Мадона (пејачка)
Мадона Луис Чиконе (официјално Мадона, на англиски: Madonna Louise Ciccone или Madonna), родена на 16 август 1958 година, е американска пејачка, танчерка, текстописец, продуцент, актерка и писателка. Позната и како „Кралица на попот“, Мадона ја стекнала својата слава со нејзините иновативни музички спотови, изведби и често контроверзната употреба на сексуални и религиозни теми. Таа има добиено бројни награди во нејзината кариера и има издадено многу албуми.
Мадона | |
---|---|
Мадона настапувајќи на нејзината турнеја на бунтовничко срце во 2015 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Мадона Луис Чиконе |
Роден(а) | 16 август 1958 Беј Сити, Мичиген, САД |
Жанрови | Поп, Електроника, денс |
Занимања | Пејач-текстописец, актерка, танчерка, рекорд продуцент, режисер, автор, бизнисменка |
Инструменти | Вокали, гитара |
Период на активност | 1979–present |
Издавачи | Warner, Sire, Maverick, Interscope |
Мреж. место | madonna.com |
Мадона се смета за една од најголемите музички икони во историјата на популарната музика, како и за секс симбол на денешницата. Во 2000 година, Гинисовата Книга на Рекорди ја окарактеризирала Мадона како најуспешната женска музичка уметничка на сите времиња, со околу 120 милиони продадени албуми. „Ворнер Брос“, куќата која ги издава нејзините албуми, изјавила дека во 2005 биле продадени преку 200 милиони плочи на Мадона. Во 2005, на манифестацијата Најголем Американец, американската публика ја изгласала Мадона за една од шеснаесетте најзначајни жени во американската историја.
Животопис
уредиМадона Луиз Чиконе[1] е родена во Беј Сити, Мичиген. Таа е третото од шесте деца на Силвио „Тони“ П. Чиконе, инженер во „Крајслер“ од итало-американско потекло (таткото на Мадона води потекло од Пачентро, во регионот Абруцо, Италија) и Мадона Луиз Фортин, од франко-канадско потекло.[2] Мадона била одгледана во католичко семејство, во предградијата на Детроит - Понтијак и Рочестер Хилз. Мајката на Мадона починала од рак на дојката на триесетгодишна возраст, на 1 декември 1963 година, кога Мадона имала пет години. Мадона често зборува за влијанието на смртта на мајка си врз нејзиниот живот, нарекувајќи го „една од најтешките работи со кои се имам соочено во мојот живот“. Подоцна, нејзиниот татко се оженил со Џоан Густафсон (семејната дадилка) и имал две деца со неа.[3][4]
Таткото на Мадона сакал сите негови деца да земаат музички часови, но, по неколку месеци на пијано часови, Мадона го убедила својот татко да ѝ дозволи да зема часови по балет.[5] Таа се покажала како надарена танчерка. По матурирањето во Rochester Adams High School во 1976, таа добила стипендија за танцување на Универзитетот во Мичиген, каде што го запознала учителот по танц Кристофер Флин. Освен што ја подучувал, тој за првпат ја изложил во геј-дискотеките, момент кој подоцна ќе има големо влијание во музиката и стилот на Мадона. Во 1977 година, со охрабрување од Флин, Мадона го напуштила колеџот на крајот на втората училишна година и се преселила во Њујорк за да оствари танцувачка кариера.[6] За нејзиното доаѓање во Њујорк, Мадона вели: „Кога дојдов во Њујорк, тоа беше првпат да патувам со авион, првпат да патувам со такси, првпат за сè. А дојдов тука со 35 долари во мојот џеб. Тоа беше најхраброто нешто кое сум го направила.“[7]
Мадона имала финансиски проблеми во ова време, живеејќи во беда и работејќи за ниска плата. Исто така, таа работела и како нудистички модел. За сето ова време, таа учела со Марта Грахам[8] и Перл Ланг,[9][10][11] а подоцна танцувала со неколку компании за модерен танц, вклучувајќи ги и Елвин Ејли и Валтер Никс танчерите. Додека работела како танчерка за францускиот диско-уметник Патрик Ернандес (на неговата турнеја во 1979),[9] Мадона го запознала и станала романтично врзана за музичарот Дан Гилрој,[12] со кого ја формирала својата прва рок-група „Breakfast Club“. Освен како вокалист, таа била и тапанар и гитарист,[13] пред да ја формира групата „Еми“ во 1980 година со тапанарот и поранешен пријател Стефан Бреј.[14] Таа и Бреј напишале и продуцирале бројни диско и денс-песни кои го привлекле вниманието на њујоршките клубови, особено на ,,Денстерија" и ,,Канзас Канзас". Диџејот и продуцентот Марк Каминс бил доволно импресиониран од демото на Мадона за да го привлече вниманието и на основачот на Сер Рекордс - Сејмур Штејн.
