Питер Стетина

американски велосипедист

Питер Стетина (англиски: Peter Stetina; р. 8 август 1987) — американски велосипедист на чакал, кој настапувал како слободен возач на трки во велосипедизам на чакал и во планински велосипедизам.[1] Претходно настапувал како професионален друмски велосипедист во периодот 2010-2019 за екипите Гармин-Шарп, Ванти-Груп Гобер и Трек-Сегафредо.[2]

Питер Стетина
Стетина на Тур де Франс 2016
Лични податоци
Цело имеПитер Стетина
Роден8 август 1987(1987-08-08)(37 г.)
Булдер,  САД
Висина1,80 м
Маса63,5 кг
Податоци за клубот
Мом. клубслободен
Дисциплина
  • друмски велосипедизам
  • велосипедизам на чакал
  • планински велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2007
2008–2010
2020-
Слипстрим-Чипотл (стажант)
Предлошка:Cycling data Chipotle
слободен
Професионални клубови
2010–2013
2014–2015
2016-2019
Гармин-Транзишанс
Ванти-Груп Гобер
Трек-Сегафредо

Кариера

уреди

Стетина е роден во Булдер, Колорадо, а моментално живее во Калифорнија.[3] Татко му на Стетина Дејл и вујко му Вејн се поранешни друмски велосипедисти.[4] По осум години поминати со екипата Гармин-Шарп[5] Стетина потпиша со Ванти-Груп Гобер за сезоните 2014 и 2015.[6][7]

Во април 2015 година, на Трката околу Баскија, Стетина го скршил коленото и четири ребра на првата етапа. Пред завршницата удрил во метална шипка од страна на патот. Неговата екипа ги обвинила организаторите за ниските заштитни мерки.[8] Во август 2015 година било објавено дека Стетина ќе се приклучи на поранешниот колега од Гармин, Рајдер Хесједал во Трек Фактори Рејсинг на едногодишен договор за 2016 година, со улога за поддршка на Хесједал и Бауке Молема како помошник со можност за предводник на екипата на американските трки.[9]

Достигнувања

уреди
2005
1.   Национално јуниорско друмско првенство
2008
Национални друмски првенства под 23 години
1.   Хронометар
2. Друмска трка
6. Светски хронометарски првенства UCI под 23 години
6. Краен пласман Флеш ду Суд
9. Лиеж-Бастон-Лиеж под 23 години
10. Краен пласман Тур де л’Авенир
10. Редландс Класик
2009
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Пласман за млад возач Вуелта Мексико
2. Краен пласман Трка Џила
6. Краен пласман Ронд де л’Изар
1. Етапа 2
7. Краен пласман Тур де л’Авенир
9. Лиеж-Бастон-Лиеж под 23 години
2010
1. Маунт Еванс Хил Клајб
10. Трофео Мелинда
2012
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Јута
1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија
9. САД Про Сајклинг Челинџ
1.   Најборбен возач
2013
3. ГП Мигел Индураин
4. Краен пласман Тур де Лангкави
2014
6. Краен пласман Трка околу Калифорнија
8. Краен пласман Тур де Сан Луис
2015
5. Класик Ла Дром
2017
5. Краен пласман Класик Колорадо
6. Краен пласман Велосипедски класик Каскад
1. Етапа 3
10. Милано-Торино
2018
8. Краен пласман Трка Адријатика Јоника
10. Краен пласман Трка околу Јута
2019
1. Краен пласман Белгиска вафла Калифорнија
9. Краен пласман Трка околу Јута

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 21 27 52 46
  Тур 35 46
  Вуелта 31 28

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. Hood, Andrew (November 6, 2019). „Peter Stetina chooses gravel over WorldTour road racing“. VeloNews. Pocket Outdoor Media, LLC. Посетено на January 3, 2020.
  2. Ballinger, Alex (November 6, 2019). „Peter Stetina announces he's leaving the WorldTour to focus on gravel racing“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на January 3, 2020.
  3. „Peter Stetina at Garmin-Sharp“. Гармин-Шарп. Булдер: Slipstream Sports LLC. December 28, 2012. Архивирано од изворникот на September 10, 2012. Посетено на January 6, 2013.
  4. Almond, Elliott (May 10, 2014). „Tour of California: Santa Rosa-based cyclist looks to win for his dad“. Mercury News. Посетено на 17 June 2016.
  5. „Екипата Гармин-Шарп-Баракуда го објави составот за 2013“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 18 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-02. Посетено на 6 јануари 2013.
  6. „Питер Стетина потпиша со БМЦ“. Cyclingnews.com. Future plc. 14 август 2013. Посетено на 27 декември 2013.
  7. „Stetina, Garmin's longest-tenured rider, heads for BMC Racing“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 14 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-12. Посетено на 14 август 2013.
  8. Pat Malach (6 април 2015). „Stetina out of Pais Vasco with broken kneecap and ribs“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 7 април 2015.
  9. Бенсон, Даниел (28 август 2015). „Питер Стетина потпиша за Трек Фактори Рејсинг“. Cyclingnews.com. Посетено на 29 август 2015.

Надворешни врски

уреди