2001
година
< XX век | XXI век | XXII век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
2001 година, според грегоријанскиот календар е првата година од XXI век и од 3 милениум. Сепак, популарната култура често ја зема 2000 година како прва од новиот милениум.
Настани
уредијануари
уреди- 1 јануари - Црн монолит висок приближно 2,7 метри се појавува над Магнусон Парк, Сиетл, поставен од страна на анонимен уметник како референца на книгата/филмот Одисеја 2001.
- 6 јануари - Конгресот на САД ја потврдува победата на Џорџ В. Буш на претседателските избори од 2000.
- 15 јануари - Википедија е пуштена во употреба.
- 22 јануари - Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.
февруари
уреди- 12 февруари - Први вооружени пресметки меѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА, што се смета како датум на почеток на воената криза во Македонија.
март
уреди- 4 март - Тројца македонски војници се убиени во близина на северната граница.
- 22 март - Претседателот Борис Трајковски најавува жестока акција против припадниците на ОНА. Македонските безбедносни сили започнуваат офанзива во регионот на Тетово.
- 23 март - Руската вселенска станица Мир влегува во атмосферата во близина на Нади, Фиџи, и паѓа во Тихиот Океан.
април
уреди- 28 април - Кај Вејце, Тетовско, се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја.
- 1 април - Слободан Милошевиќ им се предава на српските безбедносни сили.
- 1 април - Холандија станува првата земја во светот што ги легализира браковите на партнери од ист пол.
мај
уреди- 1 мај - Како реакција на масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми.
- 13 мај - Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти: ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП. Премиер е Љубчо Георгиевски.
- 28 мај - Во Хрватска е основана првата приватна телевизија, Нова ТВ.
јуни
уреди- 8 јуни - Припадниците на ОНА воспоставуваат контрола врз скопското село Арачиново.
- 12 јуни - Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, како морален чин, сочувствувајќи со огромната загуба на млади животи во Армијата.
- 24 јуни - Припадниците на ОНА се повлекуваат од Арачиново под заштита на силите на НАТО.
јули
уредиавгуст
уреди- 7 август - Македонските безбедносни сили, во вооружена пресметка, ликвидираат петмина осомничени албански терористи во Скопје.
- 8 август - Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот на албанските терористи врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово.
- 13 август - Потпишан е Охридскиот рамковен договор, со што е ставен крај на воената криза во Република Македонија.
септември
уреди- 11 септември - Извршени се терористички напади во Њујорк, Вашингтон, Вирџинија и Пенсилванија од страна на терористичката организација Ал-Каеда.
октомври
уреди- 7 октомври - Со напад на САД и Британија врз Авганистан започнува Авганистанската војна.
ноември
уреди- 10 ноември - Кина е примена во СТО по 15-годишни преговори.
- 15 ноември - Прогласени се Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор.
- 16 ноември - Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето.
- 20 ноември - Во Тетово е официјално отворен Универзитетот на Југоисточна Европа.
- 21 ноември - СДСМ и ЛДП ја напуштија широката владина коалиција, предводена од Љубчо Георгиевски.
- 21 ноември - Хашкиот трибунал официјално отвори две истраги за воени злосторства сторени за време на вооружениот конфликт во Македонија.
- 30 ноември - Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски.
декември
уреди- 12 декември - Демократска алтернатива стана вон-парламентарна партија, откако сите пет пратеници на пратеничката група ја напуштија партијата и решија да настапуваат како независни пратеници.
- 13 декември - Македонскиот амбасадор во САД, Никола Димитров, му ги предаде во Вашингтон акредитивните писма на американскиот претседател, Џорџ Буш.
Родени
уредиПочинале
уреди- 12 март - Роберт Ладлам, писател на шпионски романи (роден 1927)
- 11 мај - Даглас Адамс, англиски писател (роден 1952)
- 12 јули - Јован Котески, македонски поет
- 21 јули - Крсте Црвенковски, македонски политичар
- 29 ноември - Џорџ Харисон, поранешен гитарист на The Beatles
- 20 декември - Леополд Сенгор, сенегалски поет и претседател