Отвори го главното мени

Аспарух (околу 640-701) е творецот и првиот владетел на Дунавска Бугарија, којшто со 30.000 до 50.000 Прабугари (Уногундури)[1][2][3] дошол од исток кон утоката на Дунав, бегајќи од Хазарите, кои ја уништиле Стара Велика Бугарија. Паисиј Хилендарски во својата историjа го споменува ханот Аспарух под името "Испор Цар", кое се разбира како погрешно читање на изразот "I SPQR Rex" [4]. Тоа е прва римска (италијанска) легија, која се наоѓала на десниот брег на Дунав или во Мезија (Северна Бугарија).[5] Затоа Паисиј го нарекува "Цар од прва италијанска легија".

KhanAsparuh.jpg
Роден ок. 640
Починал 701
краj Днепар, денес Украина

Откако ги покорил словенските племиња и ги разбил Византијците, во 681 година Аспарух ја создал првата држава на Прабугарите на Балканскиот Полуостров со седиште во Плиска, од кадешто подоцна ќе ги проширува границите на својата држава на просторот до Стара планина. Во „Именик на бугарските ханови„ Аспарух е наречен кнез, но историчарите мислат дека оригиналната титула треба да е хан. Постои една теорија според која вистинското име на бугарскиот владетел e Батај, a „Аспарух“ е грчки изговор на титула во смисла на кнез.[6] Се смета дека Аспарух загинал во борба со Хазарите.

Аспарух бил од значајниот бољарски род Дуло, а татко му бил ханот Кубрат, основачот на Стара Велика Бугарија. Според легендата Аспарух имал уште 4 браќа - потврден е само Батбајан, за Котраг се претпоставува дека доаѓа од името на прабугарското племе Котраги; наспроти хипотезите, нема никакви податоци дека Кубер и Алцек се негови браќа.

ЛитератураУреди