Кулио
Артис Леон Ајви Џуниор (англ. Artis Leon Ivey Jr.; 1 август 1963 ― 28 септември 2022),[3] професионално познат како Кулио (англ. Coolio) ― американски рапер. Прво се прославил како член на рап-групата WC и Maad Circle, но поголем успех Кулио постигнал како соло-пејач во 1990-тите по објавување на неговите албуми It Takes a Thief (1994), Gangsta's Paradise (1995) и My Soul (1997).
Кулио | |
---|---|
Кулио во 2002 настапува пред војниците од Армијата на САД во Босна и Херцеговина | |
Роден(а) | Артис Леон Ајви Џуниор август 1, 1963 Монесен, Пенсилванија, САД[1] |
Починал(а) | септември 28, 2022 Лос Анџелес, САД | (возр. 59)
Занимање |
|
Активен период | 1986–2022[2] |
Сопружник | Џозефа Салинас (в. 1996; раз. 2000) |
Деца | 10 |
Негова најпозната песна, за која што добил и Греми во 1995 година, е „Gangsta's Paradise“, а други популарни песни му се: „Fantastic Voyage“ (1994), „1, 2, 3, 4 (Sumpin' New)“ (1996) и „CU When U Get There“ (1997). По 1996 година, Кулио почнал самостојно да ги издава неговите албуми. Тој имал своја емисија на интернет „Готвење со Кулио“ (Cookin' with Coolio) и објавил книга за готвење.
Детство и младост
уредиАртис Леон Ајви Џуниор е роден на 1 август 1963 година во Монесен, Пенсилванија,[4] а најголем дел од детството го поминал во Комптон.[5][6][7] Неговата мајка работела во фабрика, а татко му бил столар. По разводот на неговите родители, кога тој имал осум години, со мајка му се преселиле во Комптон.[8] Во детството страдал од астма. Ајви како момче редовно ја посетувал градската библиотека. Почнал да рапува како тинејџер, и по шпанскиот пејач Хулио Иглесијас го добил прекарот Кулио Иглесијас, кој подоцна го скратил на Кулио.[9] Одлежал затворска казна за кражба.[10] Во 1980-тите станал зависен од крек, но се откажал од дрогата додека живеел со татко му во Сан Хосе.[8] По завршување на колеџ во Комптон, пред да стане рапер, работел како доброволец во противпожарна служба и како чувар на аеродромот во Лос Анџелес.[11][12]
Музичка кариера
уредиСвојот прв сингл под наслов „Whatcha Gonna Do?“ Кулио го снимил во 1987 година, а во 1991 година се приклучил на групата WC and the Maad Circle, предводена од раперот WC. Тој соработувал за првиот албум на групата Ain't a Damn Thang Changed, како и за песната „Dress Code“.[13]
Во 1994 година, Кулио потпишал со Tommy Boy Records и го издал својот прв соло албум It Takes a Thief. Водечкиот сингл „Fantastic Voyage“ бил често емитуван на MTV и се искачил на 3-то место на Billboard Hot 100.
Во 1995 година, Кулио ја објавил песната „Gangsta's Paradise“, во која се појавува и R&B пејачката L.V., а била снимена за филмот Опасни умови (Dangerous Minds). Оваа песна станала една од најуспешните рап песни на сите времиња, три недели била на врвот на Billboard Hot 100. Во САД била најголем хит за 1995 година за сите жанрови, а станала и глобален хит на врвот на топ листите на Обединетото Кралство, Ирска, Франција, Германија, Италија, Шведска, Австрија, Холандија, Норвешка, Швајцарија, Австралија и Нов Зеланд. „Gangsta's Paradise“ бил вторт најпродаван сингл во 1995 година во ОК. На Греми наградите во 1996 година, песната на Кулио му ја донела наградата Греми за најдобра рап соло изведба.[14]
Прво „Gangsta's Paradise“ не требало да биде вклучена во студиски албум на Кулио, но нејзиниот успех го натерало на Кулио не само да го стави на својот следен албум туку и да ја направи насловна песна. Песната „Gangsta's Paradise“ е заснована на песната од Стиви Вондер „Patime Paradise“ снимена скоро 20 години порано и ставена на албумот од Вондер Songs in the Key of Life. Албумот Gangsta's Paradise бил издаден во 1995 година и се продал во над два милиони примероци само во САД.[15]
Во 1997 година, Кулио го издал својот трет студиски албум, My Soul. Иако албумот имал платинест тираж, не успеал да го достигне успехот на неговите два претходни албума. Кулио потоа бил исфрлен од издавачката куќа Tommy Boy Records. Оттогаш, неговите следни албуми не успевале да се пласираат на <i id="mwwg">топ</i> листите.
Личен живот
уредиКулио имал десет деца,[16] од кои едно со неговата сопруга Џозефа Салинас, со која се оженил во 1996 година и се развел во 2000 година.[17] Во март 2022 година, за австралиски весник изјавил дека има пет внуци.[16]
Смрт
уредиНа 28 септември 2022 година, 59-годишниот Кулио бил пронајден во несвест на подот во бањата во стан на негов пријател во Калифорнија. Лекарите по пристигнувањето констатирале смрт. Менаџерот на Кулио изјавил дека се дека доживеал срцев удар.[18][19]
Кулио бил кремиран на приватна погребна церемонија. Дел од неговата пепел потоа била сместена во накит за неговото семејство, а другиот дел бил ставен во урна.[20] На 5 април 2023 година, судскиот совет во округот Лос Анџелес објавил дека Кулио починал од случајно предозирање со фентанил, хероин и метамфетамин.[21][22]
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- It Takes a Thief (1994) [23]
- Gangsta's Paradise (1995) [23]
- My Soul (1997) [23]
- Coolio.com (2001) [24]
- El Cool Magnifico (2002) [25]
- The Return of the Gangsta (2006) [25]
- Steal Hear (2008) [26]
- From the Bottom 2 the Top (2009) [24]
- Long Live Coolio (2023) [27]
Албуми во соработка
уреди- Ain't a Damn Thang Changed со WC and the Maad Circle (1991) [28]
Наводи
уреди- ↑ „Monessen native Coolio, "Gangsta's Paradise" rapper, dead at 59“ (англиски). CBS News. 2022-09-28. Посетено на February 6, 2023.
