Романија (романски: România [romɨˈni.a] ( слушнете)) — земја во Југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт.

Романија
România  (романски)
Знаме Грб
ХимнаDeşteaptă-te, române!
Разбудете се, Романци!


Местоположбата на  Романија  (темнозелена) – на Европскиот континент  (светлозелена и темносива) – во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Романија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (светлозелена и темносива)
– во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Романија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (светлозелена и темносива)
– во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Букурешт
44°25′N 26°06′E / 44.417° СГШ; 26.100° ИГД / 44.417; 26.100
Службен јазик Романски1
Народности (2011)
Демоним Романци

(Романец/Романка)

Уредување Унитарна претседателска република
 •  Претседател Клаус Јоханис
 •  Премиер Марсел Чиолаку
Основање
 •  Трансилванија 10 век 
 •  Влашка 1290 
 •  Молдавија 1346 
 •  Прво обединување 1599 
 •  Преобединување на Влашка и Молдавија 24 јануари 1859 
 •  Прогласена за независна 13 јули 1878 
 •  Обединување со Трансилванија 1 декември 1918 
пристапила во ЕУ 1 јануари 2007
Површина
 •  Вкупна 238,391 км2 (82)
 •  Вода (%) 3
Население
 •  проценка за 2023 г. 19,051,562[1] 
 •  Попис 2011 20,121,641[2] 
 •  Густина 84.4 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2023 IMF г.
 •  Вкупен $780.797 милијарди[3] (36та)
 •  По жител $41,029[3] (50та)
БДП (номинален) проценка за 2023 г.
 •  Вкупно $213.891 милијарди[3] (44та)
 •  По жител $18,413[3] (56та)
Џиниев коеф. (2021) 34.3[4]
среден
ИЧР (2021) 0.821[5]
многу висок · 53та
Валута Леа (L)2 (RON)
Часовен појас EET (UTC+2)
 •  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .ro .eu
Повик. бр. 40
1 Други јазици како унгарски, германски, турски, кримскотатарски, грчки, ромски, хрватски, украински и српски, се службени на одредени локални области.
2 Романска војна за независност.
3 Берлински конгрес.

Членка е на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија. Полноправен член е од 1 јануари 2007, заедно со Бугарија.

Романија се смета за латински остров во океанот од Словени. Името на оваа земја потекнува од името на градот Рим (Рома), или од името на Источното Римско Царство.

Потекло на поимот

уреди
 
Писмото на Њакшу од 1521 година, претставува најстариот зачуван документ напишан на романски јазик.

Името Романија доаѓа од романскиот збор роман (român) кој пак потекнува од латинскиот назив Romanus, и во превод значи „граѓанин на Рим“[6]. Во 16 век италијанските хуманисти кои патувале во Трансилванија, Молдавија и Влашка нагласиле дека населението се нарекува „Романи“[7][8][9][10]. Првиот документ напишан на романски јазик било писмото Њакшу каде за првпат во пишана форма се употребува зборот „романски“[11].

Двете правописни форми: роман и руман биле користени наизменично сè додека социолингвистичките случувања во доцниот 17 век довеле до семантичко диференцирање на двете форми. По укинувањето на крепосништвото во 1746 година, зборот rumân постепено испаднал од употреба и правописот се стабилизирал во форма на роман. Тудор Владимиреску, револуционерен водач на почетокот на 19 век, го употребил терминот Руманија кој термин се однесувал единствено за Кнежевство Влашка[12].

Употребата на името Романија како термин кој се однесува на заедничката татковина на сите Романци за првпат било документирано во почетокот на 19 век. Името официјално се користи од 11 декември 1861 година[13].

Историја

уреди

Дакија

уреди

Територијата на денешна Романија низ раната историја била на неколкупати населувана од страна на најразлични племиња како Даките, Гетите и голем број на индоевропски племиња. Во 106 година Дакија била заземена од страна на римскиот цар Трајан. Според романските историчари, романскиот етнос настанал се мешањето на Даките и римските колонисти по долината на река Дунав. Романскиот етнос се создавал паралелно со влашкиот. Постојат мислења според кој романскиот народ настанал со мешање на еленизираните Траки и нивната романизација, Авари, Кумани, итн.

Трансилванија во текот на својата историја била „во срцето“ на Кралство Дакија (82 п.н.е.-106). Во 106 година била освоена од страна на Римјаните, а нејзините богатства целосно експлоатирани. Кога Римјаните се повлекле во 271 година, територијата била изложена на различни влијанија од различни племиња. Во следните години, оваа област била под контрола на дакиското племе Карпи, Визиготи, Хуни, Гепиди, Авари и Бугари. По романизацијата на овие простори, дакиските племиња и народи започнале да се предвижуваат кон југ. Така, главниот карактер на населението бил формиран со мешењето на Дакиските народи и Римјаните заедно со нивните култури.[14] Сепак, денес историчарите водат сѐ уште дебати околу карактерот на областа пред таа да биде освоена од страна на Унгарците.

