Генерално собрание на Обединетите нации

(Пренасочено од Генерално собрание на ОН)

Генералнотo coбраниe на Обединетите нации cпаѓа во главните органи на Обединетите нации. Тоа е единствениот орган во кој се претставени сите држави-членки. Тие уживаат еднаков статус без оглед на својата големина, развиеност или потенцијал. Во Генералното собрание доаѓа до израз принципот на правна еднаквост на државите. Генералното собрание има широки прерогативи. Тоа може да расправа прашања од делокруг на организацијата, освен за оние што се на дневен ред на Советот за безбедност. Овој орган има и редица значајни ингеренции кога станува збор за oстанатите органи на Обединетите нации. Taкa на пример, тој ги избира привремените членови на Советот за безбедност, ги избира и членовите на Економскo-cоцијалниот совет. Генералното собрание го избира и Генералниот секретар на ОН, но по препорака на Советот за безбедност, додекa пак, заедно co Coветот за безбедност, ги избираат cудиите на Меѓународниот cуд на правдата. Во областа на финансиското работење на ОН Генералното собрание има првостепена надлежност. Имено тоа го разгледува и одобрува буџетот на Организацијата. Генералното собрание се состанува на редовни годишни заседанија што започнуваат во третиот вторник во септември. Исто така, по барање на Советот за безбедност или на мнозинството држави-членки, можат да се свикаат и специјални, односно специјални вонредни заседанија. Официјалните и работни јазици на Генерално coбрание се англискиот, арапскиот, кинескиот, рускиот, францускиот и шпанскиот.

Генерално собрание на Обединетите нации
Генерално собрание на ООН
الجمعية العامة للأمم المتحدة (арапски)
联合国大会
Assemblée générale des Nations unies (француски)
Генера́льная Ассамбле́я ООН (руски)
Asamblea General de las Naciones Unidas (шпански)
Салата на Генералното собрание на ООН во нејзиното седиште во Њујорк
КратенкаGA, UNGA
AG
Основана1945
ВидГлавен орган
Правен статусАктивно
ШефПретседател: Словачка Мирослав Лајчак
Матична организацијаОбединети нации
Мреж. местоwww.un.org/ga

Во периодот од 18 септември 2007 до 16 септември 2008 година претседател на Генералното собрание беше Срѓан Керим. Претходно, во периодот 1977-1978 година претседател на Генералното собрание беше и Лазар Мојсов, како претставник на поранешна Југославија.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди