Робин Седерлинг

шведски тенисер

Робин Бо Карл Седерлинг (швед. изг. [ˈrɔbɪn ˈsøːdəɭɪŋ]; роден на 14 август 1984 г.) е моментално неактивен тенисер од Шведска. Тој е поранешен светски бр. 4 на АТП листата. Содерлинг играл во две последователни финалиња на Отвореното првенство на Франција во 2009 и 2010.[2] Тој во кариерата освоил 10 АТП титули, од кои една АТП Мастерс титула, на Мастерсот во Париз во 2010 година.

Робин Седерлинг
ИмеРобин Бо Карл Седерлинг
Земја Шведска
Место на живеењеМонте Карло, Монако
Роден на14 август 1984(1984-08-14)(40 г.)
Роден воТибро, Шведска
Спорт Тенис
Висина&100000000000001930000001,93 м[1]
Професионалец2001
Пензинониран(а)2011
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Заработка$10,423,124
Поединечно
Победи-порази310–170 (65.00%)
Титули10
Највисок пласманБр. 4 (15 ноември 2010)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен4К (2011)
Ролан ГаросФ (2009, 2010)
ВимблдонЧФ (2010)
УС ОпенЧФ (2009, 2010)
Други турнири
Мастерс купПФ (2009)
Олимписки игри1К (2004)
Во двојки
Победи-порази33–43
Титули1
Највисок пласманБр. 109 (9 мај 2009)
Ажурирано на: 2 октомври 2012.

Седерлинг ѝ станал познат на пошироката јавност на Отвореното првенство на Франција 2009, кога станал првиот и единствениот играч кој го победил Рафаел Надал на турнирот сè до 2015, кога истото го сторил и Новак Ѓоковиќ.[3] Од својот прв настап на турнирот во 2005, Надал немал загубено ниту еден натпревар и бил четирикратен шампион. Седерлинг потоа стигнал до финалето, победувајќи го двократниот полуфиналист Николај Давиденко во четвртфиналето и Фернандо Гонсалес во пет сета во полуфиналето. Во своето прво Гренд слем финале, тој загубил од Роџер Федерер, кој успеал да го освои единствениот Гренд слем кој му недостасува.[4] Следната година, тој вторпат последователно стигнал до финалето на турнирот. Тој забележал победа над Федерер во четвртфиналето (завршувајќи ја неговата рекордна серија од 23 последователни Гренд слем полуфиналиња). Во полуфиналето, Седерлинг во пет сета бил подобар од Томаш Бердих, но во финалето тој бил повторно поразен, овојпат од Рафаел Надал.[5]

Поради повреди и болести, Седерлинг се нема натпреварувано од јули 2011. Тој е директор на турнирот во Стокхолм, а исто така започнал и свој бренд на тениски топчиња.[6]

Личен живот

уреди

Седерлинг зборува шведски, англиски, и помалку германски јазик. Неговиот татко Бо е адвокат, а неговата мајка Брит-Ингер е домаќинка. Сестрата на Седерлинг, Сандра, е учителка.[7] Тој е оженет со Јени Монстром.[8][9] Двојката своето прво дете, ќерката Оливија, ја добиле на 12 октомври 2012 година.[10][11]

Јуниор

уреди

Седерлинг започнал да игра тенис на 5-годишна возраст. Во ноември 1998 година, на 14-годишна возраст, тој го одиграл својот прв јуниорски натпревар. Во 2000 година, тој победил на четири јуниорски турнири, а следната година освоил уште три титули, вклучувајќи ја победата на турнирот Оринџ Бол. Тој ја завршил 2001 година како четврти јуниор во светот и истата година заиграл на АТП турнирот во Стокхолм, каде на својот прв АТП натпревар забележал победа над Рамон Делгадо.

Како јуниор, Седерлинг остварил вкупен резултат од 110 победи и 31 пораз во поединечна конкуренција, и во 2002 година се искачил на 2. место на светската јуниорска ранг листа. Тој исто така бил 11 јуниор во светот во двојки.

Јуниорски Гренд Слем резултати:

  Отворено првенство на Австралија: 3. коло (2011)
  Отворено првенство на Франција: 3. коло (2002)
  Вимблдон: 2. коло (2001)
  Отворено првенство на САД: Полуфинале (2002)

Големи финалиња

уреди

Гренд слем финалиња

уреди

Поединечно: 2 (0–2)

уреди
Исход Година Гренд слем Подлога Противник Резултат
Финалист 2009 Отворено првенство на Франција Земја   Роџер Федерер 1–6, 6–7(1–7), 4–6
Финалист 2010 Отворено првенство на Франција (2) Земја   Рафаел Надал 4–6, 2–6, 4–6

АТП Мастерс финалиња

уреди

Поединечно: 1 (1–0)

уреди
Исход Година Мастерс Подлога Противник Резултат
Победник 2010 Париз Мастерс Тврда   Гаел Монфис 6–1, 7–6(7–1)

АТП финалиња во кариеарата

уреди

Поединечно: 20 (10–10)