Среден век

уреди

Историјата на Романија во средниот век започнува со повлекувањето на Монголците, последното население што мигрирало поради напади и освојување на територијата на денешна Романија во 1241-1242 година. Трите територии кои денеска ја сочинуваат Романија (Влашка, Молдавија и Трансилванија) биле обединети во времето на Михаил Храбриот (1593-1601).

Во поголемиот дел од овој период, Банат, Кришана, Мармарош и Трансилванија - денес региони во Романија западно од Карпатите, биле дел од Кралство Унгарија. Тие биле поделени во неколку видови административни единици, како окрузи или места. На чело на секој регион се наоѓал кралски официјален претставник наречен војвода. Во кралството, романските селани, како православни, биле ослободени од десетокот, црковен данок што требало да го плаќаат сите римокатолички христијани. Сепак, романските благородници полека ја изгубиле способноста да учествуваат во политичкиот живот, бидејќи монарсите од 14 век воделе погрешна политика. Нивната позиција станала уште полоша по 1437 година, кога била формирана таканаречената Унија на три нации, сојуз на унгарските благородници, Секели и Саксонци, со цел да го уништат Трансилваниското востание.

 
Басараб I

Влашка, првата независна средновековна држава помеѓу Карпатите и долниот дел на Дунав била создадена кога Басараб I (1310-1352) ја прекинал сизаренството на унгарскиот крал со неговата победа во Битката кај Посада во 1330 година. Независноста на Молдавија, на исток од Карпатите, го постигнал Богдан I (1359-1365), благородник од Мармарош, кој го предводел револтот против поранешниот владетел кој бил назначен од унгарскиот монарх. Меѓутоа, независноста на двете кнежевства била ретко безбедна, а вазалството кон повеќе држави станало важен аспект на нивната дипломатија. Иако Влашка оддала почит на Отоманското Царство во 1417 година и Молдавија во 1456 година, нивните два средновековни монарси, Мирчо Стариот од Влашка (1386-1418) и Стефан III од Молдавија (1457-1504) спровеле успешни воени операции против Отоманските Турци. Трговијата на двете кнежевства со другите делови на Европа започнала да се намалува по последните децении на 15 век. Пред тоа, продажбата на кожи, жито, мед и восок на Светото Римско Царство, Венеција и Полска, како и увозот на свила, оружје и други произведени стоки од овие области, биле широко распространети, но до крајот на 16 век Отоманското Царство станало главен пазар за романските производи.

Трансилванија, заедно со соседните земји, добила статус на автономна држава под османлиски владетел откако централните територии на Кралство Унгарија биле припоени од страна на Османлиите во 1541 година. Падот на царството, исто така, им ја одзело власта Валашко и Молдавија на нивниот главен сојузник во борбата против Отоманското Царство. Во 1594 година, Михаил Храбриот се приклучил на анти-отоманската алијанса иницирана од папа Климент VIII. По серијата победи над Османлиите, тој се сврте кон Трансилванија и Молдавија, каде владееле про-полски и про-османлиски кнезови. Тој ја нападнал и окупирал Трансилванија во 1599 година и Молдавија во 1600 година. Иако сојузот на трите земји се распаднал четири месеци подоцна, тој служел како идеал за подоцнежните генерации кои работеле за обединување на териториите што сега ја формираат Романија.

Османлиско Царство

уреди

Стратешката положба на кнежевствата Молдавија и Влашка во долниот тек на реката Дунав и на планинскиот превез на Карпатите овозможувале големи предности при паѓањето им во склопот на Османлиското Царство. Бидејќи се наоѓале на север од Балканот, Влашка дури на почетокот од 15 век, а Молдавија на крајот од 15 век станале обврзници да ѝ плаќаат даноци на Османлиското Царство, а веќе на почетокот на 16 век биле анектирани. До средината на 19 век, службено писмо во Влашка било кириличното писмо. Во 1861 година била воведена латиницата.

Во првите години на 19 век, со Влашка и Молдавија сè уште владееле фанариотите, кои биле зависни од султанот а управувањето на дунавските кнежевства го гледале преку лично збогатување. Во 1816 година кнез на Влашка бил Александар Суцу кој во Букурешт пристигнал со повеќе од 800 луѓе, а во Молдавија кнез бил Михаил Суцу. Корупцијата, грабежите и интригите биле секојдневие во политичкиот живот на кнежевствата. Поради тоа фанариотите предизвикале незадоволство и омраза во сите слоеви на романското општество.

Во овој период селското стопанство било директно поврзано со феудалните болјари а монополот го спречувал развојот на земјата. Додека на султанот не му била испорачана бараната количина на храна или други стоки, никој немал право да тргува слободно. Од друга страна пак, во двете кнежевства имало доста несогласувања и меѓу болјарите и фанариотите. Во 1821 година постоеле три политички сили: фанариоти (грчко население испратено од султанот да управува со земјата), болјари (сакале локално управување под заштита на османлискиот султан или рускиот император) и селаните кои биле најмногу изложени на даноци, угнетување и слично.

