Владимир Југовиќ
Владимир Југовиќ (роден на 30 август 1969) — поранешен српски фудбалер, играч од средниот ред, кој воедно е и најтрофејниот српски фудбалер на сите времиња.
Владимир Југовиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 30 август 1969 | ||
Роден во | Милутовац, СФРЈ | ||
Држава |
Југославија Србија и Црна Гора (2003-2006) Србија (од 2006) | ||
Висина | м | 1,78||
Играчки податоци | |||
Позиција | Среден ред | ||
Повлекување | 2005 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1989-1992 | Црвена ѕвезда | 61 | (11) |
1990 | → Рад | 16 | (7) |
1992-1995 | Сампдорија | 81 | (18) |
1995-1997 | Јувентус | 56 | (8) |
1997-1998 | Лацио | 27 | (2) |
1998-1999 | Атлетико Мадрид | 17 | (3) |
1999-2001 | Интер | 39 | (3) |
2001-2003 | Монако | 19 | (0) |
2003-2004 | Адмира Вакер | 25 | (3) |
2004-2005 | Рот Вајс Ален | 19 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
1991-2002 | Југославија | 41 | (3) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Познат е по својот прекар Југо, како го нарекувале соиграчите.
Клупска кариера
уредиРаните години и настапите за Црвена Ѕвезда
уредиРоден во Милутовац, село во близина на Трстеник, СР Србија, (поранешна СФРЈ), Југовиќ играл фудбал за локалната екипа ФК Трстеник. До својата петнаесетта година учел школо и играл фудбал, за подоцна да го забележи тренерот на младинската школа на Црвена Ѕвезда, Томислав Миличевиќ кој го повикал во Белград. Тој бил дел од јуниорската екипа на Ѕвезда неколку години пред да биде пред да биде пратен на позајмица во екипата на Рад каде ги одиграл првите професионални натпревари во кариерата и одиграл фантастична сезона во која на 16 натпревари постигнал 7 гола (што е одлчно достигнување за млад играч од средниот ред). Тренер на екипата на Рад во тој период Љупко Петровиќ, кој веќе во следната сезона бил назначен за нов тренер на Црвена Ѕвезда и веднаш го вратил Југовиќ во својот матичен клуб. Така започнала кариерата на овој фудбалер во еден од најголемите клубови во Европа во тоа време.
Откако се утврдил во почетната постава на првиот тим на Ѕвезда, тој со својата упорност и големата работа што ја вршел во средината на теренот, многу бргу станал незаменлива фигура во тимот. Тој му помага на тимот да стигне до титулата во Европскиот куп во 1991 година кога бил еден од најдобрите на теренот во финалниот натпревар каде бил победен Олимпик Марсеј. Тој исто така бил во стратната постава и во натпреварот од Европскиот Супер Куп каде Црвена Ѕвезда е поразена од Манчестер Јунајтед со 1-0, како и во натпреварот од Интерконтиненталниот куп во Токио против чилеанскиот Коло Коло кога дал значаен придонес во победата на својот тим постигнувајќи ги првите два гола.
Сампдорија
уредиВо летото 1992 Југовиќ преоѓа во редовите на италијанскиот клуб Сампдорија. Своето деби во Серија А го направил на 6 септември 1992 во натпреварот Сампдорија-Лацио. Веќе на своето деби тој го постигнал и својот прв погодок за тимот, затресувајќи ја мрежата на Лацио во 38-мата минута со што го израмнил резултатот на 2-2. Натпреварот завршил нерешено 3-3. За време на неговиот тригодишен престој во Џенова тој успеал да освои уште еден трофеј во неговата кариера, откако триумфирал во Италијанскиот Куп во сезоната 1993-94. Во летото 1995 година Југовиќ заминал од Сампдорија и потпишал за Јувентус.
Јувентус
уредиПо завршувањето на сезоната 1994-95, Југовиќ направил трансфер од Сампдорија во италијанскиот гигант Јувентус за сума од 5.280.000 £. И покрај тоа што му бил пријатен престојот во Џенова, тој изјавил дека преминал во редовите на Јувентус од повеќе причини, но главната била таа што: за него Јувентус претставувал гордост на Италија. Тој веднаш му се допаднал на тренерот Марчело Липи и набрзо станува првотимец. Веќе во првата сезона тој го освојува својот втор трофеј во Лигата на шампионите, откако во финалето беше победен Ајакс на пенали со 4-2 по конечните 1-1 во 120 минути игра. Југовиќ во овој натпревар влегол како резерва пред крајот на првото полувреме на местото на Антонио Конте и токму тој го реализираше победничкиот пенал во четвртата серија со кој му ја донесе втората титула шампион на Европа на Јувентус.
Следната сезона Југовиќ со Јувентус ја освои Серија А. Тој постигнал два гола во убедливата победа на Јувентус над Милан со 6-1 на гости, нанесувајќи му го најтешкиот пораз дома на тогашниот актуелен првак (Милан) во последните 20 години. Југовиќ постигнал вкупно шест гола таа сезона во 30 натпревари и беше меѓу најдобрите 5 стрелци на клубот во оваа сезона. Тој исто така се закити и со насловот освоен во Токио (повторно, негов втор во ова натпреварување) во Интерконтиненталниот куп со победа над Ривер Плата. Југовиќ играше и во уште едно финале на Лигата на шампионите, но овојпат неговиот тим беше поразен од Борусија Дортмунд со 3-1.
Лацио
уредиВо сезоната 1997-98 Југовиќ настапувал во дресот на Римски Лацио по трансферот од Јувентус за сума од 3.520.000 £. Со Лацио дошол до уште еден наслов во Coppa Italia.
Подоцнежните години од кариерата
уредиЈуговиќ се преселил во Шпанија во сезоната 1998-99, каде заиграл за екипата на ФК Атлетико Мадрид, но по најлошата сезона во неговата кариера заради констатните повреди одиграл само 17 натпревари по што се вратил во Италија следната година. Тој потпишал со Интер во 1999 година, каде што поминал две сезони. Тој ја завршил својата кариера во дресот на германскиот второлигаш ЛР Ален, по престоите кој ги имал во Монако каде сорботувал со некогашниот соиграч од Јувентус Дидје Дешан (кој бил тренер на клубот во тој период) и Адмира Вакер.
Титули
уредиЦрвена Ѕвезда
уреди- Првенство на Југославија : 1990–91, 1991–92
- Лига на шампиони : 1990–91
- Интерконтинентален куп : 1991
Сампдорија
уреди- Куп на Италија : 1993-94
Јувентус
уреди- Серија А : 1996–97
- Суперкуп на Италија : 1995
- Лига на шампиони : 1995–96
- Интерконтинентален куп : 1996
- Суперкуп на Европа : 1996
Лацио
уреди- Куп на Италија : 1997-98
Надворешни врски
уреди- (англиски) Статистика на reprezentacija.rs Архивирано на 3 декември 2012 г.
- Владимир Југовиќ на transfermarkt