1 август
датум
1 август — 213-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (214-и во престапна година). Остануваат 152 денови до крајот на годината.
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
2023 |

Настани:
30 п.н.е. | Октавијан (подоцна познат како Август) ја освоил Александрија во Египет. |
527 | Јустинијан I станал самостоен владетел на Византиското Царство. |
1291 | Со потпишувањето на Федералната повелба, основана е Швајцарската Конфедерација. |
1492 | Фернандо II Арагонски и Изабела I Кастиљска ги протерале Евреите од Шпанија. |
1498 | Кристофер Колумбо станува првиот Европеец што ја посетува Венецуела. |
1834 | Ропството е укинато во Велика Британија. |
1902 | САД ги откупиле правата на Панамскиот Канал од Франција. |
1944 | Ана Франк го пишува последниот запис во својот „Дневник“. |
1960 | Исламабад е прогласен за главен град на Пакистан. |
1981 | Во 12:15 ч. напладне, спотот за песната Video Killed The Radio Star („Спотот ја уби радиоѕвездата“) од Баглс станува првиот спот емитуван на MTV, една од најпознатите телевизии посветени на музиката и современата поп-култура. |
2012 | Пуштена во погон хидроелектраната „Света Петка“ на реката Треска. |
Родени:
Починале:
1137 | Луј VI Дебелиот — крал на Франција. |
1402 | Едмунд — прв Војвода од Јорк. |
1464 | Козимо де Медичи — владетел на Фиренца. |
1911 | Едвин Остин Абел — американски уметник. |
1944 | Климе Кордоски — македонски борец. |
1966 | Чарлс Витмен — американски масовен убиец. |
1967 | Ричард Кан — австриски хемичар и Нобелов лауреат. |
1968 | Мито Хаџивасилев - Јасмин — македонски револуционер — новинар и публицист. |
1990 | Греам Јанг — британски сериски убиец, попознат како „Чајниот трујач“. |
1997 | Свјатослав Рихтер — руски пијанист. |
2001 | Рахим Беќири — член на ОНА. |
2005 | Фад бин Абдул Азис — крал на Саудиска Арабија. |