Приватниот живот на Мадона бил многу бурен. Најпрвин, таа била во брак со глумецот Шон Пен.[15] Во 1995 година, Мадона започнала романтична врска со својот тренер по фитнес, Карлос Леон, со кого, една година подоцна, ја добила ќерката Лурдес Марија.[16] Набрзо по нејзиното раѓање, Мадона и Леон се разделиле.[17][18] Во 2011 година, Мадона стапила во врска со танчерот Брахим Заидбат, кој бил 30 години помлад од неа. Тој бил дел од тимот што ја придружувал Мадона на нејзината турнеја „МДНА“. Нивната врска се распаднала во 2014 година. Потоа, Мадона почнала да излегува со танчерот Тимор Стефен (кој, исто така, бил далеку помлад од неа, т.е. имал само 26 години), но врската се распаднала многу брзо, поради презафатеноста на Мадона.[19]
Дискографија
уреди- Madonna (1983)
- Like a Virgin (1984)
- True Blue (1986)
- Like a Prayer (1989)
- Erotica (1992)
- Bedtime Stories (1994)
- Ray of Light (1998)
- Music (2000)
- American Life (2003)
- Confessions on a Dance Floor (2005)
- Hard Candy (2008)
- MDNA (2012)
- Rebel Heart (2015)
- Madame X (2019)
Филмографија
уреди- Arthur and the (2006)
- Die Another Day (2002)
- Swept Away (2002)
- I Star (краток филм) (2001)
- The Next Best Thing (2000)
- Evita (1996)
- Girl 6 (1996)
- Four Rooms (1995)
- Blue in the Face (1995)
- Dangerous Game (1993)
- Body of Evidence (1993)
- A League of Their Own (1992)
- Shadows and Fog (1991)
- Dick Tracy (1990)
- Bloodhounds of Broadway (1989)
- Who's That Girl (1987)
- Shanghai Surprise (1986)
- Desperately Seeking Susan (1985)
- Vision Quest (1985)
- A Certain Sacrifice (1980)
Видеографија
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Everybody | 1982 | Ед Стеинберг |
Burning Up | 1983 | Стив Барон |
Lucky Star | 1984 | Артур Пиерсон |
Borderline | 1984 | Мери Ламберт |
Like a Virgin | 1984 | Мери Ламберт |
Material Girl | 1985 | Мери Ламберт |
Crazy For You | 1985 | Харолд Бекер |
Gambler | 1985 | Харолд Бекер |
Into the Groove | 1985 | Сузан Сеиделман |
Live to Tel | 1986 | Џејмс Фолеј |
Papa Don't Preach | 1986 | Џејмс Фолеј |
True Blue | 1986 | Џејмс Фолеј |
Open Your Heart | 1986 | Џејн-Баптиста Морино |
La Isla Bonita | 1987 | Мери Ламберт |
Who's That Girl | 1987 | Петер Росентал |
Like a Prayer | 1989 | Мери Ламберт |
Express Yourself | 1989 | Дејвид Фишер |
Cherish | 1989 | Херб Ритс |
Oh Father | 1989 | Дејвид Фишер |
Dear Jessie | 1989 | Дерек Хајс |
Vogue | 1990 | Дејвид Фишер |
Justify My Love | 1990 | Џејн-Баптиста Морино |
This Used To Be My Playground | 1992 | Алек Кешишиан |
Erotica | 1992 | Фабиен Барон |
Deeper and Deeper | 1992 | Боби Вудс |
Bad Girl | 1992 | Дејвид Фишер |
Fever | 1993 | Стефани Седнаои |
Rain | 1993 | Марк Романек |
I'll Remember | 1994 | Алек Кешишиан |
Secret | 1994 | Мелоди МекДаниел |
Take A Bow | 1994 | Мајкл Хаусман |
Bedtime Story | 1995 | Марк Романек |
Human Nature | 1995 | Џејн-Баптиста Морино |
I Want You | 1995 | Ерли Себастијан |
You'll See | 1995 | Мајкл Хаусман |
Love Don't Live Here Anymore | 1996 | Џејн-Баптиста Морино |
You Must Love Me | 1996 | Алан Паркер |
Frozen | 1998 | Крис Кунингам |
Ray Of Light | 1998 | Џонас Акерлунд |
Drowned World/Substitute for Love | 1998 | Валтер Стерн |
The Power of Good-Bye | 1998 | Метју Ролстон |
Nothing Really Matters | 1999 | Џохан Ренк |
Beautiful Stranger | 1999 | Брет Рејтер |
American Pie | 2000 | Филип Столзи |
Music | 2000 | Џонас Акерлунд |
Don't Tell Me | 2000 | Џејн-Баптиста Морино |
What It Feels Like for a Girl | 2001 | Гај Ричи |
Die Another Day | 2002 | Трактор |
