Скијање
Скијање — вид превоз, рекреативна активност или натпреварувачки зимски спорт во кој учесниците користат скии за да се лизгаат по снегот. Повеќето видови скијање се признати од Олимпискиот комитет и од Меѓународната скијачка федерација.
Историја
уредиСкијањето има историја од скоро пет милениума.[1] Сепак современото скијање се создало во Скандинавија, но се смета дека пред 100 века се вежбала во денешна Кина, според стари цртежи.[2][3]
Зборот скијање е од норвешко потекло, но се користи меѓународно. Доаѓа од стариот норвешки збор „skíð“ што значи „одвоено парче дрво“.[4][5]
Раните скијачи користеле една долга штека или копје. Првиот опис на скијач со две штеки датира од 1741 година.[6]
Сè до средината на 19 век, скијањето се користело само за превоз, а од тогаш се смета за рекреација и спорт. Армиските скијачки трки се одржувале во 18 век во Норвешка, а скијачкото војување било изучувано при крајот на 18 век. Со развојот на опремата за скијање и со појавата на ски-лифтовите, скијањето се поделило на два типа, алпско и нордиско скијање.
Опрема
уредиОпремата која се користи за скијање вклучува:
- Скии, кои можат да имаат кожа или восок за полесно лизгање.
- Чизми и ски-спојки
- Штеки
- Кациги и скијачка облека
- Ракавици за скијање
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Formenti; и др. (2005). „Human locomotion on snow: determinants of economy and speed of skiing across the ages“. Proceedings. Biological Sciences. Proc. R. Soc. B. 272 (1572): 1561–1569. doi:10.1098/rspb.2005.3121. PMC 1559840. PMID 16048771.
- ↑ Editors (January 25, 2006). „Ancient paintings suggest China invented skiing“. China Today. Xinhua News Agency. Посетено на 2015-01-27.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ Marquand, Edward (March 15, 2006). „Before Scandinavia: These could be the first skiers“. Christian Science Monitor. Посетено на 2015-03-08.
- ↑ The cradle of skiing (Norway – the official site in the United States)
- ↑ Skiing and the Creation of a Norwegian Identity (Norway – the official site in the United States)
- ↑ Hergstrom, P (1748). Beschreibung von dem unter schwedischer Krone gehörigen Lappland. Leipzig: von Rother.