвртата книга Македонска антика - во подготовка).

Енциклопедии и лексикони

уреди

(уредник, подготвил за печат): Речник на модерната економија од Д. Пирс, Џ. Кернс, Р. Елиот, Ј. Маевинчи, Р. Шо (1997, превод од англиски проф. д-р Ило Трајковски и), Блеквелова енциклопедија на политичката мисла од Дејвид Милер, превод од англиски: (1998), Концизен оксфордски речник за политиката од Ијан Маклин, превод од англиски: (1998), Оксфордски речник по социологија од Гордон Маршал, превод од англиски: (1999), Ахил Тунтев: Република Македонија - прва декада (1990-1999), (2005), Душан Бојков: Европска унија, лексикон (2007). Балкански речник (2001, речник од 1700 македонски зборови преведени на, албански, бугарски, грчки, српски, турски, англиски, руски, француски, од Славомир Маринковиќ, уредник: Јован Павловски) Избор во шест книги публицистика: Информативниот центар „Полог“ од Тетово издаде избор од публицистичка активност од Ј.П. (1977) („Судењата како последен пораз“, Бев со нив“, „Гемиџиите“, „Огнено семејство“, „Тито во Македонија“, „Кажувања“).

Во текот на 35-годишната новинарска кариера (1956 - 1994), како новинар во Радио Скопје и НИП „Нова Македонија“ објавил безброј новинарски информации, извештаи, коментари, интервјуа.

Награди

уреди

Рациново признание, „Стале Попов“, награда на КПЗ на Македонија за најчитан автор во 1991 г. , награда на Радио Скопје за најдобра годинашна книга за најмлади (трипати), „Мито Хаџивасилев - Јасмин“ за публицистика (двапати), „13 Ноември“ награда на град Скопје, Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ награда на град Тетово, Поетско жезло, признание Духовен воин, Почесен граѓанин на Радиовце, Тетовско, „Крсте Мисирков“ за животно дело, награда на НИП „Нова Македонија“ за животно дело, прва награда „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија, годишна награда на неделникот „Пулс“ (двапати), Златно перо за превод на поезијата на Ајги, Гоцева повелба.

Одликувања

уреди
  • Орден на Републиката со сребрени зраци

Извори

уреди
  1. Македонска енциклопедија
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 190.
  3. Москва и тогаш и сега – прекрасна