Роберт Ентони Плант (англиски: Robert Anthony Plant, роден 20 август 1948), е англиски рок-пејач и текстописец, најдобро познат како член на групата „Лед Цепелин“. Плант се смета за еден од најзначајните пејачи во историјата на рок-музиката, и извршил големо влинаие врз бројни пејачи, меѓу кои и Фреди Меркјури и Аксел Роуз. Во 2006 година, хеви-метал списанието „Хит Парадер“ го избрало Плант како најголемиот метал-пејач на сите времиња, а во 2009 година, во гласањето спроведено од „Планет Рок“ тој бил проглаен за најголемиот глас во рок-музиката.

(2010)

Живот и кариера уреди

Плант е роден во градот Западен Бромвич во таканаречената Црната Земја (тогаш во Стафордшир сега во Западен Мидланд) од татко Роберт К. кој работел како градежен инженер и мајка Ани К (Каин) Плант, но пораснал во Кидерминстер, во Вустершир. Плант изразил интерес во пеење и рокенрол музика на рани години. Кога бев дете имав обичај да се кријам зад завесите дома за Божиќ и имав обичај да се обидувам да бидам Елвис. Имаше одреден одек помеѓу завесите и француските прозорци, имаше одреден звук таму за десетогодишник. Тоа беше целото одекнување што можев да го добијам на 10 години. И секогаш сакав да бидам завесата или несто слично на неа. Тој го напушта основното училиште за момчиња „Крал Едвард VI“ во Сторбриџ во средината на тинејџерските години и развива силна страст за блуз, воглавно поради неговото одушевување од Вили Диксон, Роберт Џонсон и рани преправки на песни од овој жарн. Претпоставувам дека бев прилично заинтересиран за мојата колекција на марки и за Римско- Британската историја.Јас бев мало момче од основно училиште и можев да го слушнам тој повик преку воздушните бранови.

Тој се откажал од обуката за сметководител само после две недели за да посетува колеџ во обид да се стекне со повеќе школски дипломи и да стане дел од блуз сцената на Англискиот Мидланд. „Заминав од дома на 16“-рече тој и јас започнав со моето вистинско музичо образование, движејќи се од група до група, продолжувајќи го моето знаење за блузот и друга музика која имаше тежина и беше исплатлива за слушање.’

Плантовите рани блуз влијанија ги влкучуваат Роберт Џонсон, Бука Вајт, Скип Џејмс, Џери Милер и Слипи Џон Естес. Плант имал различни вработувања додека ја бркал својата музичка кариера, едно од кои било за големата Британска компанија за изградба Вимпи во Бирмингам во 1976 поставувајќи џера на патиштата. Тој исто работел во Вулвортс во градот Халесовен за кратко време.Тој направил три незначајни сингла на ЦБС Рекордс, и пеел со различни бендови, вклучувајќи ги Лазечките Кралски Змии, кои го донеле до контакт со тапанарот Џон Бонхам.

Овие двајца продолжиле да свират во Бендот на радоста, спојувајќи блуз со понови психоделични трендови. Иако неговата рана кариера не се сретнала со комерцијален успех, наскоро се расчул зборот за ‘младиот дечко со моќен глас’.

Роберт Плант се жени со Маурин Вилсон на 9 ноември 1968. Парот имаа три деца: ќерката Кармен Џејн (1968) ( сопруга на Чарли Џонес, Плантовиот бас-гитарист за соло турнеите); и синовите Карач Пендрагон (19972-1977) ( починат од вирус; причината поради која турнејата на Лед Цепелин низ Северна Америка во 1977 била прекината), и Логан Ромео(1979).Парот се разведил во август 1983, Исто, Плант има помлад син, Џеси Ли (1991), синот на Ширли Вилсон, сестра на Маурин.

На 14 август, било најавено преку, вести сервисот со смс пораки на Волверхампрон Вандередс дека “ Рок Легенда и долгогодишен навивач на Волците, Роберт Плант ќе стане третиот потретседател на клубот.” Плант официјално ја добива честа пред почетокот на играта на првиот сезонски натпревар на клубот против Вест Хам. Плант за првпат го посетил Моллинех кога имал 5 години.Тој изјавил за интервјуто во неговиот локален весник Експрес и Ѕвезда во август 2010: “ Јас бев пет години кога татко ми ме донесе долу за првпат и Били Врајт ми намавна.Навистина, ми намавна.И тоа беше – Јас бев закачен од тој момент.” Според Списокот на Богати на Сандеј Тајмс Плант вреди 80 милиони фунти од 2009. Доцна во 2010 на ББЦ2, документарец го опфаќа Роберт Плант дебатирајќи го неговиот пат со Лед Цепелин и различни проекти од тогаш па до денес.

