Филмски режисер
Филмски режисер или филмејкер (во популарната култура) — личност која ги раководи снимањето и продукцијата на филмот.[1] Голем број на луѓе ги сметаат филмските продуценти, сниматели, монтажерите како и експертите за специјални ефекти за филмски режисери.[2]

Филмскиот режисер ја визуализира неговата замисла на сцената, ги контолира уметничките и драмски движења на актерите, задно со цел авторски тим кој работи според неговата визија. Во некои случаи, режисерите немаат целосна контрола врз филмот. Режисерот, исто така, може да биде избран и од страна на продуцентот на самото дело. Во овој случај, продуцентот има право на вето врз она што не му се допаѓа при режирањето на филмот, бидејќи е работен според неговото сценарио.
При режирање на поединечни епизоди за некое телевизиско шоу, одговорноста на режисерот е некако намалена, пореди фактот дека визуелниот изглед и емоционалноста на ТВ-сериите веќе се поставени, најчесто преку творецот на шоуто, извршниот продуцент, или само продуцентот.[3]
Во однос на половата еднаквост, слободно може да се каже дека филмската режија претставува машка професија. Првата жена-режисер која ја освоила наградата „Оскар“ за режија била Кетрин Бигелоу, во 2010 година. Според анкетата на Центарот за истражување на работата на жените во телевизиската и филмската индустрија, само 7 % од 250-те најпрофитабилни филмови во 2014 година биле режирани од жени.[4]
НаводиУреди
- ↑ „Cambridge Advanced Learner's Dictionary)“. Архивирано од изворникот на 2009-12-26. Посетено на 2010-01-13.
- ↑ American Heritage Dictionary[мртва врска]
- ↑ Karl French (2006-08-27). „Seeing the director's point of view“. Financial Times.
- ↑ „Жените се најчесто пред камерите, ретко која седнува на режисерското столче“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 22.