Дејан Манасков

Македонски ракометар

Дејан Манасков (26 август 1992, Кретеј, Франција[1]) — македонски ракометар кој настапува за Македонската ракометна репрезентација. Тој е постариот син на македонската ракометна легенда Пепи Манасков.

Дејан Манасков
Лични податоци
Име и презиме Дејан Манасков
Роден(а) 26 август 1992
Велес, Македонија
Националност Македонија Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1,81 м
Тежина 78 кг
Позиција лево крило
Клупски податоци
Тековен клуб РК Веспрем
Број 2
Сениорски клубови
?-2008
2008–2014
2015
2015–2016
2016–2017
2017–
РК Борец
РК Металург
РК Вецлар
РК Вардар
Рајн-Некар Левен
РК Веспрем
Репрезентација
  Македонија Македонија 38 (117)

Животопис уреди

Манасков е роден во францускиот град Кретеј, а кога имал две години, неговото семејство се преселило во германскиот град Хамелн, каде живеел во текот на четири години[2].

Кариера уреди

Во мај 2014 година, во изборот на специјализираниот портал "Хендбол планет", Манасков влегол во идеалниот тим на светот составен од млади ракометари, на позицијата лево крило.[3] Во јануари 2015 година, Манасков бил дел од репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Катар.

По големата финансиска криза во која западнал РК Металургг, во февруари 2015 година, Манасков го напуштил клубот и заминал во германскиот клуб „Вецлар“ за кого дебитирал на 14 февруари 2015 година.[4][5] Притоа, на втората одиграна средба за својот нов клуб, Манасков постигнал девет голови во натпреварот против „Мелзунген“, во кој неговиот тим изгубил со 29-31.[6] Во март 2015 година, РК „Вардар“ објавил дека потпишал тригодишен договор со Дејан Манасков, почнувајќи од сезоната 2015-2016, со важност до јуни 2018 година.[7]

Во сезоната 2016–2017 настапувал за Рајн-Некар Левен, додека следната 2017-2018 за РК Веспрем.

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 2011-06-14.
  2. „Манасков: Жал ми е за Металург“, Утрински весник, година XVI, број 4714, четврток, 19 февруари 2015, стр. 20.
  3. „Душебаев - најдобар млад ракометар во светот“, Дневник, година XVIII, број 5479, сабота, 31 мај 2014, стр. 21.
  4. „Катар ги мами Мојсовски и Вугринец“, Дневник, година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 23.
  5. „Караџовски го засили Куманово“, Утрински весник, година XVI, број 4714, четврток, 19 февруари 2015, стр. 20.
  6. „Манасков „експлодира“ против Мелзунген“, Утрински весник, година XVI, број 4715, петок, 20 февруари 2015, стр. 22.
  7. РК „Вардар“ - официјално мрежно место (пристапено на 12.3.2015)[мртва врска]