Бастијан Швајнштајгер

Бастијан Швајнштајгер (германски: Bastian Schweinsteiger) — германски фудбалер. Роден е на 1 август 1984 во Колбермор кај Розенхајм, на југот на Баварија. Го викаат уште и „Басти“ (Basti) и „Швајни“ (Schweini).

Бастијан Швајнштајгер

Фудбалска кариера

уреди

Клупска

уреди

До 1992 играше за ФК Обераудорф, за наредните шест години (19921998) да ги помине во СК 1860 Розенхајм. Од 1998 игра за ФК Бајерн Минхен од Минхен. До половина сезона 2009/2010 одигра вкупно 207 натпревари за Бајерн и притоа постигна 21 гол.

Репрезентациска

уреди

Првпат заигра за Фудбалска репрезентација на Германија на 6 јуни 2004 во Кајзерслаутерн, на натпреварот против Унгарија. Во дресот на репрезентацијата, каде го носи број 7, играше 72 пати и погодуваше 19 пати.

Успеси

уреди

Награди

уреди
  • Најдобар фудбалер на Германија 2010 година во изборот на списанието Кикер.

Приватно

уреди

Швајнштајгер е познат по својот добар однос со соиграчите на теренот. Има своја навивачка колекција (маици, капи, шолји, стегачи и др.) која може да се најде на интернет, на неговата официјална страница. Неговиот брат Тобијас е исто така професионален фудбалер.

Надворешни врски

уреди