Во ваква состојба на кнежевствата во 1821 година избувнало востание во Влашка на чело со Тудор Владимиреску, болјарин и учесник во Руско-турската војна (1806-1812). Кон востанието се вклучиле главно селското население а до март 1821 година, нивните сили изнесувале до 60,000 војници. Но кога започнал нападот кон Букурешт, селаните ги нападнале болјарските имоти по кое тие започнале да бегаат кон Трансилванија, а Владимиреску неуспешно се обидувал да воведе ред и своите борби да ги насочи единствено кон фанариотите.

Во април 1821 година неговите сили влегле во Букурешт. Во исто време од Молдавија се движеле силите на Ипсиланти (член на Филики етерија, тајна грчка организација за борба против Османлиите). Османлиските власти сакале од Владимиреску или да се воздржат од борби или да станат сојузници на османлиските сили против етеристите на Испиланти. Целиот хаос завршил со убиство на Владимиреску, распаѓање на неговата армија и разгром на етеристите. Османлиското Царство успеала да го задуши востанието а бил ставен и крај на фанариотското господарство во двете кнежевства. По крајот на востанието Русија започнала голем притисок за повлекување на османлиските сили во кое и успеала, а самите фанариоти биле исклучени од сите граѓански и црковни служби и биле заменети со романски. За нов кнез на Влашко бил избран Ѓорѓи Гика, а во Молдавија бил поставен Јон Струдза.

Независност

уреди

По крајот на Кримската војна, австрискиот режим станал омразен меѓу населението бидејќи бил потиснат материјалниот и политичкиот живот. Во мировните преговори меѓу Големите сили било одлучено замена на рускиот протекторат со колективен протекторат на земјите кои го потпишале договорот. Во исто време романските емигранти во Париз започнале се појасно да го поставуват прашањето за обединување на двете кнежевства. На едната страна застанале Австрија и Османлиското Царство заедно со Англија која била во добри трговски односи со Истанбул. Од друга страна била Франција која не сакала Русија да излезе во своите сфери на влијание на Балканот, Средоземјето и Мала Азија како и Русија која проценила дека едно соединување ќе доведе до слабеење на позициите на Османлиите. Најголема улога во обединувањето на двете дунавски кнежевства имале емигрантите во Западна Европа, посебно во Франција која не се спротивставувала на обединувањето.

По крајот на конгресот, австриските сили се повлекле од двете кнежевства а во 1857 година биле спроведени успешни избори за обединување на двете кнежевства. На конвенцијата од 7 август 1858 било изгласено да се зачуваат двете кнежевства како одделни но со право да основат заеднички управни органи. Во 1861 година Александар Јон Куза го објавил соединувањето на двете кнежевства иако тие сè уште биле вазални на Османлиското Царство. Во 1861 година во османлиската престолнина била свикана меѓународна конференција која го признала официјално соединувањето на двете кнежевства под името Романија и како вазална земја на Османлиите била до Берлинскиот конгрес.

Во текот на Балканските војни, Романија ја принудила на Бугарија да ја предаде Силистра. По ова, Романците навлегле длабоко кон внатрешноста на Бугарија. Романија излегла како победник и Бугарија била принудена да и ја отстапи Добруџа.

Прва светска војна

уреди
 
Маршалот Жозеф Жофер ги проверува романските трупи, 1916 година

Романија била во сојуз со Централните сили од 1882 година. Меѓутоа, кога започнала војната, таа ја прогласила својата неутралност, тврдејќи дека поради тоа што Австроунгарија самата објавила војна против Србија, Романија немала никаква обврска да се приклучи на војната. Кога властите на Антантата ја ветиле Трансилванија и Банат, големи територии на источна Унгарија, во замена за објавувањето на војната во Романија на Централните сили, романската влада се откажала од својата неутралност. На 27 август 1916 година, романската армија започнала напади врз Австроунгарија, со ограничена поддршка од Русија. Романската офанзива првично била успешна, против австроунгарските трупи во Трансилванија, но контранападт од страна на силите на Централните сили ги приморало да се вратат назад[15]. Како резултат на Битката кај Букурешт, Централните сили го окупирале Букурешт на 6 декември 1916 година. Борбата во Молдавија продолжила во 1917 година, што резултирала со скап ќор-сокак за Централните сили[16][17]. Руското повлекување од војната кон крајот на 1917 година како резултат на Октомвриската револуција значело дека Романија била принудена да потпише примирје со Централните сили на 9 декември 1917 година.

