Михаил Ренџов
Михаил Ренџoв (Штип, 25 август 1936) е поет, прозаист и преведувач.[1]
Основни биографски податоци
уредиПоет, прозаист и преведувач. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.
Творештво
уреди- Иселеник на огинот, (поезија, 1965)
- Ноќно растење на зборот, (поезија, 1967)
- Каде од оваа страна, (поезија, 1968)
- На работ од сонот, (поезија, 1972)
- Страв, (поезија, 1976)
- Полноќ, (поезија, 1979)
- Нерези, (поезија, 1982)
- Аутодафе, (поезија, 1985)
- Феникс, (поезија, сонети, 1987)
- Земја. Потоп, (поезија, 1991)
- Сонување патување, (книга за деца, 1991)
- Тој, (лирска поема, 1993)
- Шпил, (поезија, 1994)
- Вечната бесконечната, (поезија, 1996)
- Јас оксиморон, (поезија, 1998)
- Ангела сонува, (поезија за деца, 1998)
- Псалми, (поезија, 2000)
- Апокалипса, (драмска поема, 2002)
- Раскази за Захариј, (раскази, 2004)
- Сонети (поезија, 2010)
- Зраци (поезија, 2023)[2]
Препеви
уреди- Гилгамеш, асиро-вавилонски еп (3 изданија: 1994, 1997, 2000).
- Тиранија на сонот од Каролина Илика
- Мудрости и горчини од Дритеро Аголи
Награди
уреди- 1964 Награда на СВП за необјавена песна Архивирано на 14 септември 2016 г.
- 1966 ноемвриска награда на градот Штип за книгата „Иселеник на огнот“
- 1982 Награда Браќа Миладиновци на СВП[мртва врска] за книгата Нерези
- 1982 Награда „11 октомври“ за книгата Нерези
- 1993 Григор Прличев (награда за поема) за "Тој"
- 1997 Grand prix international - Romania
- 1998 Златно перо, за препевот на книгата „Мудрости и горчини“ од Дритеро Аголи
- 1999 Ацо Шопов (награда), за Јас Оксиморон
- 2000 Македонска номинација за наградата Балканика
- 2004 Рациново признание, за Раскази за Захариј[3]
- 2007 Foundation Ramkovski
- 2009 Григор Прличев (награда за поема) за "Предвесница"
- Григор Прличев (награда за препев) за препевот на книгата Тиранија на сонот од Каролина Илика
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 221.
- ↑ „Од зборови до зраци“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 16.
- ↑ „Михаил Ренџов добитник на Рациновото признание“. Дневник. 11 јуни 2004. Посетено на 8 јуни 2020.
Надворешни врски
уреди- Lyrikline — Михаил Ренџов рецитира 10 негови песни
Оваа статија македонски писател е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |