Григорие Хаџи Ташковиќ
Григорие Хаџи Ташков (иќ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот клуб од Белград, главен уредник на весникот Автономна Македонија се залагал за автономна македонска држава во рамките на една балканска федерација. Еден од водачите на македонското автономистичкото движење во Србија, публицист и книжевник. Соученик и пријател на Крсте Мисирков. Бегалец од Воден во Белград и од Белград во Софија и обратно. Студент во Белград и Париз. Воспитувач и учител, а подоцна и директор на српски гимназии во Македонија (Солун, Скопје, Битола). Заедно со Георги Герџиковиќ бил обновувач на Македонскиот клуб во Белград Подоцна соавтор на Воденската декларација (јули 1918) и автор на крфската Промеморија (во две верзии, 1. и 19. IX 1918) за културно-националниот ентитет и идниот рамноправен конститутивен автономен статус на Македонија во југословенската држава [1][2].
Григорие Хаџи Ташков (иќ) | ||
Роден | 6 август 1875 Воден, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 16 август 1942 Белград, Србија |
Национални погледи
уредиХаџи Ташковиќ бил српски воспитаник. Тоа значи дека се школувал во српско училиште, но, судејќи според неговата револуциона, но и публицистичка и весникарска дејност, тој никогаш не ја прифатил србоманската идеологија и преку целиот свој живот си останал Македонец, „најчистокрвен автономист“, како што Христо Силјанов го нарекува во II том од својата книга „Ослободителните борби на Македонија":
Во Србија, имаше една група, којашто не ги сподeлуваше доминантните во српското општество чувства и погледи за македонското прашање — групата околу в. „Словенски Југ”. Имаше и една друга група од најчистокрвни автономисти — групата околу весникот „Автономна Македонија” … Таа група има трагична историја — толку трагична, колку и општата судба на сите Македонци, коишто безрезервно служеле на светлиот автономен идеал. Нејзината дејност, многушумна но кратковремена, е сврзана со имињата на двајца Македонци со српско воспитание: офицерот Георги Герџиков од Гевгелија и Глигор хаџи Ташковиќ од Воден, гимназиски учител. Ослободителното движење на бугарските (егзархиски) сотатковинци ги пленеше нивните души и ги направи протагонисти на идејата Македонија за Македонците. Герџиков беше активниот борец, а хаџи Ташковиќ, — борецот со перо и слово. За нив двајцата автономијата не беше маска за прикривање на зли замисли, ниту мамка за ловење наивници, туку свет обединителен лозунг. Ете зашто, кога видоа дека српското четништво се опира против Организацијата и се преобраќа во средство за фабрикување на „срби“ преку силата на оружјето, тие раскрстија со комитетот Атанацковиќ — Гоџевац и образуваа одделна автономистичка група. Тоа беше вистински подвиг. Во август 1905 г. Двајцата другари дојдоа во Софија и од името на групата влегоа со представителите на Внатр. Организација во преговори за взаемна дејност.[3]
Извори
уреди- ↑ Љубен Лапе, Една промеморија од 1918 г. на професорот Григорие Хаџи Ташковиќ, Прилози, ООН МАНУ, Х, 1, Скопје, 1979, 5-37;
- ↑ Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, II, Скопје, 1983, 73–144.
- ↑ Христо Силянов: „Освободителните борби на Македония“, том II, Софија, 1943, стр. 464-466.