Во јануари 1918 година, романските сили воспоставиле контрола врз Бесарабија, додека Руската армија ја напуштила провинцијата. Иако договорот бил потпишан од страна на романската и болшевичката руска влада по разговорите помеѓу 5 и 9 март 1918 година за повлекување на романските сили од Бесарабија во рок од два месеци, на 27 март 1918 година Романија ја анкетирала Бесарабија како нејзина територија, формално врз основа на усвоената резолуција од страна на локалното собрание на таа територија по нејзиното обединување со Романија[18].

 
Романски војници за време на Битката кај Марашешти , 1917

Романија официјално постигнала мир со Централните сили со потпишување на Договорот од Букурешт на 7 мај 1918 година. Според тој договор, Романија била обврзана да стави крај на војната со Централните сили и да направи мали територијални отстапки кон Австроунгарија, отстапувајќи контрола врз некои територии во Карпатите и да им додели отстапки за нафта до Германија. Во замена, Централните сили го признале суверенитетот на Романија над Бесарабија. Договорот бил отфрлен во октомври 1918 година од страна на владата на Александру Маргиломан, а Романија номинално повторно влегла во војната на 10 ноември 1918 година. Следниот ден, Букурешкиот договор бил поништен според условите на примирјето на Компиен[19][20]. Вкупните романски смртни случаи од 1914 до 1918 година, воени и цивилни, во рамките на современите граници, се проценети на 748.000[21].

Втора светска војна

уреди
 
 
Романија во 20 век.

Романија во текот на Втората светска војна била на страната на Силите на оската. Во 1941 година, нејзините војски се приклучиле кон оние на Нацистичка Германија за походот кон СССР односно во Битката кај Сталинград. Бесарабија повторно ѝ била вратена на Романија. На 23 август 1944, романскиот крал Михаил I, поддржан од романската армија и Советскиот Сојуз го симнал од власт романскиот диктатор Јон Антонеску, уште попознато како романскиот државен удар од 1944 предводен од страна на кралот Михаил I. По ова, Романија преминала на страна на Сојузниците

Комунистичка Романија

уреди

По крајот на Втората светска војна, Бесарабија била повторно вратена на СССР, од чија територија се создала Молдавска ССР. На 10 декември 1947 година Романската комунистичка партија ја зазела власта во Букурешт. Во периодот на комунизмот, Романија била под целосно влијание на СССР. Во 1965 година на чело на државата дошол Николае Чаушеску. Неефективната стопанска политика довела до банкрот на државните резерви. Во 1981 година Романија била определена како некредитоспособна држава. Во 1972, Чаушеску започнал програма на систематизација. Таа била претставена како програма за градење на „повеќестрано развиено социјалистичко општество“. Програмата за уривање и повторно изградување почнала по селата, но го достигнала својот врв со обидот целосно да го преобликува главниот град. Повеќе од една петтина од средиштен Букурешт, вклучувајќи цркви и историски градби, била срушена во 1980-тите, со цел да се прегради градот во негов сопствен стил. Зградата на парламентот денес е втората најголема градба, после Пентагон. Чаушеску исто така имал намера да ископа многу села со цел да ги премести селаните во блокови со станови по градовите, како дел од неговата „урбанизациска“ и „индустријализациска“ програма.

Падот на комунизмот

уреди

По паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, во Букурешт избувнале големи демострации за поголеми права и слобода на романскиот народ. Диктаторот Чаушеску, заедно со неговата сопруга Елена биле фатени во бегство и заробени на 25 декември 1989 година. Набргу биле стрелани.

По ова, во Романија била воведена демократијата. Во 2004 година се приклучила кон НАТО пактот. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија го потпишала договорот за членство во Европската Унија, а во 2007 година пристапила кон унијата.

Географија

уреди
 
Физичка карта на Романија.

Со површина од 238.391 квадратен километар, Романија е најголема држава во југоисточна Европа и дванаесетта најголема држава во Европа[22]. Карпатите доминираат во центарот на Романија, со 14 планински масиви што достигнуваат над 2.000 метри, од кои највисокиот е Молдовјану на 2.544 метри.

Околу 47% од површината на земјата е покриена со природни и полуприродни екосистеми[23]. Заштитените области во Романија опфаќаат скоро 10,000 км2 (околу 5% од вкупната површина) кои покриваат 13 национални паркови и три резервоари на биосферата[24].

Реката Дунав формира голем дел од границата со Србија и Бугарија и се влева во Црното Море, формирајќи ја Делтата Дунав[25], која е втора по големина и најдобро зачувана делта во Европа. На 5.800 км2[26], делтата на Дунав е најголемото континуирано мочуриште во Европа[27], и поддржува само 1.688 различни растителни видови[28].

Романија има една од најголемите области на недопрена шума во Европа, која опфаќа скоро 27% од територијата[29]. Во земјата се идентификувани околу 3.700 видови на растенија, од кои до денес се прогласени за природни споменици, 74 исчезнати, 39 загрозени, 171 ранливи и 1.253 ретки[30].