- ↑ Berry, Peter A. (August 1, 2018). „Happy Birthday, Coolio!“. XXL Magazine. Архивирано од изворникот May 31, 2020. Посетено на December 1, 2019.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Monessen native Coolio, "Gangsta's Paradise" rapper, dead at 59“. www.cbsnews.com (англиски). Посетено на February 6, 2023.
- ↑ Shafer, Ellise (September 29, 2022). „Coolio, Grammy-Winning 'Gangsta's Paradise' Rapper, Dies at 59“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на September 29, 2022. Посетено на September 29, 2022.
- ↑ Dasrath, Diana; Helsel, Phil (September 28, 2022). „Rapper Coolio dead at 59“. NBC News. Архивирано од изворникот на September 29, 2022. Посетено на September 29, 2022.
- ↑ „Monessen native Coolio, "Gangsta's Paradise" rapper, dead at 59“. CBS News. Архивирано од изворникот на October 1, 2022. Посетено на September 30, 2022.
- ↑ 8,0 8,1 Празен навод (help)
- ↑ „Coolio obituary | Rap | the Guardian“.
- ↑ Savage, Mark (September 29, 2022). „How Gangsta's Paradise changed the course of hip-hop“. BBC News. Посетено на October 9, 2022.
- ↑ Huey, Steve. „Coolio Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на June 15, 2016. Посетено на June 18, 2016.
- ↑ Sweet, Matthew (August 23, 1997). „Golfa's Paradise; Interview: Coolio“. The Independent. Архивирано од изворникот на August 13, 2016. Посетено на June 19, 2016.
- ↑ „Revisit & Listen to WC And The Maad Circle's 'Ain't A Damn Thang Changed' (1991) | Tribute“. Albumism.com. Архивирано од изворникот на October 1, 2022. Посетено на September 29, 2022.
- ↑ „Coolio wins rap Grammy – UPI Archives“. Upi.com. February 28, 1996. Посетено на September 29, 2022.
- ↑ Amos Barshad (August 10, 2011). „Nostalgia Fact-Check: How Does Coolio’s Gangsta’s Paradise Hold Up?“. Vulture.com. Архивирано од изворникот на June 14, 2022. Посетено на September 29, 2022.
- ↑ 16,0 16,1 Clark, Meredith (September 30, 2022). „Rapper Coolio revealed he had five grandchildren just months before his death“. The Independent. Посетено на October 9, 2022.
- ↑ Bentley, Rick (November 3, 2008). „Coolio and his kids put the "real" in reality TV“. Посетено на September 29, 2022.
- ↑ Dasrath, Diana (September 28, 2022). „Rapper Coolio dead at 59“. NBC News. Архивирано од изворникот на September 29, 2022. Посетено на September 29, 2022.
- ↑ Oxenden, McKenna; Medina, Eduardo (September 28, 2022). „Coolio, 'Gangsta's Paradise' Rapper, Dies at 59“. The New York Times. Архивирано од изворникот на September 29, 2022. Посетено на September 29, 2022.
- ↑ „Gangsta's Paradise rapper Coolio's final resting place revealed“. New Zealand Herald. October 7, 2022. Посетено на October 9, 2022.
- ↑ „Coroner says rapper Coolio died at 59 from effects of several drugs“. KABC-TV. April 6, 2023. Посетено на April 6, 2023.
- ↑ „Coolio's cause of death revealed as accidental fentanyl overdose: medical examiner“. Yahoo Entertainment (англиски). 2023-04-06. Посетено на April 7, 2023.
- ↑ 23,0 23,1 23,2 Brackett, N.; Hoard, C.D. (2004). The New Rolling Stone Album Guide. A Fireside book. Simon & Schuster. стр. 191. ISBN 978-0-7432-0169-8.
- ↑ 24,0 24,1 Trepany, Charles (September 29, 2022). „Coolio, rapper of hits 'Gangsta's Paradise,' 'Fantastic Voyage,' dead at 59“. USA Today. Посетено на September 29, 2022.
- ↑ 25,0 25,1 International Who's Who in Popular Music 2009. International Who's Who in Popular Music. Routledge. 2009. стр. 115. ISBN 978-1-85743-514-6.
- ↑ Vibe. Time Pub. Ventures, Incorporated. 2008. стр. 38.
- ↑ Buckle, Becky. „POSTHUMOUS COOLIO ALBUM ANNOUNCED WITH NEW SINGLE 'TAG, YOU IT'“. MixMag. Посетено на 16 April 2023.
- ↑ Keyes, C.L. (2004). Rap Music and Street Consciousness. Music in American life. University of Illinois Press. стр. 245. ISBN 978-0-252-07201-7.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Кулио на Facebook
- Coolio on Instagram
- Кулио на Семрежната филмска база на податоци (англиски)