Биатлон — термин со кој се означува спорт кој е комбиниран од две комбинирани дисциплини. Меѓутоа со Биатлон најчесто се означува зимски спорт кој е комбинација од cross-coutry – скијачко трчање и стрелање со пушка. Постои и летна варијанта на Биатлон која комбинира стрелање со трчање како и комбинација од возење ролери и стрелање.

Натпреварувачи на стрелање

Биатлонот е најпопуларен во земјата-татковина Норвешка, но и во Германија и Русија во која се проценува дека во клупското натпреварување учествуваат дури и околу милион биатлонци.

Норвешки Биатлонецот Ole Einar Bjørndalen, по многумина, најдобриот биатлонец на сите времиња.

Кратка историја

уреди

Биатлонот води потекло од обуката на норвешките војници. Прво познато натпреварување е забележано во 1767 години меѓу гранични патроли. Постепено се ширело низ Скандинавија како облик на војничка обука.

Под името “војничка патрола” комбинацијата од скијачко трчање и стрелање е за првпат натпреварувачки воведена на Зимските олимписки игри во 1924, а потоа како демонстративен спорт на игрите 1928, 1936 и 1948, не добивајќи статус на олимписки спорт бидејќи постоеле несогласување околу правилата. Во средината на 1950-тите, биатлонот се ширел како натпреварувачки спорт во Шведска и Русија и започнал да добива на популарност помеѓу гледачите. Благодарение на стекнатата популарност е вратен на Олимписките игри и стана еден од престижните спортови, посебно во дисциплината штафета.

Првото светско првенство во биатлон е одржано во 1958 во Австрија, а во 1960 е внесен како постојан спорт на Зимските олимписки игри. На ЗОИ 1992 во Албертвил, по првпат се натпреваруваа и жени.

На натпреварувањета од 1958 до 1965, користена е мунициа од високо полнење (7,62 мм – Нато), а од 1978 полнењето се стандардизирано со .22 LR. Муницијата се носи поставена на ремен околу појасот на натпреварувачот. Натпреварувањето се состои од трчање на 20км, поединечно со четири стрелања на мети оддалечени од 100 м, 150 м, 200 м и 250 м. Од 1966 година растојанието до метите е намалено до 150 м, а воведена е и дисциплина штафета. Следна промена била намалувањето на оддалеченоста на 50 м – 1978 година, а механички мети се воведени во 1980 година на ЗОИ во Лејк Плесид. Најнови, електронски мети (по изглед исти на механичките) се користат денес на важните натпреварувања како Светски куп, Светско првенство и ЗОИ. Метите кои се компјутерски надгледувани со сензори се поповолни не само затоа што се потребни помал број на судии, туку и за потребите на ТВ преносите.

Основни познавања

уреди

Накратко, биатлонското натпреварување се состои од трчање на скии кое е испрекинато со стрелање во 2 или 4 наврати, пола од лежечка положба, а пола од стоечка положба. Зависно од резултатите од стрелањето, натпреварувачите се соочуваат со казнени секунди или пак мораат да трчаат казнен круг, за секоја промашена мета. Како и во секоја трка, за победа е потребна најбрзо време. Секое стрелање има 5 мети кои е потребно да се погодат, а за секоја промашена мета зависно од дисциплината може да донесе:

  • Казнен круг — додатно трчање на 150 м, за кое обично е потребно 20-30 секунди на најдобрите натпреварувачи (сепак зависно од временските услови, квалитетот на снегот и сл.)
  • Додавање на ввреме од 1 минута на времето на трчање (ова правило е датира од времето кога се трчало поспоро, па може да се смета како престрого во одност на трчање на додатен круг)
  • Додатно стрелање, со кое би се погодиле преостанатите мети, можни се само 3 додатни куршуми, кои мораат да се полнат рачно, еден по еден така што се одзема доста време. Во случај и тогаш да има непогодени мети, се трча казнен круг.

Се мерат и времињата на поминувања низ стазата, како и после стрелање. Во дисциплината спринт, тоа е исклучително важно, бидејќи натпреварувачите не тргнуваат во исто време, туку на растојание од 30 секунди.

Скијачко трчање

уреди

Биатлонот дозволува трчање со било која техника, што значи дека во правилата се користи слободен стил, кој е најбрз. Не е дозволена друга опрема освен скии и стапови. Минималната должина на скиите е висината на натпреварувачот, намалена за 4 см.

Стрелање

уреди

Натпреварувачите, постојано на рамената носат пушка тешка 3.5 kg. Пушката е од мал калибар и користи муниција .22 LR и рачно се репетира. Оддалеченоста од метата е 50 м, или 164 стапки. Кога се стрела од лежечка положба, метата е со пречник од 45 мм, a кога се стрела од стоечки став, метата е со пречник од 115 мм.