Фауната на Романија се состои од 33.792 видови на животни, 33.085 безрбетници и 707 ’рбетници[30] with almost 400 unique species of mammals, birds, reptiles, and amphibians,[31], со скоро 400 уникатни видови на цицачи, птици, влекачи и водоземци, вклучувајќи околу 50% од кафеавите мечки во Европа (без Русија[32]) и 20% од неговите волци[33].

Клима

уреди

Поради својата оддалеченост од отворено море и позиција на југоисточниот дел на европскиот континент, Романија има умерена и континентална клима, со четири различни сезони. Просечната годишна температура е 11 °C на југ и 8 °C на север[34]. Во лето, просечните максимални температури во Букурешт се искачуваат на 28 °C, а температуре над 35 °C се прилично вообичаени во пониските области на земјата[35]. Во зима, просечната максимална температура е под 2° С. Врнежите се просечни, со над 750 мм на годишно ниво само на највисоките западни планини, додека околу Букурешт се спушта на приближно 570 мм.

Демографија

уреди
 
Демографија на Романија

Во Романија има 20 етнички малцинства, на кои им се загарантирани сите права според меѓународните конвенции. Меѓу другото, на секое од нив Уставот им гарантира по едно пратеничко место во романскиот парламент. Меѓу признатите малцинства во Романија се и Македонците. Романија отсекогаш имала мегаломански ставови спрема ароманското (влашкото) население на Балканот, а овие ставови остануваат непроменети до денес. Имено, иако Романија ги „признава“ Ароманците исклучиво како Романци, од своја страна не им ги признава нивните основни права. Романија има 21.698.181 жители.

Јазик

уреди

Службен јазик во Романија е романскиот јазик, дел од романските јазици. Јазикот го зборуваат околу 91% од населението. Покрај романскиот, поголеми малцински јазици во Романија се унгарски јазик и ромски јазик.

Религија

уреди
 
Митрополскиот собор во Јаш е најголемата православна црква во Романија.
Религија во Романија
Религија Процент
(попис 2011)
Православие
  
87,9 %
Римокатолицизам
  
4,7 %
Друго
  
7,4 %

Романија е секуларна држава и нема национална религија. Најголема религиска организација е Романската православна црква во која членуваат околу 86,7% од романското население. Покрај православието, други позначајни религии се католицизмот со 4,7% и протестантството со 3,7%. Во Романија живее и мало турско население кое е дел од исламската религија.

Македонците во Романија

уреди

Денес во Романија живеат околу 15 000 Македонци, населени во различни делови на земјата (Добруџа, Долж...). Тие се потомци на доселеници од Македонија, дојдени во различно време и од сите делови на етничка Македонија. Оние, чии предци дошле пред повеќе векови, знаат само дека се од Македонија, на пример, од Пиринско, Прилепско или од други делови на Македонија. Потомците на подоцна доселените си го знаат и точното место (град или село) на потекло.

Во Романија не е дозволено формирање на политички организации на етничка основа, но затоа Македонците имаат свој претставник во парламентот.

Тие се организираат и преку „Друштвото на Македонците во Романија“ (Asociatia Macedonenilor din Romania).

 
Најголеми градови во Романија
попис 2011[36]
Бр. Округ Нас. Бр. Округ Нас.
 
Букурешт
 
Клуж-Напока
1 Букурешт Букурешт 1,883,425 11 Браила Браила 180,302  
Темишвар
 
Јаш
2 Клуж-Напока Клуж 324,576 12 Арад Арад 159,704
3 Темишвар Тимиш 319,279 13 Питешт Арџеш 155,383
4 Јаш Јаш 290,422 14 Сибиу Сибиу 147,245
5 Констанца Констанца 283,872 15 Бакау Бакау 144,307
6 Крајова Долж 269,506 16 Т’ргу Муреш Муреш 134,290
7 Брашов Брашов 253,200 17 Баја Маре Марамуреш 123,738
8 Галац Галац 249,342 18 Бузау Бузау 115,494
9 Плоешт Прахова 209,945 19 Ботошан Ботошан 106,847
10 Орадја Бихор 196,367 20 Сату Маре Сату Маре 102,441

Политички систем

уреди

Уставот на Романија е заснован на уставот на Петтата Француска Република и бил одобрен на национален референдум на 8 декември 1991 година. Подоцна во 2003 година се донесени нови амандмани на уставот за усогласувањето со европскиот правен систем. Романија е повеќепартиска демократија и има поделба на законодавната, извршната и судската власт. Таа исто така е полупретседателска република. Претседателот се избира на избори со петгодишен мандат. Претседателот го назначува премиерот, додека премиерот го назначува кабинетот на министри.

Парламентот на Романија се состои од два дела, сенатот кој има 140 места и Комора на пратеници кој има 364 пратеници.