American Life | 2003 | Џонас Акерлунд |
Hollywood | 2003 | Џејн-Баптиста Морино |
Me Against the Music | 2003 | Паул Хунтер |
Love Profusion | 2003 | Лук Бесон |
Hung Up | 2005 | Џохан Ренк |
Sorry | 2006 | Џејми Кинг |
Jump | 2006 | Џонас Акерлунд |
4 Minutes | 2008 | Џонас/Францис |
Give It 2 Me | 2008 | Том Мунро/Натан Рисман |
Celebration | 2009 | Џонас Акерлунд |
Give Me All Your Luvin | 2012 | Мегафорс |
Girl Gone Wild | 2012 | Мерт/Маркус |
Turn Up the Radio | 2012 | Том Мунро |
Living for Love | 2015 | J.A.C.K. |
Ghosttown | 2015 | Џонас Акерлунд |
Bitch I'm Madonna | 2015 | Џонас Акерлунд |
Medellín | 2019 | Diana Kunst,Mau Morgó |
Crave | 2019 | Nuno Xico |
Dark Ballet | 2019 | Emmanuel Adjei |
God Control | 2019 | Џонас Акерлунд |
Batuka | 2019 | Emmanuel Adjei |
Frozen (Fireboy DML Remix) | 2022 | Рикардо Гомес |
Frozen (feat. 070 Shake) | 2022 | Рајан Дрејк,Рикардо Гомес |
Hung Up on Tokischa | 2022 | Sasha Kasiuha /SKNX |
Popular | 2024 | Cliqua |
Наводи
уреди- ↑ Leonard & D'Acierno 1998, стр. 492.
- ↑ Taraborrelli 2002, стр. 10
- ↑ „The child who became a star“. www.telegraph.co.uk. Посетено на 2022-01-29.
- ↑ “How Madonna Became The Queen Of Pop” (English) August 1, 2023
- ↑ Cross 2007, стр. 10.
- ↑ „Madonna - A star with staying power(CNN Programs - People in the News)“. edition.cnn.com. Архивирано од изворникот на 2016-12-20. Посетено на 2022-01-29.
- ↑ Rettenmund 1995, стр. 45
- ↑ Polk, Milan (2019-04-22). „Everything We Know About Madonna's New Album Madame X“. Vulture (англиски). Посетено на 2022-01-29.
- ↑ 9,0 9,1 Anderson, Christopher (October 14, 1991). „Madonna Rising“. New York Magazine: 40–51.
- ↑ Menconi, David (June 7, 2015). „Madonna before she was Madonna – dancing at American Dance Festival“. The Charlotte Observer. Посетено на December 14, 2015.
- ↑ "Madonna: Queen of Pop". Hosted by Jim Wallasky. Biography. The History Channel. 5 minutes in.
- ↑ Connelly, Christopher (1984-11-22). „Madonna Goes All the Way“. Rolling Stone (англиски). Посетено на 2022-01-29.
- ↑ Morton 2001, стр. 47.
- ↑ „BRAY`S LOYALTY TO MADONNA PAYS OFF“. Chicago Tribune (англиски). Посетено на 2022-01-29.
- ↑ October 19, Sophie Dodd; Am, 2021 08:30. „Sean Penn's Relationship History Timeline: From Madonna to Leila George“. PEOPLE.com (англиски). Посетено на 2022-01-29.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ „Lourdes Leon: Everything We Know About Madonna's 23-Year-Old Daughter“. TheThings (англиски). 2020-05-06. Посетено на 2022-01-29.
- ↑ Taraborrelli 2002, стр. 288
- ↑ Cross 2007, стр. 134
- ↑ Наташа Спирова, „Џад Лоу падна на дадилката, на Лопес слабост ѝ се танчерите“, Антена, број 852, 24.20.2014, стр. 13.
Користена Литература
уреди- Cross, Mary (2007). Madonna: A Biography. Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0-313-33811-3.
- Leonard, George J.; D'Acierno, Pellegrino (1998). Italian American Heritage: A Companion to Literature and Arts. Taylor & Francis. ISBN 978-0-8153-0380-0.
- Morton, Andrew (2001). Madonna. London: Michael O'Mara Books. ISBN 978-1-85479-888-6.
- Rettenmund, Matthew (1995). Madonnica: The Woman & The Icon From A To Z. Macmillan. ISBN 978-0-312-11782-5.
- Taraborrelli, J. Randy (2002). Madonna: An Intimate Biography. Simon & Schuster. ISBN 978-0-7432-2880-0
Надворешни врски
уредиОфицијални:
- Madonna.com — Официјално мрежно место
- IconMadonna.com Архивирано на 23 август 2006 г. — Официјален фен-клуб
- MySpace.com/Madonna — Официјална "myspace" страница
Врски од интерес: