Алесандро Матри (италијански: Alessandro Matri; роден во Сант'Анџело Лодиџиано на 19 август 1984) — италијански фудбалер, напаѓач на Сасуоло во италијанската Серија А.

Италија Алесандро Матри
Лични податоци
Роден на 19 август 1984(1984-08-19)(39 г.)
Роден во Сант'Анџело Лодиџиано, Италија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сасуоло Сасуоло
Број 10
Младинска кариера
Фанфула Фанфула
Милан Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2007 Милан Милан 1 (0)
2004-2005Прато Прато 32 (5)
2005-2006Лумецане Лумецане 34 (13)
2006-2007Римини Римини 27 (5)
2007-2011 Каљари Каљари 135 (36)
2011-2013 Јувентус Јувентус 69 (27)
2013-2014 Милан Милан 15 (1)
2014Фјорентина Фјорентина 15 (4)
2014-2015Џенова Џенова 16 (7)
2015Јувентус Јувентус 5 (0)
2015-2016Лацио Лацио 19 (4)
2016- Сасуоло Сасуоло 31 (8)
Репрезентација
2011-  Италија 7 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 мај 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Технички одлики уреди

Напаѓач кој сака да се движи во длабочината на полето и се издвојува со квалитетот на офанзивни потези и идеален тајминг на вметнување. Опремен е со дух на жртвување, а исто така тој е вешт и во извршувањето на пресинг на противничката половина.

Клупска кариера уреди

Почетоци уреди

Матри својата кариера ја започнал во екипата на Фанфула, но бидејќи бил многу талентиран уште како тинејџер бил доведен во екипата на Милан. Поради политиката која владеела во тој момент во клубот од Милано (повеќе се сметало на постари и поискусни фудбалери) тој одиграл само еден првенствен натпревар за "росонерите" и тоа во сезоната 2002-03. Било тоа на 24 мај 2003 во поразот со 4-2 од Пјаченца, а Матри го започнал натпреварот како стартер и играл до 71-вата минута кога бил заменет од Робето Бортолото. По завршувањето на таа сезона, тој бил позајмуван на клубови од подолните лиги во Италија како Прато и Лумецане и на крајот во Римини во Серија Б.

Каљари уреди

Во јуни 2007 Матри потпишал за Серија А тимот Каљари, откако клубот од Сардинија за 2 милиони евра откупил половина од неговиот договор.[1] Тој дебитирал со погодок во натпреварот против Наполи во рамките на првото коло од сезоната 2007-08. Тоа било воедно и неговиот прв гол во Серија А во кариерата. Матри се впишал во списокот на стрелците и на следното гостување на тимот против Парма во ремито 1-1. Во текот на сезоната тој си оформил одлично парнерство со уште еден млад италијански напаѓач, Роберт Аквафреска. Матри својата прва сезона во Серија А ја завршил со 6 голови[2], а заедно со Аквафреска имале скор од 16 голови. Во јуни 2008 Каљари целосно го откупил неговиот договор. Сезоната 2008-09 започнала многу полошо во споредба со претходната за него. Тој дури имал проблем да се избори за место во почетната постава кај новиот тренер Масимилијано Алегри кој летото дошол на клупата на Каљари, откако Давиде Балардини го презел тимот на Палермо. Тој и Аквафреска во нападот биле заменети со Ларивеј и Жеда. На својот прв гол во првенството, Матри чекал сè до 20-тото коло (прво од пролетниот дел од сезоната) кога го постигнал четвртиот погодок во изненадувачката победа на Каљари над Лацио во Рим со 4-1. Следниот негов гол дошол за уште една голема победа на неговиот тим на гостински терен, кога тој ја погодил мрежата на Јувентус за конечен резултат од 3-2. И оваа сезона ја завршил како и претходната со 6 постигнати гола, но со помал број на настапи, а имал и важен придонес во завршувањето на Каљари во "Top-Ten" на крајот од сезоната. Сезоната 2009-10 била најдобрата во кариерата на Матри во Серија А и во неговиот престој на Сардинија. Матри постигнал 13 гола и бил клучната фигура во клубот оваа сезона и главната причина што Сардинијците не испаднале од лигата. Меѓудругото тој постигнал голови и против најголемите тимови во лигата како Лацио, Јувентус, Милан, Палермо итн. Следната сезона тој веќе станал најдобриот фудбалер на Каљари и очекувањата и надежите на клубот биле свртени токму кон него. Тој ги оправдал нив продолжувајќи да постигнува голови редовно и веќе до 30 јануари (нешто повеќе од пола сезона) имал постигнато 11 голови во Серија А. Во последниот ден од зимскиот трансферен прозорец тој потпишал за гигантот Јувентус.

