Махмуд I
Махмуд І (османлиски јазик: محمود اول, 2 август 1696 во Одрин - 13 декември 1754 во Цариград) бил дваесет и четвртиот султан на Отоманското Царство. Тој бил син на Мустафа II и владеел од 1730 до 1754 година. Во 1736 година Русија го окупирала Крим.
Махмуд I | |
---|---|
Отомански султан | |
Калиф | |
Владеење | 20 септември 1730 – 13 декември 1754 |
Период | Застој на Отоманското Царство |
Полно име | Махмуд I |
Претходник | Ахмед III |
Наследник | Осман III |
Семејство | Отоманска династија |
Династија | Отоманска династија |
Управување
уредиМахмуд е роден во Едрене како син на Мустафа II (1695-1703) и Салиха султан. Махмуд бил постар брат на идниот Осман III (1754-1757).
На 28 септември 1730 година Патрона Халил со мала група на колеги јаничари организирале бунт во Цариград[1][2] против реформите на Ахмед III[3]. Тој успеал да влезе во Топкапи-сарај и побарал погубување на големиот везир по кое следувала абдикција на султанот Ахмед III а неговиот внук Махмуд станал новиот султан[3].
Махмуд бил признаен како султан од бунтовниците и судовите. Халил го одвел новиот султан во Ејуп џамија каде била одржана церемонијата за поставување на Махмуд на престолот. Еден грчки трговец Јанаки кој претходно му дал пари за бунтот бил награден од страна на диванот како господар на Молдавија. На 24 ноември 1731 година Халил бил удавен по наредба на султанот во негово присуство. Грчкиот негов пријател заедно со голем број на луѓе кои го поддржале бунтот исто така биле убиени.
Спорадичните обиди во османлиската војска да се воведат европските пиштоли и огнено оружје продолжиле под водство на Контот де Боневал, французин кои го прифатил исламот. Во 1731, во текот на првата кампања за борба против Персија, Махмуд успеал да поврати дел од поранешната османлиска сопственост на Кавказ, која била изгубена од Ахмед III, но засилувањето на владеењето на Надир Шах (владеел 1736-1747) во Иран, уште еднаш ги потерало во бегство. На крајот, по смртта на Надир Шах, границата помеѓу Османлиското царство и Иран била вратена на линијата според договорот од 1639. На Запад, војската на Махмуд влегла во нова војна со Австрија и Русија (1736-1739), која резултирала со Белградскиот договор (1739) според кој султанот бил принуден да направи територијални отстапки. Махмуд I починал во 1754. На престолот го наследил неговиот брат Осман III.
Наводи
уреди- ↑ The Encyclopædia Britannica, Vol.7, Edited by Hugh Chisholm, (1911), 3; Constantinople, the capital of the Turkish Empire...
- ↑ Britannica, Istanbul Архивирано на 18 декември 2007 г.:When the Republic of Turkey was founded in 1923, the capital was moved to Ankara, and Constantinople was officially renamed Istanbul in 1930.
- ↑ 3,0 3,1 Shaw, Stanford J. and Shaw, Ezel Kural (1976) History of the Ottoman Empire and Modern Turkey, volume 1: Empire of the Gazis: the rise and decline of the Ottoman Empire, 1280-1808 Cambridge University Press, Cambridge, England, p. 240, ISBN 0-521-21280-4