Александар Белиќ
Александар Белиќ (српски: Александар Белић, Белград, 2 август 1876 - Белград, 26 февруари 1960) бил македонист, филолог, професор и ректор на Универзитетот во Белград, претседател на САНУ и член на повеќе српски и странски организации. Неговата дејност во македонската историја и Македонистика е констраверзна бидејќи бил застапник на великосрпските идеи и тврдел дека македонските дијалекти се српски.[1] Сепак, тој дал одреден придонес при елаборирање на некои македонски говори.
Александар Белиќ | |
---|---|
Роден/а | 15 август 1876 Белград, Србија |
Починат/а | 26 февруари 1960 Белград, НР Србија, Југославија | (возр. 83)
Занимање | писател и лингвист |
Јазик | српски |
Животопис
уредиОсновно училиште завршил во Белград. Студиите по филологија ги започнал во Белград и ги продолжил во Москва и Одеса. По завршувањето на студиите го повикале да остане на катедрата по лингвистика и филологија на Универзитетот во Москва, но тој се вратил во Србија каде во 1899 година е поставен за доцент на Високата школа. Потоа една година поминал во Германија на усовршување каде и ја одбранил докторската десертација. Десертацијата е објавена на германски јазик во два дела. Подоцна станал редовен професор на Универзитетот во Белград.
Библиографија
уреди- Дијалекти источне и јужне Србије, (Дијалекто на источна и јужна Србија)
- Дијалектолошка карта српског језика, (Дијалектолошка карта на српскиот јазик)
- Акцентске студије, (Акцентски студии)
- О двојини у словенским језицима, (За двоините во словенските јазици)
- Галички дијалект, (Галички дијалект)
- О језичкој природи и језичком развитку (1941.), (За јазичната природа и јазичниот развој)
- Правопис српско-хрватског књижевног језика (1923.). (Правопис на српскохрватскиот книжевен јазик)
Наводи
уреди- ↑ „Периодизација на историјата на македонскиот јазик, Марјан Марковиќ, Скопје“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2011-01-27.
Надворешни врски
уреди- Големиот следбеник на Вук („Глас јавности“, 9 ноември 2000.) Архивирано на 28 октомври 2009 г.
- Доживотен претседател на САНУ („Глас јавности“, 10 ноември 2000.) Архивирано на 19 јануари 2012 г.
Академски функции | ||
---|---|---|
Претходник Богдан Гавриловиќ |
Претседател на Српската академија на науките и уметностите 1937–1960 |
Наследник Илија Ѓуричиќ |
Претходник Владимир К. Петковиќ |
Ректор на Универзитетот во Белград 1933–1934 |
Наследник Владимир Ќоровиќ |