Јувентус уреди

Матри се преселил во Јувентус на 31 јануари 2011, во последните часови во јануарскиот преоден рок. Во клубот дошол на шестмесечен заем со право на откуп на крајот од сезоната. Управата на клубот од Торино, го довела Матри како замена за повредениот Фабио Кваљарела, кој поради скинати лигаменти морал да го пропушти остатокот од сезоната. Своето деби за Јуве го направил на 2 февруари против Палермо, а својот прв гол го постигнал против неговиот поранешен клуб Каљари кога бил двоен стрелец. Тој го постигнал и единствениот гол во дербито на Италија за победа на Јувентус над Интер од 1-0 на 13 февруари. На крајот од сезоната Матри имал биланс од 9 гола за Јувентус и вкупно 20 во лигата (другите 11 беа за Каљари) со кој се нашол на четврто место на списокот на стрелците во Серија А.

На 22 јуни Матри и официјално станал фудбалер на Јувентус, откако челниците на Старата дама целосно го откупиле неговиот договор за сума од 15.5 милиони евра. На стартот од сезоната 2011-12, својот прв гол Алесандро го постигнал на гостувањето кај Сиена за победа на Јуве од 1-0, во второто коло од првенството. Матри бил во одлична форма во есенскиот дел од сезоната и се промовирал во прв избор во нападот. На 22 октомври тој постигнал два гола против екипата на Џенова во натпревар што завршил 2-2, а само три дена подоцна го постигнал победничкиот гол против Фјорентина во победата на Јуве со 2-1. Следниот месец тој постигнал гол на домашен терен против Палермо (3-0) и на гостувањето кај екипата на Наполи (3-3). И во првиот натпревар по доаѓањето на новата година, одигран на 8 јануари 2012, тој повторно бил стрелец носејќи му победа на својот тим на гостувањето против Лече со минимални 1-0.[3] На 28 јануари во натпреварот против Удинезе на домашен терен Матри постигнал два гола, помагајќи му на својот тим да дојде до нова победа (2-1). Последниот гол на Алесандро за сезоната 2011-12 се покажал и како најважен. Во дербито против Милан (единствениот конкурент на Јувентус за титулата) на 25 февруари, тој се појавил како замена на местото на Кваљарела и го постигнал израмнувачкиот за 1-1 во 83-тата минута.[4] Во пролетниот дел од сезоната тој паднал во формата и најчесто бил на клупата за резерви, но неговиот придонес и 10 постигнати гола му помагаат на Јувентус да стане шампион во Серија А и Матри се закитил со своето прво Скудето во кариерата.

Сезоната 2012-2013 ја започнал со освојување на Италијанскиот Суперкуп, на 11 август 2012 година одигран на Националниот стадион во Пекинг благодарение на победата од 4-2 против Наполи.[5][6]

Милан уреди

Матри премина во екипата на Милан на 30 август 2013 година за сума 11 милиони евра.

Џенова уреди

На 11 јули 2014, Матри го комплетирал трансферот во Џенова, позајмица со право на откуп на крајот од сезоната.

Јувентус уреди

На 2 февруари 2015, Матри се вратил во Јувентус, на позајмица до крајот од сезоната. Играчот дошол во клубот како замена за Себастијан Џовинко кој отишол во ФК Торонто. На 20 мај 2015, го постигнал одлучувачкиот гол во победата со 2-1 над Лацио во финалето на Купот на Италија, носејќи му ја првата титула на Јувентус во ова натпреварување после 20 години пауза.

Лацио уреди

На 31 август Матри му се приклучил на Лацио. На 13 септември го направил своето деби во натпреварот против Удинезе постигнувајќи ги двата гола во победата со 2-0.

