Хемија
Хемија — природна наука што се занимава со проучување на структурата и својствата на материјата, како и промените кои настануваат при хемиските реакции[1]. Хемијата претставува физичка наука која ги изучува различните типови на атоми, молекули, кристали и други типови на агрегати изолирани или во меѓусебни интеракции кои во себе ги вклучуваат концептите за енергија и ентропија во хемиските процеси. Модерната хемија еволуирала од алхемијата.
Основни концепти во хемијата
уредиАтом
уредиВо физиката и хемијата, атомот претставува најмала структурна честичка на секој хемиски елемент (со тоа и на материјата) што ги има неговите карактеристични својства. Секој атом се состои од атомско јадро и електронска обвивка. Атомот се состои од неколку типови на елементарни честички. Во јадрото се наоѓаат неутралните неутрони и позитивно наелектризираните протони (или позитрони), додека во електронската обвивка се наоѓаат негативно наелектризираните електрони. Елементарни честички од кои е изграден атомот играат голема улога при дефинирањето на својствата на атомите, како и при нивното поврзување со други атоми од ист или различен хемиски елемент.
Хемиски елемент
уредиХемиски елемент претставува тип на атоми кои поседуваат ист атомски број - односно кои поседуваат ист број на протони во јадрото на атомот. Хемиските елементи, исто така, поседуваат и ист број на електрони во електронската обвивка.
Соединение
уредиХемиските соединенија (или накусо само соединение) се супстанции во чиј состав влегуваат најмалку два различни атоми[2][3]. Хемиските соединенија можат да се разложат на елементарни супстанции со одредена хемиска реакција или процес.
Супстанца
уредиМолекула
уредиВо хемијата под поимот молекула се подразбира доволно стабилна, електронеутрална група која се состои од најмалку два атома кои на точно определен начин се поврзани меѓу себе со хемиска врска[4][5].
Јони и соли
уредиХемиска врска
уредиХемиска реакција
уредиЕнергија
уредиПоддисциплини
уредиРазличните дисциплини во рамките на хемијата се групираат според видот на материја кој се изучува во нивни рамки.
- неорганската хемија се занимава со изучување на неорганските материи;
- органската хемија се занимава со изучување на органските материи;
- биохемијата се занимава со изучување на супстанците кои се наоѓаат во живите организми;
- физичката хемија е поврзана со изучување на енергетските промени кои настануваат во хемиските системи на макро ново, на молекуларно и субмолекуларно ниво;
- аналитичката хемија се занимава со анализа на примероци за да се добијат сознанија за хемискиот состав и за структурата на материјата.
Брзиот развој на науката се почесто доведува до развој на гранични дисциплини помеѓу хемијата и други науки (физика, медицина и др.).
Хемијата како мотив во уметноста и во популарната култура
уреди- „Хемија“ - расказ на американскиот писател Роберт Ворд.[6]
- „Хемија“ (Kemistry) - песна на британскиот музичар Голди (Goldie) од 1995 година.[7]
- „Час по хемија“ (Chemistry class) - песна на англискиот рок музичар Елвис Костело од 1979 година.[8]
Наводи
уреди- ↑ Chemistry. (n.d.). Merriam-Webster's Medical Dictionary. пристапено на: 19 август 2007.
- ↑ The Free Dictionary Online "Chemical compound."
- ↑ Elements and Compounds
- ↑ IUPAC, Compendium of Chemical Terminology, 2. изд. (the "Gold Book") (1997). Семрежна поправена верзија: (1994) "molecule". doi:10.1351/goldbook.{{{file}}}Error in template * mandatory parameter missing (GoldBookRef): file
- ↑ Pauling, Linus (1970). General Chemistry. New York: Dover Publications, Inc. ISBN 0-486-65622-5.
Ebbin, Darrell, D. (1990). General Chemistry, 3th Ed. Boston: Houghton Mifflin Co. ISBN 0-395-43302-9.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Brown, T.L. (2003). Chemistry – the Central Science, 9th Ed. New Jersey: Prentice Hall. ISBN 0-13-066997-0.
Chang, Raymond (1998). Chemistry, 6th Ed. New York: McGraw Hill. ISBN 0-07-115221-0.
Zumdahl, Steven S. (1997). Chemistry, 4th ed. Boston: Houghton Mifflin. ISBN 0-669-41794-7. - ↑ Роберт Ворд, „Хемија“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 56-91.
- ↑ Discogs, Goldie – Timeless (пристапено на 24.11.2020)
- ↑ DISCOGS, Elvis Costello & The Attractions – Armed Forces (пристапено на 29.4.2020)