Борут Божич

словенечки велосипедист

Борут Божич (словенечки: Borut Božič; р. 8 август 1980) — поранешен словенечки професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2004-2018 година.

Борут Божич
Лични податоци
Цело имеБорут Божич
Прекар„Боржо“
Роден8 август 1980(1980-08-08)(44 г.)
Идрија, СФРЈ СФР Југославија
Висина1,80 м
Маса67 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Бахреин Викториус
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улога
  • Возач (повлечен)
  • Спортски директор
Вид на возачспринтер
Професионални клубови
2004–2006
2007
2008
2009–2011
2012–2016
2017-2018
Перутнина Птуј
Тим ЛРП
Сајкл Колстроп
Вакансолел
Астана
Бахреин-Мерида
Менаџер на клубови
2019–Бахреин-Мерида (спортски директор)
Значајни победи
Голема трка
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2009)

Етапни трки

Тур де Валони (2007)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2008, 2012)

Негови најголеми достигнувања се победите на Тур де Валони 2007, победата на првата етапа на Трката околу Полска 2009 (плус два дена во водечката маичка), победа на шестата етапа на Вуелта а Еспања 2009 и петтата етапа на Тур де Свис 2011. Божич станал професионалец во 2004.[1]

Божич сега работи како спортски директор за екипата Тим Бахреин Викториус.[2]

Ран живот

уреди

Божич започнал со велосипедизам на 10 години и покрај тоа што растел во семејство, кое не било посветено на спортот. Божич е оженет со Клеминтина и имаат еден син, Саш. Семејството престојува во Идрија, Словенија. Во текот на првите три години од неговата кариера, Божич тренирал и за скијање, иако на 24 години сфатил дека може да живее како професионален велосипедист.[3]

Професионална кариера

уреди

Божич станал професионалец во 2004 со Перутнина Птуј. Се префрлил во италијанската екипа ЛПР во 2007, но веќе следната година заминал во белгиската екипа Сајкл Колстроп. Најуспешната сезона на Божич била во 2009, негова прва со Вакансолел, кога завршил како трети на класикот Париз-Тур зад победникот Филип Жилбер и второпласираниот Том Бонен. Божич избегал со двајцата Белгијци на 7 километри пред крајот, на почетокот на Кот де л’Епан по нападот на колегата на Жилбер Грег ван Авермат. До последните 300 метри триото било заедно, кога Божич се обидел да спринта, но бил поминат од Жилбер на 150 метри пред целта и му го ускратил успехот.

По продолжувањето на неговиот договор со Вакансолел во текот на 2010,[4] Божич бил способен да продолжи со тренирање во зимата и се вратил на победничките патеки во 2010. Божич ги освоил првите две етапи на Етоал де Бесеже во Франција и завршил втор на третата. На четвртата етапа започнал како водач во генералниот пласман, но изгубил над 20 минути во однос на крајниот победник на трката Самуел Димулен. И покрај тоа, упорноста на Божич била наградена со освојување на бодовниот пласман. Следниот резултат на Божич бил 12. место на класикот Омлоп Хет Ниувсблад, каде пристигнал со групата, 18 секунди зад победникот Хуан Антонио Флеча.[5] За жал, сезоната во 2010 била прилично слава за Божич и тој не успеал да забележи голема победа како етапа на Вуелта а Еспања 2009.

 
Божич на Тур Даун Андер 2012.

Во 2011, фрустрираниот Божич продолжил да настапува, но доживеал пад на Џиро д’Италија и тоа го попречило на идните трки. Поради падовите во Италија и општиот недостиг од резултат, екипата одлучила да го смени распоредот на Божич со цел да го прилагоди на моменталната состојба. Неговиот спортски директор Жан-Пол ван Попел изјавил:

„Поради падовите, Божич нема да успее да се снајде на почетокот на Џиро и да ги постигне резултатите кон кои целеше во сезоната. Меѓутоа, по Џиро направивме планови за Божич. Одлучивме, првин да настапи на Трката околу Луксембург со цел да се спреми за трки и потоа да вози на Тур де Свис, што ќе му помогне да добие некои добри резултати за Тур де Франс.“[6]

На крај, Божич се вратил со драматична и емотивна победа на петтета победа на Тур де Свис. Таму, Божич ја поминал целта во солзи откако го следел смелиот потег на неговата италијански колега Марко Маркато во последниот километар.[7]

Бришејќи ги солзите од неговите очи додека го давал интервјуто по победата, Божич изјавил за печатот дека не можел да поверува дека триумфирал по толку долг период без голема победа:

„Мојата последна (голема) победа беше во 2009, етапата на Вуелта а Еспања и дури денес не ни очекував да биде олку добро. Му кажав на колегата Маркато да нападне во последниот километар, бидејќи се почувствував силен и доколку не може, јас ќе пробам за спринт. Имавме среќа што добро излезе. Многу ми беа тешки последните шест месеци, без победи и никогаш не се чувствував добар на велосипедот. Денес мислев дека не е мој ден, но на 50 метри пред целта бев до Фреир и го поминав во последниот можен момент“[8]

Победата на Божич му донела место во составот на Вакансолел за Тур де Франс, што за него претставувало деби на францускиот Гранд Тур. Веќе има настапено на Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.

