Том Клеверли
Томас Вилијам "Том" Клеверли (роден на 12 август 1989 година) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Вотфорд.
Том Клеверли | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 12 август 1989 | ||
Роден во | Беисингстоук, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | м | 1,75||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вотфорд | ||
Број | 8 | ||
Младинска кариера | |||
Манчестер Јунајтед | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009-2015 | Манчестер Јунајтед | 25 | (2) |
2009 | → Лестер Сити | 15 | (2) |
2009-2010 | → Вотфорд | 33 | (11) |
2010-2011 | → Виган Атлетик | 25 | (3) |
2014-2015 | → Астон Вила | 31 | (3) |
2015-2017 | Евертон | 32 | (2) |
2017- | Вотфорд | 40 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2009-2011 | Англија 21 | 22 | (0) |
2012- | Англија | 13 | (0) |
* Ажурирано на: 17 јануари 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
По стартот на неговата кариера во младинските категории на Брадфорд Сити, Клеверли му се приклучи на Манчестер Јунајтед на возраст од 12. Во периодот меѓу 2007 и 2009 година тој играше за резервниот тим на Манчестер Јунајтед, а понекогаш и во првиот тим на подготвителните натпревари пред стартот на сезоната. Клеверли беше позајмен во тимот од Лига Еден, Лестер Сити на почетокот на 2009 година, за кого го направи своето прво појавување во професионалната англиска фудбалска лига. Тој му помага на тимот да го обезбеди насловот во лига еден и промоција во Чемпионшип. Тој ја мина сезоната 2009-10 сезона во дресот на Ватфорд во чемпионшип, каде што постигна 11 гола во 33 лигашки меча и беше изгласан како нивен Играч на Сезоната. На 31 август 2010 година тој се приклучи на Виган Атлетик на позајмица до крајот на сезоната, каде што постигна 4 гола во 25 настапи и му помогна да избегне испаѓање од лигата во последниот ден од сезоната. Тој се врати во Манчестер Јунајтед за почетокот на сезоната 2011-12 и го направи своето прво официјално појавување во Комјунити Шилд мечот, против градските соперници Манчестер Сити во победата од 3-2.
Клупска кариера
уредиПочетокот на кариерата
уредиКлеварли е роден во Бејсингстоук, Хемпшир, но израснал во Брадфорд, Западен Јоркшир. Тој одел во училиштето Хансон. Исто така, тој започнал да игра фудбал во академијата на Брадфорд Сити но веќе следното лето му се приклучил на Манчестер Јунајтед на возраст од 11-години во јули 2000 година. Во текот на сезоната 2005-06, тој направил девет настапи во тимот под-18 години. Клеварли добил можност да ја почувствува атмосферата и во резервниот тим, кога на 21 февруари 2006 година тој бил повикан на клупата во победата нагости кај Евертон со 4-1. Сепак, неговиот прв настап за резервите на Јунајтед се случил речиси една година подоцна кога тој играл во ремито без голови (0-0) нагостувањето кај Болтон, во време во кое тој веќе станал стандарден првотимец во под-18 тимот. Само еден месец подоцна, тој се здобил со долгорочна повреда која го извадила од фудбалот седум месеци.
Тој се вратил во акција во октомври 2007 година, играјќи за резервите во натпреварот на домашен терен против Ливерпул што завршил нерешено 1-1. Сезона 2007-08 ја одбележува појавата на Клеверли како стандарден член во резервниот тим на Манчестер Јунајтед, за кој направил 21 настап и заедно со тимот ги освоил двете титули: Манчестер Сениор Купот и Ланкашир Сениор Купот, а во ова второто натпреварување тој постигнал и гол во финалето против Ливерпул. Тој, исто така, го постигнал својот прв гол во дресот на Манчестер Јунајтед на 23 јануари 2008 година, кога тој ги постигнал двата гола во триумфот на Јунајтед со 2-0 над Болтон во Премиер резервната лига. Неговите доследни настапи за резервите му ја донеле и капитенската лента на неговата рака кога отсуствал редовниот капитен Сем Хјусон, како и номинација за наградата Denzil Haroun-Играч на резервите на годината - но тој ја загубил од страна на Ричард Екерсли.
Како признание за неговата обемна работа во резервите, на 24 јули 2008 година, Клеверли бил повикан во првиот тим на Манчестер Јунајтед за нивната турнеја во Јужна Африка и за натпреварот против Портсмут во Нигерија. Тој го направил своето прво појавување во првиот тим против Кајзер Чифс во финалето на Vodacom Challenge 2008 турнирот, ког влегол во игра на местото на Родриго Посебон на полувремето, пред тој да го постигне третиот од четирите гола на Јунајтед во овој натпревар.
Тој се вратил на својата должност во почетниот тим на резервистите за сезоната 2008-09, но исто така бил регистриран за настап и во првиот тим каде му бил доделен дресот со број -35- кога била објавен списокот на играчи на првиот тим на 15 август 2008 година. Клеврли бил именуван на клупата за натпреварите на Јунајтед во Лига купот против Мидлзборо и против Квинс Парк Ренџерс.
