Мексикански Залив

(Пренасочено од Мексиканскиот Залив)

Мексикански Залив — водна површина речиси целосно опкружена со копно и со област на континентален подводен гребен, која е богата со јаглеводород и широка од 40 до 320 км. Со континенталниот подводен гребен се граничи крајбрежната зона на мангрови мочуришта, мочуриштата на приливот, плажи, лагуни и широки утоки. Струјата со топла вода влегува во Заливот од соседното Карписко Море преку каналот Јукатан на југоисток. Од него водата излегува низ протокот Флорида во Атлантскиот Океан на исток и ја создава Голфската Струја. Мексиканскиот Залив е центар на голема риболовна индустрија која се заснова на ракчињата, но и на црвената риба Lutjanus campechanus. Во последно време претераното растењт на планктонот ја загорзува индустријата во северните делови на Заливот, бидејќи доаѓа до намалување на нивото на кислород во водата. Се смета дека причина е големото истекување на нитратни ѓубрива од копното.

Карта на Мексиканскиот Залив
Cantarell