Балтазар Нојман
Јохан Балтазар Нојман (германски: Johann Balthasar Neumann; 27 јануари 1687 - 19 август 1753) — германски воен инженер и архитект со свој карактеристичен стил на барокна архитектура, сплотувајќи австриски, чешки, италијански и француски елементи во своите проекти, создавајќи едни од најимпресивните зданија на своето време, меѓу кои се Вирцбуршкиот дворец и Базиликата на Четиринаесетте Свети Помошници („Фирценхајлинген“).
Балтазар Нојман Balthasar Neumann | |
---|---|
Портрет на Балтазар Нојман од Маркус Фридрих Клајнерт (1727) | |
Роден(а) | 27 јануари 1687 Егер, Чешко кралство |
Починал(а) | 19 август 1753 Вирцбург, Долна Франконија | (возр. 66)
Зданија | Вирцбуршки дворец, Базилика на Четиринаесетте Свети Помошници |
Животопис
уредиНојман е роден во Егер (Хеб) во областа Чешка. Во 1711 г. се преселил во Вирцбург, додека во 1717 нашол покровителство кај семејството Шенборн. Тој бил одговорен за сите градежни потфати на шенборнскиот кнез и епископ на Вирцбург. Нојман починал во Вирцбург, Германија.
Дела
уредиНајпознатото дело на Нојман е Вирцбуршкиот дворец, кој се смета за еден од најубавите и најускладени палати во Европа, а базиликата Фирценхајлинген некои ја сметаат за бисер на тој период.
Неговото последно дело е црквата на Посетата на Богородица, барокно ремек-дело кое се наоѓа близу Елтман на Мајна.
Паметници
уредиНеговиот лик може да се види на банкнота од поранешни 50 германски марки заедно со прочуеното скалиште во Вирцбуршкиот дворец. Нојман е овековечен на еден од фреските на Џовани Батиста Тјеполо во истиот дворец, прикажан во псевдовоена униформа, како се потпира врз топ. Тој се фалел дека таванот е така добро конструиран, што дури ни топ не може да го сруши.
Надворешни врски
уреди- Балтазар Нојман на Ризницата ?
- Енциклопедија на светската биографија (англиски)
- Јохан Балтазар Нојман — Католичка енциклопедија (англиски)