Надворешна политика

уреди

Романските власти со десетлетија покажувале склоност за влез во разни интеграции. За време на владеењето на комунизмот Романија била членка на воениот сојуз Варшавски договор и економското здружение Совет за заемна економска помош (СЕВ). Откога влијанието на СССР ослабело, Романија ги интензивирала врските со Кина (која тогаш не била во добри односи со СССР). Наскоро Романија му се приближила и на Западот. Потпишала договори со Европската асоцијација за слободна трговија и Европската економска заедница, претходник на Европската Унија. Во 1969 година, Ричард Никсон ја посетил Романија и Соединетите Американски Држави ѝ дале на Романија неколку поволни кредити. Чаушеску ја посетил САД и тогаш бил склучен и десетгодишен економски договор меѓу двете земји (1976). Разни економски договори биле потпишани со Израел, Египет, Кина, Источна Германија, СФР Југославија, Унгарија и Бугарија. Во ова време Романија станала набљудувач во движењето на неврзаните, исто така бил направен исклучок и таа била една од ретките комунистички земји во Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Во раните 1990-ти години Романија ја предала кандидатурата за членство во Европската Унија, а нејзина членка станала на 1 јануари 2007 година заедно со Бугарија. Членка на НАТО пактот станала во 2004 година. Со влегувањето во Европската Унија, Романија излегла од Зоната за слободна трговија на средноевропските земји (ЦЕФТА) во која влегла во склопот на подготовките за ЕУ во 1997 година.

Романија е потписничка на договорот според кој воените заповедници од САД не мораат казнено да одговараат за воени злосторства пред Меѓународниот воен суд.

Романија е членка на следните меѓународни организации: ОН, ЕУ, НАТО, Партнерство за мир, СЗО (Светска здравствена организација), СТО (Светска трговска организација), Зона на соработка на црноморските земји, ЕБОР (Европска банка за обнова и развој), Светска банка, ММФ (Меѓународен монетарен фонд), Совет на Европа

Административна поделба

уреди
 
Административна поделба на Романија
 
Романија, 1939

Романија се состои од 41 округ и самоуправна административна единица Град Букурешт.

Стопанство

уреди
 
Дачија

Во 2016 година Романија имала БДП од околу 441.601 милијарди долари, а БДП по жител изнесувал 22.348 долари.[37] Според Светската банка, Романија е земја со среден доход.[38] Спрема Евростат, БДП по жител во Романија изнесувал 59% од просекот на Европската Унија во 2016 година, што е раст од 41% во однос на 2007 година (година на влез на Романија во ЕУ), со што Романија е една од најбрзо растечките економии во Европската Унија.[39]

После 1989 година земјата имала десетлетие на економска нестабилност и пад, делумно предизвикани од застарената индустриска база и недостаток на структурни реформи. Меѓутоа од 2000 година романската економија доживува релативна макроекономска стабилност, со висок раст, ниска стапка на невработеност и пад на инфлацијата.[40] Во 2006 година, според романскиот завод за статистика, реалниот раст на БДП бил 7,7%, еден од највисоките во Европа. Меѓутоа рецесијата која следела по глобалната финансиска криза во 2008/2009 ја присилила владата на надворешно задолжување, вклучувајќи ја и програмата за помош на ММФ во износ од 20 милијарди долари. Растот на БДП бил преку 2%. Според Светската банка, паритетот на куповната моќ по жител од 13.442 долари во 2007 година, пораснал на околу 22.124 долари во 2015 година. По куповната моќ во 2016 и 2017 година, Романија доживеала уште поголем раст и престигнала неколку околни земји членки на ЕУ. Романија и понатаму има една од најниските нето просечни плати во ЕУ од 540 евра во ЕУ во 2016 година и инфлација од -1,1%. Невработеноста во Романија во 2017 година била 5,4%, што е многу ниско во споредба со останатите земји од Европската Унија.

Растот на индустриското производство во февруари 2013 година достигнал 6,5% во однос на истото раздобје во претходната година, што било највисокото во Европската Унија. Најголеми локални претпријатија се производителот на автомобили Дачија, Петром, Ромпетрол, Форд Романија, Електрика, Ромгаз и Банка Трансилванија. Извозот значително пораснал последните години, во 2010 година порастот на извозот изнесувал 13%. Главен извоз на Романија се автомобили, софтвер, облека и текстил, индустриски постројки, електрична и електронска опрема, металуршки производи, суровини, војна опрема, фармацевтски производи, фини хемикалии и земјоделски производи (овошје, зеленчук и цвеќе). Трговијата главно е насочена кон земјите членки на Европската Унија, при што Германија и Италија се најголеми поединечни трговски партнери на земјата.

После низа приватизации и реформи во доцните деведесетти години, владината интервенција во романската економија е нешто пониска отколку во другите европски економии. Владата на Романија во 2005 година го заменила прогресивниот даночен систем со рамен данок од 16% за личниот доход и добивката на претпријатијата, меѓу најниските стапки во Европската Унија. Економијата претежно се темели на услугите кои претставуваат 51% од БДП, иако индустријата и земјоделството исто така имаат значителен придонес, истите претставуваат 36% и 13% од БДП соодветно. Освен тоа, во 2006 година биле вработени 30% од романската популација биле вработени во земјоделството и примарното производство, една од највисоките стапки во Европа.