Членството во Лед Цепелин уреди

Во 1968, гитаристот Џими Пејџ бил во потрага по нов носечки вокал за неговиот нов бенд и се сретнал со Плант, откако бил одбиен од неговиот првичен избор Тери Рид, кој го препорачал него на шоу во колеџ за наставничка обука во Бирмингем – каде што Плант пеел во бенд наречен Хобстведле. Пејџ објаснил :

Кога дојде на аудиција и го чув како пее, јас веднаш забележав дека мора да има нешто погрешно со него на персонален план или дека мора да е страшно тешко да се работи со него, бидејќи јас не можев да разберам зошто, откако тој ми кажа дека веќе пее неколку годиини, сè уште нема станато големо име. Па затоа јас го повикав кај мене на некое време, за да го проверам, и супер се сложувавме. Без проблеми.

Според Плант: Јас се појавував во овој колеџ кога Питер и Џими се појавија и ме прашаа дали сакам да им се придружам на Дворските Птици. Јас знаев дека Дворските Птици имаат изработено многу дела во Америка- кое на мене ми значеше публика која би сакала да знаае што јас би имал да понудам – па нормално бев многу заинтересиран.

Плант и Пејџ веднаш се совпаднале на начинот на кој ја делеле страста кон музиката и ја започнале нивната пишувачка соработка со преработки на порани блуз песни, иако Плант не добива никакви признанија за текстописец на првиот албум на бендот, бидејќи тој демек сè уште бил под договор со ЦБС Рекордс во тоа време.Плант го довел Џон Бонхам како тапанар, и на нив веднаш им се приклучил Џон Паул Џонс.

На почеток нарекувани ‘Новите Дворски Птици’ во 1968, бендот наскоро почнал да биде препознаван како Лед Цепелин. Бендовиот истоименуван дебитантски албум ги удрил топ листите во 1969 и нашироко му се придава занчење како забрзувач на хеви метал жанрот. Плант коментирал дека не е фер луѓето да го сметаат Лед Цепелин како хеви метал, бидејќи скоро третина од нивната музика била акустична.

Во 1975, Плант и неговата сопруга Мурин ( денес разведени) беа сериозно повредени во сообраќајна несреќа во Родос, Грција. Ова сериозно се одразило на продукцијатата на седмиот албум на Лед Цепелин, ‘Присутност’ на неколку месеци додека тој закрепнувал, и го принудил бендот да ги откаже отанатите дати од турнејата за таа година.

Во Јули 1977 неговиот син Карач умира на пет годишна возраст од стомачна инфекција додека Плант бил окупиран со концерт турнејата на Лед Цепеллин низ Обединетите Американски Држави. Тоа била катастрофална загуба за фамилијата. Плант се повлекол во својот дом во Мидландс и со месеци потоа се запрашувал за својата иднина. Карачовата смрт подоцна го инспирирла да ја напише песната “ Сета моја Љубов” со посвета, ставена на финалната студиска грамафонска плоча на Лед Цепелин “ Внатре преку влезната вратата” во 1979 година.

Плант не започнал да пишува песни со Лед Цепелин сè до правењето на албумот Лед Цепелин II во 1969. Соред Џими Пејџ:

Најбитната работа за „Лед Цепелин II“ е дека до тогаш јас придонесував за текстовите. Роберт немал пишувано претходно, и требаше многу зезање да го натераме да пишува, што беше смешно. И, потоа на втората грамафонска плоча, тој ги напиша зборовите Ти Благодарам. Тој рече “Јас би сакал да го пробам ова и да го напишам за жена ми”.

Плантовите текстови со Лед Цепелин беа често мистични, филозофски и духовни, насочувајќи на збиднувања во класична и скандинавска митологија, како „Имигрантска Песна“, која се однесува на Валхала и Викиншки достигнувања. Како и да е песната “Без Четвртина” е најчесто погрешно сфатена дека се однесува на богот Тор, а песната всушност се однесува на Планината Тор (која е именувана според богот Тор). Друг пример е „Дождовната песна“.