Божич му се приклучил на Астана за сезоната 2012.[1] Во октомври 2015 година, Кофидис објавиле дека Божиќ ќе биде дел од нивната екипа за 2016 година.[9]

Достигнувања

уреди
2002
1. Критериум Медводе
1. Етапа ГП Тел
2. Етапа ГП Крањ
3. Етапа Истарски пролетен трофеј
2004
1. 2 етапи Трка околу Словенија
1. Етапа Трка околу Србија
1. Етапа Истарски пролетен трофеј
2005
1. Етапа Тур де л’Авенир
1. Краен пласман & Етапа Истарски пролетен трофеј
2. Етапа Тур де л’Авенир
2. 3 етапи Вуелта а Куба
2. Трофеј Сина Лагуна
3. Пролог Истарски пролетен трофеј
2006
1. 2 етапи Трка околу Словенија
1. 3 етапи Вуелта а Куба
1. 3 етапи Трка Олимпија
1. Етапа Сиркут де Ардени
1. Пролог, Етапа & Краен пласман Истарски пролетен трофеј
2. 3 етапи Вуелта а Куба
2007
1. ГП Крањ
1. Краен пласман Тур де Валони
1. Етапа Трка околу Ирска
2. Етапа Тур де Романди
3. Етапа Тур де Валони
2008
1.   Национален друмски првак
1. Етапа Етоал де Бесеже
1. Етапа Вуелта а Андалусија
1. Етапа Делта Тур Зеланд
2. Етапа Етоал де Бесеже
2. Критериум Медводе
3. Етапа Етоал де Бесеже
9. Париз-Брисел
2009
1. Етапа 6 Вуелта а Еспања
1. Етапа 2 Трка околу Белгија
1. Етапа 3 Трка околу Белгија
1. Етапа 1 Трка околу Полска
1. Етапа 1 Тур ду Лимузен
2. Етапа 2 Тур де Пикарди
3. Париз-Тур
3. Етапа 1 Трка околу Бенелукс
3. Краен пласман Стер Електротур
3. Етапа 4
2. Етапа 3
2010
Етоал де Бесеже
1. Етапа 1
1. Етапа 2
2. Етапа 3
Трка околу Британија
2. Етапа 4
2. Етапа 6
1. Етапа 7
2011
1. Етапа 5 Тур де Свис
2012
1.   Национално друмско првенство
2. Класика де Алмерија
2013
2. Дварс дор Вландерен
2. Гент-Вевелгем
5. Гран при де Фурмие
9. ГП Уест-Франција
2014
3. Дварс дор Вландерен
7. Е3 Харелбеке
2015
3. Национално друмско првенство
2016
5. Рут Адели

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
  Џиро СО 124
  Тур 136 129 СО 160
  Вуелта 102

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Астана потпиша со Борут Божич и Кевин Селдрејерс“. VeloNation. VeloNation LLC. 19 септември 2011. Посетено на 1 јануари 2012.
  2. „Borut Bozic si ritira e diventa ds della Bahrain Merida, che rinnova Feng e Wang“ [Borut Bozic retires and becomes DS of Bahrain Merida, which renews Feng and Wang]. Cicloweb.it (италијански). Cicloweb. 5 октомври 2018. Посетено на 1 јануари 2019.
  3. "PEZ Talk: Vacansoleil Fastman Borut Bozic," Joe Papp and Ed Hood, ''PEZCyclingNews,'' August 8, 2010“. Pezcyclingnews.com.
  4. Ричард Тајлер (26 септември 2009). „Божич го продолжи договорот со Вакансолел“. Cyclingnews.com.
  5. Brecht Decaluwé. "Flecha fires solo shot for self and Sky," Brecht Decaluwé“. Cyclingnews.com.
  6. „Борут Божич победи во тешкиот масовен спринт во Швајцарија“. Vacansoleildcm.co.uk. 15 јуни 2011.
  7. Star sprinters thwarted in Switzerland (15 јуни 2011). „Изненадувачка победа за Божич“. Skysports.com.
  8. Reuters. „Словенецот Борут Божич се расплака по победата на етапа во Швајцарија“. Guardian. Архивирано од изворникот на 2012-11-13. Посетено на 2013-03-03.
  9. „Team Cofidis Announces Its Final Roster For Next Season“. Orbea. 16 октомври 2015. Посетено на 7 ноември 2015.

Надворешни врски

уреди