Од 2000 година, Романија ги привлекла сите поголеми странски вложувања и станала најголемо инвестициско одредиште во југоисточна и Средна Европа. Директните странски вложувања во 2006 година изнесувале 8,3 милијарди евра. Според извештајот на Светската банка за 2011 година, Романија била 72. од вкупно 175 економии по едноставноста на работењето, со оцена пониска од останатите земји во регионот како што се Чешка, Словачка и др. Освен тоа, според истражувањето од 2006 година Романија била втор најбрз економски реформатор на светот.

Од 1867 година службена валута во Романија е романската леа која после деноминацијата во 2005 година изнесувала 0,2-0,3 €. Со влегувањето во ЕУ во 2007 година, се очекува Романија да го усвои еврото некаде околу 2020 година.

На 1 јули 2015 година, надворешниот долг на Романија изнесувал 90,59 милијарди евра.

Енергија

уреди

Романија е голем извозник на електрична енергија и 48. во светот по потрошувачка на електрична енергија. Третина од произведената енергија доаѓа од обновливи извори, главно хидроелектрани. Во 2015 година главни извори биле хидроелектрани 30%, јаглен 28%, атомски електрани 18% и јаглеводороди 14%. Романија има еден од најголемите рафинериски капацитети во Источна Европа, иако производството на нафта и природен гас опаѓа повеќе од десетина години. Со една од најголемите резерви на сирова нафта и нафтени шкрилци во Европа, Романија е една од најнезависните земји во Европската Унија и има за цел да ја прошири својата атомска електрана во Чернавода.

Сообраќај

уреди
 
Карта на патната инфраструктура на Романија, со портокалова боја се означени планираните автопатишта

Според националниот завод за статистика на Романија, вкупната патна мрежа на Романија во 2015 година била проценета на 86.080 километри.[41] Светската банка ја проценила железничката мрежа на 22.298 километри, четврта по големина во Европа.[42] Железничкиот превоз доживеал драматичен пад после 1989 година, а во 2004 година бил проценет на 99 милиони патнички патувања. Од 2013 година доживеал преродба заради подобрување на инфраструктурата и делумната приватизација на линии, кои претставуваат 45% од патничкиот и товарниот сообраќај. Метрото во Букурешт, единствениот подземен железнички систем, било отворено во 1979 година со должина од 61,41 км во 2007 година превезувало 600.000 патници во текот на работна седмица. Постојат шеснаесет меѓународни комерцијални аеродроми и пет од нив (Анри Коанда, Аурел Влајку, Темишвар, Константа и Сибиу) можат да примаат најголеми воздухоплови. Меѓународниот аеродром Анри Коанда во Букурешт во 2015 година опслужил 9,2 милиони патници.

Во јуни 2014 година, Романија имала скоро 18,3 милиони врски на семрежјето. Според Блумберг, во 2013 година Романија била рангирана на петтото место во светот, а според „Индепендент“, таа била прворангирана земја во Европа по семрежната брзина.[43]