Плант исто бил и под влијание на Џ.Р.Р. Толкин, чиишто серии на книги ги инспирирале текстовите на некои претходни песни на Лед Цепелин. Најзначајни “Битката на секогаш повеќе”, “Маглив Планински Потскок”, „Без Четвртина“, “Продолжи да вревиш” и “Преку ридовите и во далечина” содржејќи строфи реферирајќи ги „Господар на прстените“ и „Хобитот“. Разговорно, Плант понекогаш употребувал по едноставни блуз-засновани текстови справувајќи се примарно со сексуална двосмисленост, како во “Лимоновата Песна”, “Фатен под стапалото” и „Црно куче“.

Велшката митологија исто формира основа на Плантовите интереси во мистични текстови. Тој пораснал близу до Велшката граница и често користел летни патувања до Сновдонија. Плант купил Велшка овчарска фарма во 1973, и почнал да зема часови по Велшки и да навлегува во митологијата на земјата( како во Црната Книга на Карматтен, Кнагата на Талиесин, итн.) Плантовиот прв син Карач,бил именуван по Велшкиот воин Каратакус. Песната “Bron – Y- Aur Stomp” е именувана по Велшка Вила од 18 век Bron – Yr – Aur, која ја поседувал пријател на татко му, која подоцна ја инспирирала песната “ Bron-Yr-Aur”. Песните “Маглив Планински Потскок”, “Тоа е начинот” и „рани претставки во тоа што подоцна ќе стане” „Скалило до рајот” биле напишани во Велс и лирично ги рефлектирараат Плантовотовите мистични погледи на земјата. Критичарот Стив Турнер предлага дека Плантовите рани и продолжени искуства во Велс послужиле како основа за неговитот раширен интерес во митологиите накои тој се навраќа во неговите текстови( вклучувајќи ги мит системите на Толкен и Скандинавските).

Страста за различни музички искуства го одвела Плант да ја истражува Африка. посебно Маракеш во Мароко каде тој се сретнал со Ум Култим.

Јас бев заинтригиран од музичките ноти, на почеток, и очигледно вокалната работа. Начинот накојшто таа пееше, начинот на којшто таа можеше да ја издржи нотата, можеше да се почувствува тензијата, можеш да каже дека сите, целиот оркестар,ќе ја држи нотата додека таа не одлучи да смени.

Таа музичка инспирација последователно кулуминирала во класичната снимка “Кашмир” ( што не е во Северна Африка, туку во Индија). Двајцата тој и Џими Пејџ се навратиле на овие влијанија за време на нивната повторна соработка во изработката на албумот “Без Четврт: Џими Пејџ и Роберт Плант без правец “ во 1994. Во неговата соло кариера, Плант повторно често црпи од овие влијанија, најзабележително во албумот “Земја на соништата” од 2002.

Дискутабилно едно од Плантовите најзначајни достигнувања со Лед Цепелин е неговиот придонес на песната “ Скалила до рајот”, епска рок балада, поставена на Лед Цепелин IV која црпи влијанија од фолк, блуз, Келтска традиционална музика и хард рок помеѓу остантите жанрови. Поголемиот дел од текстот од песната бил пишуван спонтано од Плант во 1970 во Хедли Гранџ.Иако никогаш не била издадена како сингл, песната била на врвот на топ листите како најдобрата песна на сите времиња на најразлични листи ширум светот.

Плант е исто познат по неговите текстуални импровизации во изведбите во живо на Лед Цепелин, најчесто пеејќи стихови кои се претходно нечуени на студиските снимки. Една од најпознатата музичка опрема на Лед Цепелин го вклучува Плантовото гласовно мимикување на гитара ефектите на бенд членот Џими Пејџ. Ова може да биде слушнато во песните “Уште колку пати”, “Обземен и збунет”, “Лимоновата Песна”, “Ти ме растресе”, “Ничија вина освен моја” и “Повторно Болен”.

Тој е исто познат по неговото живо, хумористично и невообичаено шегачење на сцена најчесто наречено” плантинирање”. Плант најчесто ги дискутира потеклото и позадината на песните за време на претстави, а понекогаш и дава социјален коментар исто така. Тој често збори за Американски блуз музичари и неговата инспирација, спомнувајќи артисти како Роберт Џонсон, гитаристот на “Завивачкиот Волк” Слепиот Вили Џонсон, и Вили Диксон на почетната церемонија на рокенрол холот на славните и на концертот посветен на Ахмет Ертекун во 2007 година со Лед Цепелин.

