Риза Идризи (алб.: Riza Idrizi; с. Мерово, Тетовско, 11 август 1928) бил учесник во НОАВМ во 1944 и член на КПМ од 1946 година[1].

Животопис

уреди

Идризи е роден во тетовското село Мерово на 11 август 1928 година. Завршил виша управна школа. Бил секретар на Околискиот комитет на Народната младина во Тетово, управник на ХЕЦ „Маврово“, шеф на одделение во Фабриката „Тетекс“ во Тетово, шеф на месна канцеларија и правник во филијалата на „Жито Македонија“ во Тетово. Подоцна бил пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ во 1970 година, член на Одборот за општественополитички систем и член на Одборот за народна одбрана.

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија. I (прво. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 593. ISBN 978-608-203-024-1.