уреди
Легенда
Гренд слем (0–2)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (1–0)
АТП 500 серија (2–4)
АТП 250 серија (7–4)
Титули по подлога
Тврда (5–6)
Трева (0–0)
Земја (2–4)
Тепих (3–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Финалист 1. 20 октомври 2003 Стокхолм, Шведска Тврда   Марди Фиш 5–7, 6–3, 6–7(4–7)
Финалист 2. 23 февруари 2004 Марсеј, Франција Тврда   Доминик Хрбати 6–4, 4–6, 4–6
Победник 1. 4 октомври 2004 Лион, Франција (1) Тепих   Ксавие Малис 6–2, 3–6, 6–4
Победник 2. 31 јануари 2005 Милано, Италија Тепих   Радек Штепанек 6–3, 6–7(2–7), 7–6(7–5)
Финалист 3. 20 февруари 2006 Мемфис, САД Тврда   Томи Хас 3–6, 2–6
Финалист 4. 18 февруари 2008 Ротердам, Холандија Тврда   Микаел Лодра 7–6(7–3), 3–6, 6–7(4–7)
Финалист 5. 25 февруари 2008 Мемфис, САД Тврда   Стив Дарсис 3–6, 6–7(5–7)
Финалист 6. 6 октомври 2008 Стокхолм, Шведска Тврда   Давид Налбандијан 2–6, 7–5, 3–6
Победник 3. 26 октомври 2008 Лион, Франција (2) Тепих   Жулијен Бенето 6–3, 6–7(5–7), 6–1
Финалист 7. 7 јуни 2009 Отворено првенство на Франција Земја   Роџер Федерер 1–6, 6–7(1–7), 4–6
Победник 4. 19 јули 2009 Баштад, Шведска Земја   Хуан Монако 6–3, 7–6(7–4)
Победник 5. 14 февруари 2010 Ротердам, Холандија (1) Тврда   Михаил Јужни 6–4, 2–0 ret.
Финалист 8. 25 април 2010 Барселона, Шпанија Земја   Фернандо Вердаско 3–6, 6–4, 3–6
Финалист 9. 6 јуни 2010 Отворено првенство на Франција (2) Земја   Рафаел Надал 4–6, 2–6, 4–6
Финалист 10. 18 јули 2010 Баштад, Шведска Земја   Николас Алмагро 5–7, 6–3, 2–6
Победник 6. 14 ноември 2010 Париз, Франција Тврда   Гаел Монфис 6–1, 7–6(7–1)
Победник 7. 9 јануари 2011 Бризбејн, Австралија Тврда   Енди Родик 6–3, 7–5
Победник 8. 13 февруари 2011 Ротердам, Холандија (2) Тврда   Жо-Вилфрид Цонга 6–3, 3–6, 6–3
Победник 9. 20 февруари 2011 Марсеј, Франција Тврда   Марин Чилиќ 6–7(8–10), 6–3, 6–3
Победник 10. 17 јули 2011 Баштад, Шведска (2) Земја   Давид Ферер 6–2, 6–2

Во двојки: 2 (1–1)

уреди
Легенда
Гренд слем (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–0)
АТП 500 серија (0–0)
АТП 250 серија (1–1)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Победник 1. 7 јули 2008 Баштад, Шведска Земја   Јонас Бјеркман   Јохан Брунстрем
  Жан-Жилијен Ројер
6–2, 6–2
Финалист 1. 19 јули 2009 Баштад, Шведска Земја   Роберт Линдстет   Јарослав Левински
  Филип Полашек
6–1, 3–6, [7–10]

Наводи

уреди
  1. „About « Robin Söderling – Official Website of Swedish Tennisplayer Robin Söderling“. Robinsoderling.se. Архивирано од изворникот на 2011-05-29. Посетено на 2011-06-18.
  2. "Greatest Upsets in Sports History" Архивирано на 6 јуни 2009 г. sportsillustrated.cnn.com. Посетено на 5 June 2009
  3. Nadal toppled from French throne - ABC News (Australian Broadcasting Corporation)
  4. Federer proves he's the greatest - ABC News (Australian Broadcasting Corporation)
  5. Nadal regains French Open crown - ABC News (Australian Broadcasting Corporation)
  6. Borden, Sam. „A Tennis Career Changeover for Robin Soderling“. New York Times. Посетено на 13 January 2015.
  7. „Fanzone " Robin Söderling – Official Website of Swedish Tennisplayer Robin Söderling“. Robinsoderling.se. Архивирано од изворникот на 2010-06-12. Посетено на 2010-06-06.
  8. „About " Robin Söderling – Official Website of Swedish Tennisplayer Robin Söderling“. Robinsoderling.se. Архивирано од изворникот на 2011-05-29. Посетено на 2010-06-06.
  9. „Robin Soderling“. Website. Архивирано од изворникот на 2016-03-16. Посетено на 13 June 2012.
  10. „Robin Soderling & Marcos Baghdatis Become Fathers“. Архивирано од изворникот на 2012-12-15. Посетено на 2015-09-17.
  11. Robin Söderling @RSoderling (Twitter)

Надворешни врски

уреди