Сценска личност уреди

Плант ужива голем успех со Лед Цепелин во седумдесеттите и развива неодолива слика на харизматичен рок – ен- рол водечки пејач, слично на неговиот современик од The Who, пејачот Роџер Далтрев ( кој го присвоил изгледот во доцните 1960- ти), Мик Џегер од Роллинг Стоунз, и неговиот друг колега современик, Џим Морисон од Доорс. Со неговата грива на долга руса коса и моќната појава со голи-гради, Плант помогнал да се создаде “бог на рокенролот” или “ рок бог” архитипот. На сцена, Плант е исклучително активен на живи сквирки, често танцува, скока, подрипнува, аплаудира. прави гестикулации за да назначи некој дел од текстот или удар на чинела тапани, или замавнување напред назад со глава, или ставајќи ги рацете на колковите.Како што 1960-те и 1970-те напредувале, тој заедно со останатите членови на Лед Цепелин, постанува по разгорен на сцена и носи по детализирани алишта со живи бои и накит. Според списанието Класичен Рок, откако Плант имал одминато две турнеи по УС, “Перси’’ Плант брзо развива застрашувачки степен на напредок и позитивно мнение кое непобитно придава на брзо пораснатата Лед Цепелинова атрактивност. Во 1994, за време на неговата “ Без Правец” турнеја со Џими Пејџ, Плант самиот хумористично се осврнал на неговиот Лед Цепелин мајсторлак:

Јас не можам да ја земам мојата цела персона како пејач тогаш многу сериозно.Не е некоја одлична работа на убавина и љубов да се биде рокенрол пејач. Така да јас зедов неколку покрети од Елвис и еден или два од Сони Бој Вилијамсон II и од “Завивачкиот Волк” и ги измешав сите заедно.

Периодот по Лед Цепелин (од 1982) уреди

Соло кариера уреди

По разделувањето на Лед Цепелин во 1980 (следејќи ја смрта на Џон Бонхам), Плант брка усшешна соло кариера започнувајќи со “Слики на Единаесет” во 1982, следено од “ Принципоте на Моментите ” во 1983. Популарни песни од овој период ги вклучуваат “Голем трупец” ( Топ 20 хит во 1983) “ Во расположение” (1983) “Малку по малку” (од албумот во 1985 “ Протресено и Промешано”), “ Еден Висок Ладен” (бр.25 хит на 1988 Сега и Зен) и ”Јас Верувам” (од албумот во 1993 Судбина на Нации), уште една песна напишана и посветена на неговиот починат син Карач. Во 1984, Плант формира кратко-постоечка се ѕвезди група со Џими Пејџ и Јеф Бек наречена Медотечачи, која имаше бр.3 хит со преработка на песната на Фил Филипс “Море од љубов” и следен хит со навраќање на Рој Брауновиот “ Клацлање на полноќ”. Иако Плант избегнувал да изведува песни на Лед Цепелин во поголемиот дел од овој период, неговите турнеи во 1983 (со тапанарот Фил Колинс) и 1985 беа многу успешни, и често распродадени и изведувани на места со големи арени.

Преку 1980-ти и 1990-те, Плант како ко-текстописец прави три соло албуми со синтисајзеристот/текстописецот Фил Џонстон, Сега и Зен, Манична Нирвана и Судбината на Нациите ( во кој се појавува и Маире Бренан од Каннад).Џонстон бил тој кој го наговорил Плант да свири Лед Цепелин песни во неговите живи свирки, нешто на кое Плант се опирал, не сакајќи засекогаш да биде познат како “Поранешниот вокалист на Лед Цепелин.”

Иако Лед Цепелин се разделија во 1980, Плант и Пејџ повремено соработуваа на одредени проекти вклучувајќи го албумот Медотечачите: Волумен 1 во 1984 (никогаш не е направен Волумен 2). Во пролета две години подоцна Роберт има изведба на Бирмингемскиот Откуцај на Срцето Хуманитарен концерт 1986. Парот повторно работи заедно во студио во 1988 на Пејџовиот обид за соло “ Outrider”, и во истата година Пејџ придонесува на Плантовиот албум Сега и Зен. Исто на 15 мај 1988 Плант се појавува со Пејџ како член на Лед Цепелин ( и со негово право како соло артист) на концертот по повод 40 годишнината на Атлантик Рекордс.