Репрезентативна кариера уреди

Матри своето деби за селекцијата на Италија го имал на 9 февруари во пријателски меч со Германија. Тој го постигна својот прв гол во вториот свој натпревар против селекцијата на Украина во 81-вата минута на асистенција на Себастијан Џовинко во победата на неговата селекција од 2-0.

Репрезентативни настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Италија|d}}|{{Naz/  Италија|c}}]]
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
29-3-2011 Киев [[ фудбалска Selezione {{Naz/Украина  |d}}|{{Naz/Украина  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Украина  |ssb}}px 0px {{Naz/Украина  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Украина  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Украина  |c}}|20x16px]] 0 – 2 <span style="margin:0px {{Naz/  Италија|ssb}}px 0px {{Naz/  Италија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Италија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Италија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Италија|d}}|{{Naz/  Италија|c}}]] Пријателска '1   61'
7-6-2011 Лиеж [[ фудбалска Selezione {{Naz/Италија  |d}}|{{Naz/Италија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Италија  |ssb}}px 0px {{Naz/Италија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Италија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Италија  |c}}|20x16px]] 0 – 2 <span style="margin:0px {{Naz/  Ирска|ssb}}px 0px {{Naz/  Ирска|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Ирска|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Ирска|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Ирска|d}}|{{Naz/  Ирска|c}}]] Пријателска -   46'
11-11-2011 Вроцлав [[ фудбалска Selezione {{Naz/Полска  |d}}|{{Naz/Полска  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Полска  |ssb}}px 0px {{Naz/Полска  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Полска  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Полска  |c}}|20x16px]] 0 – 2 <span style="margin:0px {{Naz/  Италија|ssb}}px 0px {{Naz/  Италија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Италија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Италија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Италија|d}}|{{Naz/  Италија|c}}]] Пријателска -   61'
15-11-2011 Рим [[ фудбалска Selezione {{Naz/Италија  |d}}|{{Naz/Италија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Италија  |ssb}}px 0px {{Naz/Италија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Италија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Италија  |c}}|20x16px]] 0 – 1 <span style="margin:0px {{Naz/  Уругвај|ssb}}px 0px {{Naz/  Уругвај|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Уругвај|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Уругвај|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Уругвај|d}}|{{Naz/  Уругвај|c}}]] Пријателска -
29-2-2012 Џенова [[ фудбалска Selezione {{Naz/Италија  |d}}|{{Naz/Италија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Италија  |ssb}}px 0px {{Naz/Италија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Италија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Италија  |c}}|20x16px]] 0 – 1 <span style="margin:0px {{Naz/  САД|ssb}}px 0px {{Naz/  САД|ssb}}px">[[File:{{Naz/  САД|a}}|class=noviewer|{{Naz/  САД|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  САД|d}}|{{Naz/  САД|c}}]] Пријателска -   59'
18-11-2014 Џенова [[ фудбалска Selezione {{Naz/Италија  |d}}|{{Naz/Италија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Италија  |ssb}}px 0px {{Naz/Италија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Италија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Италија  |c}}|20x16px]] 1 – 0 <span style="margin:0px {{Naz/  Албанија|ssb}}px 0px {{Naz/  Албанија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Албанија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Албанија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Албанија|d}}|{{Naz/  Албанија|c}}]] Пријателска -   65'
Вкупно Настапи 6 Голови 1

Приватен живот уреди

Алесандро во моментов е во врска со италијанската ТВ водителка Федерика Нарџи.[7]

Титули уреди

  Јувентус уреди

Суперкуп на Италија (2) : 2012, 2013

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „AC Milan Group 2007 annual report“ (PDF). AC Milan (италијански). Архивирано (PDF) од изворникот 2011-04-25. Посетено на 2013-05-20.
  2. Алесандро Матри статистика за сезона 2007-08
  3. Голот на Матри му донесе победа на Јувентус над Лече
  4. Матри го спаси Јувентус во Милано
  5. „La Supercoppa è della Juve, Napoli ko 4-2 tra le polemiche“. Sky Sport. 11 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 14 мај 2012.
  6. „Supercoppa, la Juve travolge il Napoli. E gli azzurri disertano la premiazione“. La Stampa. 11 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 14 август 2012.
  7. „Федерика Нарџи го освои напаѓачот на Каљари Алесандро Матри“. Архивирано од изворникот на 2013-04-13. Посетено на 2013-05-20.