1892
< XVIII век | XIX век | XX век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1892 (MDCCCXCII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1892 година од новата ера, 892. од вториот милениум, 92. од XIX век и трета од 1890-тите.
Грегоријански календар | 1892 MDCCCXCII |
Ab urbe condita | 2645 |
Ерменски календар | 1341 ԹՎ ՌՅԽԱ |
Асирски календар | 6642 |
Бахајски календар | 48–49 |
Балиски календар | 1813–1814 |
Бенгалски календар | 1299 |
Берберски календар | 2842 |
Будистички календар | 2436 |
Бурмански календар | 1254 |
Византиски календар | 7400–7401 |
Кинески календар | 辛卯年 (мет. зајак) 4588 или 4528 — до — 壬辰年 (вод. змеј) 4589 или 4529 |
Коптски календар | 1608–1609 |
Етиопски календар | 1884–1885 |
Еврејски календар | 5652–5653 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1948–1949 |
- Сачка ера | 1813–1814 |
- Кали-југа | 4992–4993 |
Холоценски календар | 11892 |
Игбоански календар | 892–893 |
Ирански календар | 1270–1271 |
Исламски календар | 1309–1310 |
Јапонски календар | Мејџи 25 (明治25年) |
Јавански календар | 1821–1822 |
Јулијански календар | грегоријанската без 12 дена |
Корејски календар | 4225 |
Мингуо-календар | 20 пред Р. Кина 民前20年 |
Нанакшахи | 424 |
Тајландски сончев календар | 2434–2435 |
Тибетски календар | 阴金兔年 (женско железо-зајак) 2018 или 1637 или 865 — до — 阳水龙年 (машка вода-змеј) 2019 или 1638 или 866 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7400 и 7401 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6642 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5652 и 5653 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2645.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1892 година се протега во 4528 и 4529, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4588 и 4589 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2435. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1309 и 1310 исламска година.
Настани
уреди- 1 јануари - Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави.
- Во Софија се појавил весникот Лоза, весник на македонската емиграција во Бугарија, како орган на Младата македонска книжевна дружина.
- Петар Поп Арсов ја напиша „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“ под псевдоним Вардарски.
- Сергеј Василевич Рахманинов на свои деветнаесет години го напишал Првиот Концерт за клавир.
- 14 октомври - била издадена книгата Авантурите на Шерлок Холмс, збирка од дванаесет раскази со Шерлок Холмс од писателот Артур Конан Дојл.
Родени
уреди- 3 јануари - Џ. Р. Р. Толкин, англиски писател кој е автор на трилогијата Господарот на прстените.
- 11 март - Артур Хонегер, француски композитор од швајцарско потекло, еден од најистакнатите полифоничари во современата француска музика.
- 2 мај - Манфред Албрехт фон Рихтхофен, германски пилот, кој и до денес се смета за ас над асовите во воздушните битки во текот на Првата светска војна, познат како Црвениот Барон.
- 7 мај - Јосип Броз Тито, Претседател и маршал на СФРЈ, генерален секретар на КПЈ и СКЈ (1937-1980).
- 26 јуни - Перл Бак, американска писателка.
- 23 јули - Хајле Селасие, крал на Етиопија, кој и денес живее во нивните срца, како крал над кралевите.
- 27 септември - Марина Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата.
- 10 октомври - Иво Андриќ, српски писател, добитник на Нобелова награда за литература во 1961 година.
- 1 ноември - Александар Алехин, руски шаховски велемајстор, еден од најголемите мајстори во историјата на шахот.
- Стефан Банах, полски математичар и гениј.
Починале
уреди- 6 декември - Вернер фон Сименс, германски пронаоѓач и индустријалец, еден од пионерите на електротехниката.