Како Пејџ и Плант (1994- 1998) уреди

Пејџ и Плант стануваат потполен изведувачки пар од 1994 па до 1998. издавајќи го албумот “ Без насока во 1994 пропратен со неверојатно успешна турнеја во 1995. Плант и Пејџ го снимаат нивниот единствен пост- Целелин албум од оригинален материјал на албумот од 1998 Пропешачување во Кларксдејл, обид кој беше комерцијално неуспешен, наведувајќи го Плант да се врати на својата соло кариера. Песна од овој албум “ Те молам прочитај го писмото”, беше пре-снимена од Плант со Алисон Краус освојувајќи ја Греми наградата за плоча на годината во 2009.

Со Приори од Брион (1999 – 2000) уреди

Започнувајќи во средината на 1999. Плант изведува до крајот на 2000 на неколку мали места со неговиот фолк- рок бенд именуван Приори од Брион.

Во 1999. Плант придонесува во албумот посветен за Моби Грејп, соосновач на Скип Спенце, кој беше неизлечиво болен.Албумот, “Повеќе весла: Посвета на Скип Спенце Албум” (Птичарот, 1999) ја содржи Плантовата верзија на Спенцовите “Мали Раце“. Плант бил обожавач на Спенце и Моби Грејп од издавањето на Моби Грејповиот епонимиен деби албум во 1967.

Во 2001, Плант се појавува на албумот на Афро Келт Соунд Систем, “ Волумен 3: Понатаму во Времето.” Песната “Животот започува одново” претставува дует со Велшкиот фолк пејач Џули Марфи, назначувајќи ги Плантовите повторни интереси во Велшката култура. (Марфи исто оди на тура во поддршка на Плант).

Во 2001 тој исто ја снима “ Без четврт” со Џими Пејџ: Четиринаесет години на шпекулации од нивните обожаватели и повременото темпирање помеѓу двата поранешни членови завршило кога Џими Пејџ и Роберт Плант од Лед Цепелин го обновиле нивното претходно музичко партнерство правејќи ја “Без Четврт.” Долго време тие се опирале на понудата на ем-ти-ви да направат измени и да имаат акустично шоу, и на крај се согласиле како дел од договорот кој им овозможил да го посетат Мароко за да го снимаат новиот метерјал. Албумот ги комбинира резултатите на двата од овие проекти.Лед Цепелиновиот материјали вклучува нови аранжмани и нови инструменти, вклучувајќи и жици, Египетски музичари и воодушевувачките вокали на Британско-Азијската ѕвезда Најма Актар.

Со „Чудна сензација“ (2001 – 2007) уреди

Во 2002, со тогаш неговиот новооформиран бенд „Чудна сензација“. Плант издава нашироко призната колекција од најмногу блуз и фолк преработки, “Земја на соништата”. Како контраст на оваа пријатна колекција на често непознати преработки, вториот албум на Чудна Сензација, “Mоќниот Прередувач”(2005), содржи нови, оригинални песни. И двата добиваат некои од нај придонесувачките критики за Плантовата соло кариера и четири греми номинации, две во 2003 и две во 2006.

Како поранешен член на Лед Цепелин, заедно со Пејџ и Џон Пол Џонс, Плант добива греми награда за Животно остварување во 2005 како и Полар Мјузик награда во 2006.

Од 2001 до 2007, Плант е активен на турнеите во Америка и Европа со Чудна Сензација. Неговите сетови типично вклучуваат скорашни, не само, соло материјали и многу од Лед Цепелиновите омилени, често со нови или проширени аранжмани.ДВД именувано Сценски звук; Роберт Плант и Чудна Сензација, вклучувајќи ги неговите Сценски звук изведби (снимен во Сценски звук Студиото во Чикаго на 16 септември 2005), беше издадено во октомври 2006.