Периоди на заем
уредиЛестер Сити
уредиНа 16 јануари 2009 година, Клеверли му се приклучил на Лестер Сити за остатокот од сезоната 2008-09 и го добил дресот со бр. 7. Тој дебитирал на 19 јануари 2009 година, во победа од 2-0 над Јовил Таун, влегувајќи како замена во 85-тата минута на местото на Мати Фрајат. Откако постигнал два гола во 15 натпревари за лисиците, на позајмицата на Клеверли предвреме и дошол крајот бидејќи тој претрпел повреда на рамото против Колчестер Јунајтед поради која го пропуштил остатокот од сезоната. Тој потоа се вратил во Манчестер Јунајтед на лекување и бил подложен на операција на рамото на 2 април 2009. Иако неговиот заем во тимот завршил, на Клеверли му бил доделен медал на 24 април откако Лестер станал шампион во Лига Еден и обезбедил промоција во Чемпиншип за следната сезоната.
Кон крајот на сезоната, заедно со Џејмс Честер и Кори Еванс, Клеверли бил номиниран од страна на менаџерот на резервите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солшер за наградата Denzil Haroun уште еднаш, но овојпат победник бил Честер.
Ватфорд
уредиНа 18 август 2009 година, Клеверли потпишал на заем со Ватфорд. Тој исто така беше во можност да игра за хорнетс и на гостувањето кај Нотингем Форест вечерта. Тој го започнал натпреварот и заработил жолт картон само по четири минути игра од почетокот на второто полувреме, но потоа ја запечатил победата на својот од 4-2 со гол во втората минута од судиското продолжение по истекот на регуларните 90 минути. Четири дена подоцна тој одново бил стрелец, овојпат на неговото деби пред домашната публика, постигнувајќи го вториот погодок за Ватфорд во ремито 2-2 со Блекпул. Тој станал најдобар стрелец на Ватфорд откако го постигнал вториот гол во победата со 2-0 над Престон Норт Енд во ноември. Набргу потоа, тој ја продолжил својата позајмица во Ватфорд до крајот на сезоната 2009-10. Клеверли постигнал уште пет гола во 20 настапи за Ватфорд пред да заработи поврда на лигаментите на коленото во април 2010 година, по што повторно ја завршил својата сезона предвреме Тој ја освоил наградата за Играч на сезоната на тимот.
Виган Атлетик
уредиКлеверли се вратил во Манчестер Јунајтед за почетокот на сезоната 2010-11 и патувал со тимот на нивната пред-сезонска турнеја во Северна Америка во јули 2010 година. Тој влегол како замена за Рајан Гигс на полувремето на првиот натпревар од турнејата против Селтик во Торонто, и го постигнал третиот за Јунајтед во победата со 3-1. Тој потоа го постигнал и својот втор на турнејата на 28 јули 2010 година, постигнувајќи го четвртиот гол за Јунајтед во нивната 5-2 победа над МЛС Ол-стар тимот, на асистенција на Дарен Флечер.
Иако се очекуваше Клеверли да остане во Јунајтед во текот на оваа сезона, сепак на 31 август 2010 година, тимот на Виган Атлетик потврди дека тие постигнале договор со Манчестер Јунајтед за заем на Клеверли на една сезона, со опција Манчестер Јунајтед во било кој момент да може да го прекине договорот и тој да се врати на Олд Трафорд. На 11 септември, Клеверли го направил своето деби за Виган кое исто така беше и негово деби во Премиер лигата, заменувајќи го Мауро Босели во 75 минута и асистирајќи му на Антолин Алкараз за израмнувачкиот погодок во нерешениот натпревар 1-1 дома со Сандерленд. На 27 ноември, тој го постигнал својот прв гол за клубот, исто така, својот прв гол во Премиер лигата, во поразот од 3-1 пораз нагостувањето кај Вест Хем Јунајтед. Седум дена подоцна, тој го постигнал својот втор гол за Виган и прв на домашен терен во уште еден нерешен натпревар, 2-2 против Стоук Сити. Но, откако после натпреварот уште еднаш била разгледана ситуацијата од ФА донеле пресуда, овој гол да му биде одземен на Клеверли и да биде препишан како автогол на Рори Делап. Во јануари 2011 година, Манчестер Јунајтед се согласил Клеверли да остане на заем во Виган до крајот на сезоната. На 26 декември Клеверли постигнал уште еден важен гол, во победата со 2-1 над конкурентите за опстанокот Вулверхемптон кои го носи Виган надвор од зоната за испаѓање. Клеверли беше еден од најдобрите фудбалери на Виган и ја завршил сезоната со три гола и две асистенции во 25 настапи во Премиер лигата.
