Едвин Остин Аби (1 април 1852-1 август 1911) — американски уметник, илустратор, и сликар. Најпознат е по своите графици на сликите за Шекспировите ликови во викторијанските времиња. Неговото најпознато дело е Светиот Грал, кое што сега е изложено во библиотеката во Бостон.

Едвин Остин Абел
Едвин Остин Абел, ц. 1870
Роден(а)април 1, 1852(1852-04-01)
Филаделфија, Пенсилванија, САД
Починал(а)август 1, 1911(1911-08-01) (возр. 59)
Лондон
НационалностАмериканец
ОбразованиеАкадемија на уметностите во Пенсилванија
Познат(а) поСликарство

Едвин Остин Аби е роден во Филаделфија, Пенсилванија, каде што потоа се сели во Англија во 1878 година. Аби станува полноправен член на кралската академија на уметонсти во 1898. Во 1902 година е избран да наслика слика со тема Крунисувањето на Едвард VII. Тоа дело станува официјална слика на настанот и денес е изложена во Бакингемската палата. Во 1907 година, одбива да го поврати своето државјанство како американски граѓанин. Тој имал многу добри пријателства со американските сликари како што се: Џон Сингер Санџер и Франк Милет.

Завршува мурали во Бостонската јавна библиотека во 1890-те. Од 1908-1909, Аби слика повеќе мурали и остварува повеќе уметнички дела во Пенсилванија. Повеќето теми за зградите биле алегорични и претставувале симболи на Науката, Уметноста, Правдата и Религијата.

Наскоро Аби е избран за Националната Академија за дизајн и Американската академија на уметонсти. Во 1937 година, Универзитетот Јеил во САД станува дом за многу од неговите значајни дела.

Делата на Едвин Остин Аби

уреди

Надворешни врски

уреди