На 23 јуни 2006 година, Плант беше прва постава ( поддржан од Ијан Хунтеровиот бенд) на хуманитарниот концерт за Артур Ли, во Бекон Театарот во Ну Јорк, шоу кое собираше пари за Лиовите медицински трошоци од неговата битка со леукемијата. Плант и бендот изведоа тринаесет песни – пет од Артур Ли и Њубов, пет Лед Цепелин песни и три останати вклучувајќи и дует со Ијан Хунтер.На концертот, Плант и кажал на публиката за неговата голема воодушевеност од Артур Ли која датирала наназад од средината на 60-те. Ли починал од неговата болест шест недели по концертот. Опширен сет од неговата соло работа, Девет Животи, е издаден во ноември 2006, во кој се опфатени сите негови албуми со различни б-страни, демо и во живо исечоци.Сетот бил придружуван од ДВД. Сите негови соло материјали беа ре-издадени со овие екстра снимки поединечно.

Во 2007 година, Плант придонесува две снимки за албумот со посвета на Фатс Домино, “Одејќи си дома: Посветено на Фатс Домино”, “Продолжува да врне” со Лил Бенд О’Голд и “ Долина на солзите” со Д Совето Гослел Хорот.

Со Алисон Краус (2007-2008) уреди

Од 2007-2008, Плант снима и изведува со блуграс ѕвездата Алисон Краус. Дует албумот “ Песок кој се покрева”, беше издаден на 23 октомври 2007 од Роундер Рекордс.Албумот, сниман во Нешвил и Лос Анџелес и продуциран од Т-Боне Бурнет, вклучува изведби од помалку познат материјал од РиБ, Блуз, Фолк и Кантри текстописци какоМел Тилис, Товнес Ван,Занд,Џин Кларк,Том Ваитс,Док Ватсон,Литле Милтон, и браќата Еверли. Песната “Заминат, заминат,заминат (сторено и продоложено понатаму” од “ Песок кој се покрева” освои Греми за најдобра поп соработка со вокали во 2008. “ Песок кој се покрева” исто освои и албум на годината на 51-те Греми Награди. Албумот е успешен критично и комерцијално, и доби платински сертификат на 4 март 2008.

Плант и Краус започнуваат продолжена турнеја низ Америка и Европа во април 2008, свирејќи музика од “ Песок кој се покрева” и останати дела од аАмериканските корени како и преработени Лед Цепелин песни, Албумот беше номиниран за Меркури наградата во јули 2008.Исто во 2008, Плант настапува со блуграс музичари на Џез и Наследство Фестивалот во Њу Орлеанс и Бонаро Музика и Уметност Фестивалот.Тој се појави како изненадување за време на Фаирпорт Конвенција сетот на Кропреди Фестивалот во 2008, изведувајќи ја Лед Цепелиновата “Битката на секогаш повеќе” со Кристина Донаху како посвета за Санди Дени. Во Октомври 2008, било соопштено дека Плант, соработувал на албум од оригиналниот Феирпорт вокалист Џуди Дубле, но албумот не бил материјализиран.

На 8 февруари 2009, Плант и Краусс освојуваат Греми Награди за Албум на годината, Плоча на годината, поп соработка со вокали, кантри соработка со вокали, и современ фолк/Американа Албум.

Во 2010 година, Плант реализира животно долга абиција со настап во живо на стадионот „Молине“, дом на фудбалскиот клуб „Вулверхемптон Вондерерс“. Плант настапува со аматерскиот бенд „Без резерва“.

Со „Бендот на радоста“ (2010) уреди

Во јули 2010, Роберт Плант излегува на 12 дневна летна турнеја во Америка со нова група наречена Бендот на Радоста ( репризирајќи го името на неговиот прв бенд од 1960). Групата е составена од пејачот Пати Грифин, пејач-гитаристот Буди Милер, мулти –инструменталистот и вокалист Дарел Сцот, басист-вокалистот Бајрон Хоусе, и тапанар –вокалисот Марко Џовино.

По уникатно шоу во Америка на 12 септември 2010 во Бовери Балрум во Њујорк, уште една 11 дневна, есенска турнеја во Европа беше најавена да трае од Октомври до Ноември 2010, Датите за турнејата во Северна Америка беа најавени за Ноември 16-ти, со првото шоу да биде на 18 јануари,2011 во Ашвил, Северна Каролина.

Нов студиски албум наречен „Бенд на радоста“ беше издаден на 13 септември 2010 од Роундер Рекордс.