Во првиот тим на Манчестер Јунајтед
уредиПензионирањето на Пол Сколс пред почетокот на сезоната 2011-12 отвори слободно место на централните позиции во средниот ред на Манчестер Јунајтед. Потенцијалот на Клеверли бил идентификуван од страна на менаџерот Сер Алекс Фергусон и тој се јавува како еден од главните кандидати за замена на Сколс. Клеверли бил пофален од страна на Фергусон откако ги одиграл комплетните 90 минути во победата над Барселона со 2-1 во претсезонски пријателски натпревар. Фергусон рекол дека Клеверли бил "најдобриот играч" на Јунајтед против Барселона и укажал дека постои голема можност тој да биде во почетните единаесет во првото коло од новата сезона во Премиер лигата 2011-12 против Вест Бромвич Албион.
Клеверли го направил своето деби во официјален натпревар за Јунајтед во comeback победата со 3-2 над градските соперници Манчестер Сити во Комјунити Шилд 2011. Тој влезе како замена во второто полувреме на местото на Мајкл Карик во момент во кој Јунајтед губеле со 2-0. Тој асистирал за израмнувачкиот гол на Нани.
Непосредно пред стартот на сезоната 2011-12 тој го променил и својот број на дресот земајќи го оној со бр. 23 кој претходно бил испразнет од страна на Џони Еванс, кој го зел дресот со број 6 по заминувањето на Вес Браун во Сандерленд. Тој го започнал својот прв Премиер лигашки натпревар за Манчестер Јунајтед на 14 август 2011 година, кога ги одиграл комплетните 90 минути против Вест Бромвич Албион во првиот натпревар од сезоната. Откако импресионирал во првиот натпревар, Клеверли го започнал во почетниот тим на Манчестер Јунајтед и вториот натпревар од кампањата против Тотенхем на 22 август, забележувајќи една асистенција. Тој го одиграл целиот натпревар против Арсенал на 28 август 2011 година во кој Манчестер Јунајтед победи со 8-2. Клеверли претрпел повреда на лигаменти во ногата откако бил фаулиран од страна на напаѓачот на Болтон Кевин Дејвис во 3 минута на следниот натпревар на Јунајтед. Подоцна било потврдено од страна на клубот дека тој ќе биде надвор од игра еден месец по повредата. Во октомври 2011 тој потпишал нов договор во важност до 2015 година. На 25 октомври 2011 година, Клеверли го направил своето враќање по повредата во натпревар од Лига Купот, во кој тие го победиле Олдершот Таун со 3-0. Тој направи уште еден настап 4 дена подоцна, нагостувњето кај Евертон во Премиер лигата. Клеверли играл многу важна улога во средниот ред, ги поврзувал одбраната и нападот и бил веројатно најдобриот играч на Манчестер Јунајтед. Тој ја напуштил играта по 57 минути поради повреда на глуждот, но неговиот настап подоцна бил поздравена од страна на неговиот менаџер, Сер Алекс Фергусон, како "извонреден".
Клеверли требало да се врати во игра за натпреварот на Олд Трафорд против Ливерпул на 11 февруари 2012 година, но останал неискористена замена. Тој на крајот се вратил на терените во натпревар од Лига Европа против Ајакс на Амстердам Арена. На 26 септември 2012 година, тој го постигна својот прв гол во дресот на Јунајтед во официјален натпревар во победата со 2-1 над Њукасл Јунајтед во Лига купот. Неговиот прв лигашки гол дошол на 7 октомври 2012 година, исто така против Њукасл Јунајтед. На 15 декември тој го постигнал својот втор гол за Јунајтед во лигата со прекрасен завршен удар од работ на шеснаесетникот во победата со 3-1 победа против Сандерленд. На 5 јануари 2013 Клеверли постигнал погодок на додавање на Хавиер Ернандес против Вест Хем Јунајтед во 3. круг на ФА Купот.
Репрезентативни настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
15-8-2012 | Берн | Англија | 2 – 1 | Италија | Пријателска | - | ||
7-9-2012 | Кишинев | Молдавија | 0 – 5 | Англија | Квал. за СП 2014 | - | ||
11-9-2012 | Лондон | Англија | 1 – 1 | Украина | Квал. за СП 2014 | - | 62' | |
12-10-2012 | Лондон | Англија | 5 – 0 | Сан Марино | Квал. за СП 2014 | - | ||
17-10-2012 | Варшава | Полска | 1 – 1 | Англија | Квал. за СП 2014 | - | ||
14-11-2012 | Солна | Шведска | 4 – 2 | Англија | Пријателска | - | 61' | |
6-2-2013 | Лондон | Англија | 2 – 1 | Бразил | Пријателска | - | 46' | |
Вкупно | Настапи | 7 | Голови | 0 |
Статистика на кариерата
уредиТреба да се замени
Занимливости
уредиФудбалери на Манчестер Јунајтед на заем кај Лестер Сити
уреди- Том Клеверли
- Мајкл Кин
- Џеси Лингард
Титули
уредиЛестер Сити
уреди- Лига Еден (1) : 2008/09
Манчестер Јунајтед
уреди- ФА Комјунити Шилд (1) : 2011
Надворешни врски
уреди- Profile на ManUtd.com
- Profile Архивирано на 5 октомври 2011 г. на LCFC.com
- Profile Архивирано на 5 октомври 2011 г. на watfordfc.com
- Том Клеверли на soccerway
Нотес
уреди