Ричард Бартон
Ричард Бартон (анг: Richard Burton; роден Ричард Волтер Џенкинс Џуниор; 10 ноември 1925 - 5 август 1984 ) бил велшки глумец[1] препознатлив по неговиот баритонски глас.[2] [3] Ричард Бартон се етаблирал како извонреден глумец во Шекспировите драми во 1950-тите, а исклучително добро го одглумил Хамлет во 1964 година. Критичарот Кенет Тинан го нарекол „природен наследник на Оливие“. Сепак, Бартон не успеал да ги исполни тие очекувања [4] и разочарал некои критичари и колеги, а неговата склоност кон алкохолизмот [3] придонела да стекне имиџ како одличен глумец кој залудно го потрошил својот талент.[3] [5] Сепак, тој се смета за еден од најпознатите глумци од неговата генерација.[6]
Ричард Бартон | |
---|---|
Ричард Бартон во Наметка (1953) | |
Роден(а) | Ричард Волтер Џенкинс Џуниор 10 ноември 1925 Понтридифен, Велс |
Починал(а) | 5 август 1984 Селињи, Швајцарија | (возр. 58)
Занимање | Глумец |
Активен период | 1943–1984 |
Сопружник | Сибил Вилијамс (в. 1949; раз. 1963) Елизабет Тејлор (в. 1964; раз. 1974) (в. 1975; раз. 1976) Сузи Милер (в. 1976; раз. 1982) Сели Хеј (в. 1983) |
Деца | 3 |
Ричард Бартон седум пати бил номиниран за Оскар, но не освоил ниту еден. Добил БАФТА, Златен глобус и Тони награди за најдобар глумец. Кон средината на 1960-тите, Бартон бил меѓу најпопуларните филмски ѕвезди.[7] На крајот од 1960-тите, Бартон бил еден од најплатените глумци во светот и добивал хонорари од преку 1 милион долари плус дел од бруто приходите.[8] Бартон во јавната бил познат и по бракот со неговата втора сопруга, глумицата Елизабет Тејлор. Турбулентната врска на двојката, во која двапати се венчале и двапати се разведувале, била ударна вест во тоа време.[9] Во Југославија бил познат и по тоа што го глумел Јосип Броз Тито во филмот „Сутјеска“ во режија на Стипе Делиќ.
Филмографија, други дела и награди
уредиОдбрани дела, врз основа на номинации за награди
година | Македонски наслов | Оригинален наслов | Награда | |
---|---|---|---|---|
1951 | Green Grow the Rushes | |||
1951 | The Lady's Not for Burning | Светска театарска награда | ||
1952 | Братучетка ми Рејчел | My Cousin Rachel | Награда Златен глобус за нова ѕвезда на годината – глумец Номинација - Оскар за најдобра споредна машка улога | |
1953 | Наметка | The Robe | Номинација - Оскар за најдобар глумец | |
1956 | Александар Велики | Alexander the Great | ||
1958 | Time Remembered | Номинација - Награда Тони за најдобар глумец во претстава | ||
1959 | Look Back in Anger | Номинација - БАФТА награда за најдобар британски глумец Номинација - Златен глобус за најдобар глумец - филмска драма | ||
1961 | Камелот | Camelot | Награда Тони за најдобар глумец во мјузикл | |
1962 | Најдолгиот ден | The Longest Day | ||
1963 | Клеопатра | Cleopatra | ||
1964 година | Бекет | Becket | Лорел награда за врвна машка драмска изведба Номинација - Оскар за најдобар глумец Номинација - Златен глобус за најдобар глумец - филмска драма | |
Хамлет | Hamlet | Номинација - Награда Тони за најдобар глумец во претстава | ||
1965 | The Spy Who Came in from the Cold | Награда БАФТА за најдобар британски глумец (исто така за Кој се плаши од Вирџинија Вулф?) Награда Дејвид ди Донатело за најдобар странски глумец Лорел награда за врвна машка драмска изведба Номинација - Оскар за најдобар глумец | ||
