Рој Кин
Рој Морис Кин (роден на 10 август 1971) — ирски поранешен фудбалер и менаџер. Во својата 18-годишна играчка кариера, тој играше за Коб Рамблерс, Нотингем Форест, и Манчестер Јунајтед, пред да ја прекине својата кариера во тимот на Селтик. Кин беше доминантен централен играч во халфовата линија, познат по својот агресивен и високо конкурентен стил на игра, однос, кој му помогна да стане капитен на Манчестер Јунајтед од 1997 година па сè до неговото заминување во 2005 година, откако се приклучи на клубот во 1993-тата година. Кин помогна во Јунајтед да се постигне период на постојан успех во повеќе од 12 години во клубот.
Рој Кин | |||
---|---|---|---|
Кин во 2014 | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 10 август 1971 | ||
Роден во | Корк, Ирска | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | Среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | пензиониран | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1989–1990 | Коб Рамблерс | 12 | (1) |
1990-1993 | Нотингем Форест | 114 | (22) |
1993-2005 | Манчестер Јунајтед | 326 | (33) |
2005–2006 | Селтик | 10 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
1991-2005 | Ирска | 67 | (9) |
Тренер на екипи | |||
2006–2008 | Сандерленд | ||
2009–2011 | Ипсвич Таун | ||
* Ажурирано на: 2 јануари 2012 ** Ажурирано на: 2 јануари 2012 |
Тој играше на меѓународно ниво во поголемиот дел од својата кариера, претставувајќи ја Фудбалската репрезентација на Република Ирска во текот на еден период од 14 години, од кои повеќето ги поминал како капитен. Тој играше во секој натпревар на Република Ирска на Светското првенство 1994-тата во САД, но тој исто така беше испратен дома пред почетокот на мундијалот во 2002 година по инцидентот со селекторот на репрезентацијата Мик Мекарти.
За време на неговата прва сезона како менаџер на Сандерленд, тој го преземал клубот од 23-то место во првенството за да ја освои лигата и да избори промоција во Премиер лигата. Пристигнувањето на Кин беше цитирано како катализатор за обновување на Сандерленд. Тој успеа да го спаси Сандерленд од испаѓање во сезоната 2007-08, но во неговата втора сезона како менаџер тој ја напушта својата функција во Сандерленд кога тимот се наоѓаше во зоната за испаѓање. Во април 2009 година, тој беше назначен како менаџер на Ипсвич Таун, но беше отпуштен од страна на клубот во јануари 2011 година поради слабите резултати со нив, поради кои тимот беше 19-ти во првенството.
Титули
уредиКако играч
уредиМанчестер Јунајтед
уреди- Премиер лига : 1993-94, 1995-96, 1997-98, 1998-99, 1999-2000, 2000-2001, 2002-03
- ФА Куп : 1993-94, 1995-96, 1998-99, 2003-04
- ФА Комјунити Шилд : 1993, 1996, 1997, 2003
- Лига на Шампиони : 1998-99
- Интерконтинентален Куп : 1999
Селтик
уреди- Шкотска Премиер лига : 2005-06
- Шкотски Лига куп : 2005-06
Како менаџер
уредиСандерленд
уреди- Чемпионшип лига : 2006-07