Проекти поврзани со „Лед Цепелин“ уреди

Плант изведува со живите членови од Лед Цепелин на 13 јули 1985 за Ливе Аид ( со Фил Колинс и Тони Томпсон на тапани) и на 15 мај 1988 за 40 годишнината на Атлантик Рекордс. На здружувањето во 1988, Џејсон Бонхам, синот на починатиот Лед Цепелинов тапанар Џон Бонхам, свиреше на тапани. Двете групи вклучуваа само неколу песни, изведени со мининмална проба претходно, Плант не беше среќен ни со едната од тие изведби, велејќи дека е како “да спиеш со бившата жена без да водиш љубов со неа.” Во 1990 на победничкиот концерт на Силвер Клеф Наградувањето во Небворт, Плант бил придружуван од Џими Пејџ, Дел од нивното претставување беше издадено на одделни албуми во живо и на видео. Во 1995, Лед Цепелин беше запишан во рон-ен-рол холот на славните, и Плант настапуваше на свеченоста со Џими Пејџ, Џон Пол Џонс,Џасон Бонхам, Неил Јоунг, Стивен Тајлер и Џо Пери, изведувајќи верзии со душа на песните “Донеси го дома”, “Пчела”, “Кога ќе попушти ровот. ”

По години од гласини за здружување, Лед Цепелин изведува двочасовно шоу на 10 декември 2007 на концертот посветен на Ахмет Ертеки, со Џејсон повторно на тапани. Покрај огромното побарување на јавноста, Плант одби понуда од 200 милиони долари да настапува на турнеја со Лед Цепелин после шоуто во 2007. Во интервјуата кои следеа после шоуто во 2007 тој остави отворена врата за можни понатамошни настапи со Лед Цепелин, велејќи дека тој уживал во здружувањето и почувствувал дека шоуто било музички јако. Иако Пејџ, Џонс и Бонхам ја изјавиле нивната силна желба да имаат турнеја како Лед Цепелин, Плант постојано се противи на целосна турнеја и одговара негативно на прашањето за уште едно Лед Цепелин здружување. Во интервју во јануари 2008 Плант рекол:” Јас нема да сум на турнеја со Лед Цепелин или било кој друг во наредните две години.Секој кој би купил Лед Цепелин билети ќе купи лажни билети.”

Влијание уреди

Роберт Плант е еден од најбитните пејачи во рок-музиката и го има пренесено своето влијание на многу од неговите современици, вклучувајќи го Гиди Ли, Ен Вилсон, Сами Хагар и, подоцнежни рок вокалисти како Џеф Букли и Џек Вајт кои постојано го имитираат неговиот сценски настап. Фреди Меркјури од Квин и Аксел Роуз од Гунс анд Розес биле исто под влијание од Плант. Енциклопедија Британика забележува “ Претерувајќи го вокалниот стил и изведувачка палета на блуз пејачи како Завивачкиот Волк и Муди Њатерс, (Роберт) Плант создаде звук кој дефинира многу хард рок и хеви метал пеења: на висока нота и голема врева, гласен волимен и емотивно празнавање.Плант ја добива Небворт Силвер Клеф Награда во 1990.

Во 2006, хеви метал магазинот „Хит Парадер“, го именува Плант за бр.1 на нивната листа од 100 најголеми метал вокалисти на сите времиња, листа која ги вклучувала Роб Халфорд (2), Стивен Тјлер(3), Фреди Меркјури(6) и Гиди Ли (13), Паул Станли(18) сите кои биле инспирирани до Плант.Во 2008, Роллинг Стоунз магазинот го именува Плант како бр.15 на нивната листа од 100 Најголеми пејачи на сите времиња.Во 2009, тој е изгласан за “најдобриот глас во рок” во гласање спроведено од Планет Рок. Плант беше назначен со Командир на редот на Британското Царство (КБЕ) во Новогодишните Чести 2009 за неговите придонесувања во популарна музика.Тој беше вклучен во листата од 2009 на Ку Магазинот за “изведувач на деценијата” и беше на 8-то место на нивната листа од 100 најголеми пејачи во 2007. Во 2009, Плант исто ја освојува наградата за Неверојатен придонес за музика на Ку Авардс. Тој беше на 3-то место на СПИН листата од “ 50-те Најдобри рок фронтмени на сите времиња”.

Во 2010 година бил снимен документарен филм посветен на Плант, со наслов „Роберт Плант: Јас самиот“ (Robert Plant: By Myself), во режија на Крис Родли.[1]

Наводи уреди

  1. Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017.