Култура

уреди

Културата на Романија е уникатна поради географската положба на државата и нејзиниот историски развој. Романската култура може да се опише со три различни културни сфери на Европа: средноевропска, источноевропска и балканска, но сепак Романија не може целосно да се вметне во ниту една од тие три. Романскиот идентитет е составен од мешано население на Римското Царство и на Дакија, со влијание на други култури. Големо влијание врз романската култура имале Франција и Германија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Population on 1 January“. ec.europa.eu/eurostat. Eurostat. Посетено на 22 July 2019.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CensusRef.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Romania“. International Monetary Fund. Посетено на 2008-10-09.
  4. „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. Посетено на 8 февруари 2015.
  5. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  6. „Explanatory Dictionary of the Romanian Language, 1998; New Explanatory Dictionary of the Romanian Language, 2002“ (романски). Dexonline.ro. Архивирано од изворникот на 17 мај 2016. Посетено на 25 септември 2010.
  7. Veress, Andréas. Acta et Epistolae. I. стр. 243. nunc se Romanos vocant
  8. Cl. Isopescu (1929). „Notizie intorno ai romeni nella letteratura geografica italiana del Cinquecento“. Bulletin de la Section Historique. XVI: 1–90. ... si dimandano in language loro Romei ... se alcuno dimanda se sano parlare in la language valacca, dicono a questo in questo modo: Sti Rominest ? Che vol dire: Sai tu Romano, ...
  9. Holban, Maria (1983). Călători străini despre Țările Române (романски). II. Ed. Științifică și Enciclopedică. стр. 158–161. Anzi essi si chiamano romanesci, e vogliono molti che erano mandati quì quei che erano dannati a cavar metalli ...
  10. Cernovodeanu, Paul (1960). „Voyage fait par moy, Pierre Lescalopier l'an 1574 de Venise a Constantinople, fol 48“. Studii și Materiale de Istorie Medievală (романски). IV: 444. Tout ce pays la Wallachie et Moldavie et la plus part de la Transilvanie a eté peuplé des colonies romaines du temps de Traian l'empereur ... Ceux du pays se disent vrais successeurs des Romains et nomment leur parler romanechte, c'est-à-dire romain ...
  11. Ion Rotaru, Literatura română veche, "The Letter of Neacșu from Câmpulung" Архивирано на 9 јуни 2011 г., București, 1981, pp. 62–65
  12. Goina, Călin. How the State Shaped the Nation: an Essay on the Making of the Romanian Nation Архивирано на 10 октомври 2017 г. in Regio – Minorities, Politics, Society.
  13. „Wallachia and Moldavia, 1859–61“. Архивирано од изворникот на 9 June 2007. Посетено на 5 January 2008.
  14. International Boundary Study - No. 47 – 15 април 1965 - Hungary – Romania (Rumania) Boundary“ (PDF). US Bureau of Intelligence and Research. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-03-03. Посетено на 2019-07-31.
  15. Michael B. Barrett, Prelude to Blitzkrieg: The 1916 Austro-German Campaign in Romania (2013)
  16. „The Battle of Marasti (July 1917)“. WorldWar2.ro. 22 July 1917. Посетено на 8 May 2011.
  17. Cyril Falls, The Great War, p. 285
  18. Clark, Charles Upson (1927). Bessarabia. New York City: Dodd, Mead.
  19. Béla, Köpeczi. Erdély története. Akadémiai Kiadó.
  20. Béla, Köpeczi. History of Transylvania. Akadémiai Kiadó. ISBN 84-8371-020-X.
  21. Erlikman, Vadim (2004). Потери народонаселения в 20. веке [The loss of population in the 20th Century] (руски). Moscow: Русская панорама. ISBN 9785931651071.
  22. Romanian Statistical Yearbook 2017 (PDF) (Report). National Institute of Statistics (Romania). 2018. Посетено на 2018-06-07.
  23. „Romania's Biodiversity“. Ministry of Waters, Forests and Environmental Protection of Romania (via enrin.grida.no). Архивирано од изворникот на 10 February 2008.
  24. „Protected Areas in Romania“. Romanian Ministry of Waters, Forests and Environmental Protection (via envir.ee). Архивирано од изворникот на 17 November 2007. Посетено на 10 January 2008.
  25. „Danube Delta“. UNESCO's World Heritage Centre. Архивирано од изворникот на 27 јануари 2008. Посетено на 9 јануари 2008.
  26. „Danube Delta Reserve Biosphere“. Romanian Ministry of Waters, Forests and Environmental Protection (via envir.ee). Архивирано од изворникот на 26 April 2005. Посетено на 10 January 2008.
  27. „Danube Delta“. UNESCO's World Heritage Centre. Архивирано од изворникот на 27 јануари 2008. Посетено на 10 јануари 2008.
  28. Wohl, Ellen (2010). A World of Rivers: Environmental Change on Ten of the World's Great Rivers. University of Chicago Press. стр. 130. ISBN 978-0-226-90480-1.
  29. „Romania“. Fao.org. Архивирано од изворникот на 10 август 2014. Посетено на 15 август 2014.
  30. 30,0 30,1 „Flora si fauna salbatica“ (романски). enrin.grida.no. Архивирано од изворникот на 23 February 2009. Посетено на 7 September 2009.
  31. „EarthTrends: Biodiversity and Protected Areas – Romania“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 26 September 2007. Посетено на 10 January 2008.
  32. „Bears. Status Survey and Conservation Action Plan“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 23 септември 2015. Посетено на 2 октомври 2014.
  33. „Canids: Foxes, Wolves, Jackals and Dogs. Status Survey and Conservation Action Plan“ (PDF). IUCN/SSC Canid Specialist Group. Архивирано од изворникот (PDF) на 23 септември 2015. Посетено на 2 октомври 2014.
  34. „Romania: Climate“. U.S. Library of Congress. Архивирано од изворникот на 23 септември 2006. Посетено на 10 јануари 2008.
  35. „Permafrost Monitoring and Prediction in Southern Carpathians, Romania“. CliC International Project Office (CIPO). 22 December 2004. Архивирано од изворникот на 16 May 2011. Посетено на 31 August 2008.
  36. „Population at 20 October 2011“ (романски). INSSE. 5 July 2013. Посетено на 5 July 2013.
  37. ММФ БДП за Романија
  38. Светска банка – податоци за Романија
  39. БДП по жител
  40. Завод за статистика на Романија - невработеност
  41. Должина на патна мрежа
  42. Железница - реформи
  43. Numărul conexiunilor la internet a crescut cu 22,8%. Câte milioane de români au acces la internet Семрежен пристап во Романија

Надворешни врски

уреди
Влада
Општо
Патување