Евдокија Фотева - Вера
Евдокија Фотева - Вера исто и Евдокија Балева-Николова (Д’мбени, Костурско, Грција, 2 август 1926 - Скопје, 10 март 2011) — македонска револуционерка, борец и дел од комунистичкото движење од Егејска Македонија.[1]
Евдокија Фотева - Вера | ||
Родена | 2 август 1926 Д’мбени, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починала | 10 март 2011 Скопје, Македонија | (возр. 84)|
Позната | партизанка | |
Сопружник | Минчо Фотев |
Животопис
уредиРани години
уредиЕвдокија Фотева (моминско презиме, Балева) е родена на 2 август 1926 во село Д’мбени, Костурско. Нејзини родители биле Никола Балев и Невена Мангова, и двајцата од фамилии со револуционерна традиција. Нејзиниот татко уште на нејзини неполни три години заминал на печалба во Канада, по што грижата за неа паднала на нејзината мајка. Основното училиште го завршила во Д’мбени, а после положувањето на прогимназискиот курс се запишала во прва година гимназија во Костур.
Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција
уредиОрганизирана е во КПГ од 1941 година. Учесник во НОБ на Грција, партизан во СНОФ. Во партизанските редови стапува во 1944 година, во месец април, и набргу станува заменик комесар на чета во Првата егејска ударна бригада. Во 1945-1946 година е секретар на Околискиот одбор на НОФ, а од 1947 година е секретар на Главниот одбор на АФЖ на Македонките од Егејска Македонија.[2] Во октомври 1947 година е избрана за потпретседател на ПДЕГ (Сегрчкиот демократски сојуз на жените), како претставник на АФЖ.[3]
Во советските затвори и логори
уредиПо поразот на ДАГ била обвинета од КПГ за „агент на меѓународната реакција“ и спроведена во советските затвори и логори (Љубјанка, Лефортово и Буртика).
Во 1952 година недокажано била осудена на 8 години во логорите за принудна работа во Сибир. Во 1955 година била ослободена, но наместо за Македонија била испратена во Алма-Ата, Казахстан.
Враќање во Македонија
уредиВера Фотева зборува за групата „Костурчанки’ во која и самата учествувала |
По ослободувањето од логорот во летото 1956 година се вратила во НР Македонија. Заедно со други жени од Костурско ја формирале пејачко-фолклорната група „Костурчанки“, со цел да се зачуваат македонските песни од костурскиот крај.
Мисли на Вера Фотева
уредиЉубовта е свето нешто. Од љубов и за љубов сè се прави. Повозвишено од љубовта единствено е татковината. Без слободна татковина љубовта не може да дојде до нејзиниот вистински израз.
Творештво
уреди- Евдокија Фотева-Вера „До пеколот и назад“, Скопје, 2004
- Евдокија Фотева-Вера „Патот за дома“, Скопје, 2011