Дисциплини во биатлон

уреди

Поединечно натпреварување

уреди

Трката, долга 20 км (15 км за жени) е најстара дисциплина. Се стрела 4 пати наизменично од лежеча и стоечка положба. Секое промашување носи дополнително време, обично 1 минута, кое се додава на времето на трчање. Натпреварувачите ја започнуваат трката во растојание од 30 секунди.

Спринт

уреди

Спринтот е 10км долг за мажите, а 7,5км долг за жените. Се стрела 2 пати најпрво од лежечка положба, а после од и стоечка, вкупно 10 мети. Секое промашување нози казнен круг од 150м. И во оваа дисциплина натпреварувачите трката ја започнуваат во различни временски растојанија.

Потера

уреди

Во потерата, натпреварувачите започнуваат по пласманот од претходната трка, во временско растојание по растојанието од првата трка, заокружено на цела секунда. Потоа натпреварувачите тргнуваат со временски заостаток позади претходниот за онолку колку што каснел на целта во претходната трка. Претходна трка на потерата е обично спринтот. Победник е оној кој прв ќе стигне на целта. Должината на стазата е 12,5км за мажи, а 10км за жени. Се стрела 4 пати, од кои првите две стрелања се од лежечка, а останатите 2 од стоечка положба. За секое промашување се трчаат дополнителни 150м во казнениот круг. За да нема гужва на стазата и на стрелањето, по правилата на светскиот куп, учествуваат 60-те најдобри од претходната трка. Местото на стрелање е по редослед на стигнување до метата.

Масовен старт

уреди

Масовен старт, значи сите натпреварувачи да тргнат истовремено. Стазата е дола 15км (12.5 км за жени), има четири стрелања (2 со 2). Прво се стрела на мета со почетниот број на натпреварувачот, а останатите стрелања се по редоследод на пристигнување на метата. Како и во спринтот, казнениот круг е по 150м за секоја промашена мета. По правилата на Светскиот куп, учествуваат само 30 натпреварувачи (напола од потерата, бидејќи овде сите тргнуваат истовремено).

Штафета

уреди

Секој тим се состои од 4 натпреварувачи, од кој секој трча по 7,5км (мажи) или 6км (жени), со две стрелања (едно во лежечка позиција и едно во стоечка позиција). За секое стрелање (5 мети), натпреварувачот има по 8 куршуми, од кои 5 се во шаржерот, а преостанатите 3 (доколку бидат потребни), мораат рачно да се наполнат. Доколку и после 8 испукани куршуми, има непогодени мети, се трча казнен круг од 150 метри за секоја промашена мета. Првите натпреварувачи од сите тимови тргнуваат истовремено, а секој следен, зависи од тоа по кој редослед неговиот претходник од тимот ќе стигне на местото на предавање на штафетата. Предавањето се врши со добир, на било кое место на телото, во зоната на предавање долга 50 метри. Предавањето го надгледуваат посебни судии. Првото стрелање на првиот натпреварувач е на мета која одговара на почетниот број, а другото стрелање на првиот и сите стрелања на останатите натпреваручи на тимот, се одвиваат на мети по редослед на стигање на стрелање.

Мешовита штафета

уреди

Ова е најмлада дисциплина на биатлонот, ги има истите правила како и штафетата, но состав на тимовите на мешаната штафета е двајца мажи и двајца жени. Прво трчаат жените, а потоа мажите. Секој трча по 6км, а правилата на стрелање се исти.

Места на натпревари

уреди

Во Светскиот куп и во првенството, трките се одржуваат, по традиција на исти места. Втора причина е и нивото на опременост која ја имаат тие места, што се однесува на функционалноста на стрелиштата.

Земја Главно натпреварување
  Австрија Hohfilcen Saalfelden
  Канада Kenmur Valkartije
  Финска Kontiolahti Kuusamo Lahti
  Германија Oberhof Ruhpolding Veltins-Arena*
  Италија Antholc-Anterselva Ćezana-San Sikario
  Норвешка Beitostelen Holmenkolen Lilehamer
  Русија Kanti-Mansijsk Novosibirsk
  Словачка Brezno
  Словенија Pokljuka
  Шведска Estersund
  САД Fort Kent, Mejn Presk Ajl, Mejn Lejk Plesid, Njujork (država) Soldžer Holou, Juta

Други варијанти на биатлон

уреди

Две вообичаени варијанти се летен биатлон, каде скијањето е заменето со трчање и стреличарски биатлон или скијачко стреличарство, каде пушката е заменета со лак и стрела. Исто така, постои и натпреварување на ролери, на маунтин бајк и биатлон со ориентационо трчање. Примитивниот биатлон користи чевли за снег.

Наводи

уреди