Гордана Куиќ
Гордана Куиќ (Белград, 29 август 1942 — Белград, 13 јануари 2023)[1] — српска писателка.[2]
Гордана Куиќ | |
---|---|
Куиќ во 2015 | |
Изворно име | Гордана Куић |
Роден/а | 29 август 1942 Белград, Србија под германска окупација |
Починат/а | 13 јануари 2023 Белград, Србија | (возр. 80)
Занимање | Писателка |
Жанр | Современ |
Значајни дела | Мирисот на дождот на Балканот |
Роднини | Лаура Папо Бохорета (тетка) |
Животопис
уредиКуиќ е родена како ќерка на Методије Куиќ, Србин од Мостар, и Бланка Леви, сефардска Еврејка од сиромашно сараевско семејство.[3]
Дипломирала англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград и во Њујорк.
Работела како советник за англиски јазик во Американската амбасада во Белград, како консултант во Белград, како и администратор за англиски јазик во Источна Европа и за хуманитарна помош за поранешните југословенски републики во Фондацијата Сорос во Њујорк.
Живеела и работела во Белград.
Дела
уредиРомани
уреди- Мирисот на дождот на Балканот (Мирис кише на Балкану)
- Цветање на липит на Балканот (Цват липе на Балкану)
- Самрак на Балканот (Смирај дана на Балкану)
- Духови над Балканот (Духови над Балканом)
- Легендата за Луна Леви (Легенда о Луни Леви)
- Бајката за Бенјамин Барух (Бајка о Бенјамину Баруху)
- Балада за Бохорета (Балада о Бохорети)
Останати дела
уреди- Преостанати раскази (33 раскази)
- Од другата страна на ноќта (17 раскази)[4]
Екранизации и адаптации
уреди- Снимена ТВ-серија (тринаесет епизоди) заснована на романот „Цветањето на липите на Балканот“. Продуцент: РТС, Режија: Иван Стефановиќ
- Снимена ТВ-серија според романот „Мирисот на дождот на Балканот“. Продуценти: РТС и Кино Дизајн, Режисер: Љубиша Самарџиќ[5]
- Филм заснован на романот „Мирисот на дождот на Балканот“. Напишано е и сценариото за филмот „Смирај дана на Балкан“.
- Во драматизација на Небојша Ромчевиќ, била напишана драмата „Мирисот на дождот на Балканот“ премиерно изведена во Белград на 12. април 2009 година во Мадленианум.
- „Мирисот на дождот на Балканот - балет за Рика“ премиерно прикажан во Сараево во 1992 година, а во Белград истата година на БЕМУС.
Наводи
уреди- ↑ „Преминула књижевница Гордана Куић“. SEECult. 15 јануари 2023. Посетено на 15 јануари 2023.
- ↑ Српско књижевно друштво/Гордана Куић
- ↑ „Gordana Kuić: Moj maturski rad pregledao je Ivo Andrić“. Blic.rs.
- ↑ Новости/Интервју,Са друге стране ноћи
- ↑ „Вива магазин/Екранизација Мирис кише на Балкану“. Архивирано од изворникот на 22. 01. 2014. Посетено на 26. 01. 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help)