1966 | Кој се плаши од Вирџинија Вулф? | Who's Afraid of Virginia Woolf? | Награда БАФТА за најдобар британски глумец (исто така за Шпионот кој влезе од студот) Награда Бамби за најдобар меѓународен глумец Лорел награда за врвна машка драмска изведба Награда од Националното друштво на филмски критичари за најдобар глумец (второ место, изедначено со Макс фон Сидов за Хаваи) Награда од Њујоршката филмска критика за најдобар глумец (второ место) Номинација - Оскар за најдобар глумец Номинација - Златен глобус за најдобар глумец - филмска драма | |
1967 | Кротење на опаката | The Taming of the Shrew | Дејвид ди Донатело за најдобар странски глумец (изедначено со Питер О'Тул за Ноќта на генералите) Номинација - БАФТА за најдобар британски глумец Номинација - Златен глобус за најдобар глумец - филмски мјузикл или комедија | |
1969 | Anne of the Thousand Days | Номинација - Академија за најдобар глумец Номинација - Златен глобус за најдобар глумец - филмска драма | ||
1972 | Убиството на Троцки | The Assassination of Trotsky | ||
1973 | Масакр во Рим | Massacre In Rome | Награда за најдобар глумец од Меѓународниот филмски фестивал во Таормина | |
1973 | Сутјеска | |||
1976 година | Малиот принц (албум) | The Little Prince (Album) | Греми награда за најдобра снимка за деца (со Џонатан Винтерс и Били Симпсон) | |
1977 година | Equus | Награда Златен глобус за најдобар глумец - филмска драма Номинација - Оскар за најдобар глумец | ||
1984 година | Илјада деветстотини осумдесет и четврта | Nineteen Eighty-Four | Награда за најдобар глумец на Меѓународниот филмски фестивал Ваљадолид (споделена со Џон Херт) | |
Островот Елис | Ellis Island | Номинација- Primetime Emmy награда за извонредна споредна машка улога во минисерија или филм |
Библиографија
уредиДела од Ричард Бартон
- Burton, Richard (1964). A Christmas Story. William Morrow.
- Burton, Richard (2012). Williams, Chris (ed.). The Richard Burton Diaries. Yale University Press. ISBN 9780300192315.
Наводи
уреди- ↑ Obituary Variety, 8 August 1984
- ↑ Clarke, Gerald (20 August 1984). „Show Business: The Mellifluous Prince of Disorder“. Time Magazine. 124 (8). Посетено на 30 September 2013.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Maureen, Dowd (6 August 1984). „Richard Burton, 58, is Dead; Rakish Stage and Screen Star“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 30 April 2016. Посетено на 30 April 2016.
- ↑ Kalfatovic, Mary C. (2005). American National Biography: Supplement 2. New York, NY: Oxford University Press. стр. 64. ISBN 978-0195222029.
- ↑ Sellers, Robert (2009). Hellraisers: The Life and Inebriated Times of Richard Burton, Richard Harris, Peter O'Toole, and Oliver Reed. New York, NY: Thomas Dunne Books. стр. 145. ISBN 978-0312553999.
- ↑ Lesley Brill (13 October 1997). John Huston's Filmmaking. Cambridge University Press. стр. 94. ISBN 978-0-521-58670-2.
- ↑ „Quigley's Top Ten Box-Office Champions (1932–Present)“. Tony Barnes Journal. Архивирано од изворникот на 3 October 2013. Посетено на 29 September 2013.
- ↑ „Biography for Richard Burton (I)“. Internet Movie Database. Посетено на 29 September 2013.
- ↑ „Richard Burton: Life, 1957–1970“. The Official Richard Burton Website. 2012. Посетено на 20 May 2014.
Надворешни врски
уреди- Официјална веб-страница на Ричард Бартон
- Richard Burton </img>
- Richard Burton
- Ричард Бартон на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Richard Burton
- Richard Burton </img>
- Richard Burton
- Ричард Бартон на шоуто на Дик Кавет, Архивирано на 19 јули 2009 г. Archived , 17 јули 2009 година
Сопруг на Елизабет Тејлор | ||
---|---|---|
Претходник Еди Фишер |
Ричард Бартон 1964–1974; 1975–1976 |
Наследник Џон Ворнер |