Ватикан, или обично познат под името Ватикански Град (латински: Status Civitatis Vaticanae, италијански: Stato della Città del Vaticano), познат и како Светиот град, е најмалата независна држава на светот и по површина и по население. Површината на Ватикан изнесува 44 хектари. Ватикан е седиште на папата, кој претставува поглавар на Римокатоличката црква, бискуп на градот Рим и изборен монарх на Ватикан. Папата од своја страна е на доживотна функција и тој ги избира кардиналите. Технички, папата е апсолутен монарх, а тоа значи дека ги има во целост законодавната, извршната и судската власт во Ватикан. Папата е единствениот апсолутен монарх во Европа. Сегашниот папа на Ватикан е папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо.

Ватикан
Stato della Città del Vaticano [1]
Знаме Грб
ХимнаInno e Marcia Pontificale  (италијански)
"Понтификална химна и марш"

Местоположба на Ватикан
Главен градВатикан[2]
41°54′N 12°27′E / 41.900° СГШ; 12.450° ИГД / 41.900; 12.450
Уредување Апсолутна монархија
Независност од Кралството Италија 
 •  Латерански договор 11 февруари 1929 
Површина
 •  Вкупна 0,44 км2 (231ва)
Население
 •  проценка за 2008 г. 900 (220та)
 •  Густина 1780 жит/км2 (6та)
Валута Евро (€) (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
НДД .va
Повик. бр. 379
Карта на Ватикан

Историја Уреди

 
Ватиканскиот музеј

Папската Држава Уреди

Папската Држава (ит. Stato della Chiesa vannila) италијанската држава која постоела од 756 до 1870 година. Пипин Малиот во средината на 8 век освоил голем дел од северна Италија, и просторот на бившиот равенски егзарх му го поклонил на папата. Карло Велики во 781 година ја кодификувал територијата на која папата има суверенитет. Територијата го опфаќала Рим, но и околните Равена, Пентаполис, Војводството Бенвенто, Тоскана, Корзика, Ломбардија и уште некои градови. Во првите три века од постоењето на папската држава, папата ја немал делотворната контрола на целата држава, а и не било јасно дали папската држава била независна од Римското Царство. Во периодот на ренесансата, територијата на папската држава се проширила најмногу и тоа под водство на папата Александар VI и Јулиј II. Папата во тој период станал еден од најважните италијански владари во светот. Во периодот од 1796-1800 и 1808-1814, француската револуционарна армија папската држава ја претворила во Римска република, а подоцна во дел од Франција. Италијанските национални револуционери во 1849 година прогласиле Римска република, папата Пиј IX побегнал од Рим. Француските трупи, Наполеон Бонапарт ги поразил револуционерите и го вратил папата на власт.

Обединувањето на Италија Уреди

Папскиот суверенитет во Рим го штителе француските војски. Но, кога во 1870 година избувнала француско-пруската војна, трупите се повлекле од Рим, а Италија ѝ објавила војна на папската држава и го освоила Рим. Папата Пиј IX се повлекол во својата резиденција и се прогласил за заробен. Подоцна, 1929 година папата Пиј XI формално се одрекол од поседот на папската држава и го потпишал Латеранскиот договор на 11 февруари 1929 година со Италија, која формирала град држава, Ватикан, која постои и до ден денешен.

Географија Уреди

Ватикан, еден од европските микроградови-држави, е расположен во западниот централен реон во Рим, неколку метри западно од реката Тибир. Неговите граници (3,2 км или 2 милји во целост опкружена од Италија) се направени многу смислено сè со цел да се заштити папата од надворешни влијанија. Ватиканската клима е иста како и римската средоземна клима, со повремени врнежи во периодот од септември до октомври, додека од мај до август е многу потопло.

Население, јазик и религија Уреди

Верници во Ватикан
Римокатолици
  
100 %

Некаде околу 890 жители живеат во внатрешноста на ватиканските ѕидини. Граѓаните на Ватикан се обично клерици, високи службеници, монаси, како и Швајцарската гарда која е доброволна воена организација која го обезбедува Ватикан.

Стопанство Уреди

Политички систем Уреди

Култура Уреди

Знамето на Ватикан Уреди

Знамето на Ватикан претставува квадрат со две вертикални обоени полиња: жолто и бело. Врз белиот дел се вметнати вкрстените клучеви на Свети Петар и папската тијара.

Знамето било прифатено на 7 јуни 1929 година. Истата година папата Пиј XI го потпишал и договорот со Италија за конечно решавање на прашањето за папската држава.

 
Плоштадот Св. Петар

Ватикан како тема во уметноста и во популарната култура Уреди

Наводи Уреди

  1. Договор меѓу Светата Столица и Италија, член 26.
  2. Ватикан е град-држава
  3. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 17.

Поврзано Уреди

Надворешни врски Уреди