Милано
Милано (италијански: Milano; милански: Milan) — вториот најголем град во Италија и главен град на регионот Ломбардија. Самиот град има население од околу 1,35 милиони, додека неговата урбана област е петта најголема во рамките на ЕУ и најголема во Италија со проценето население од околу 5,2 милиони.[3] Големото ширење на градот кое следеле по повоениот економски бум во 1950-тите и 1960-тите и растот на пространата урбана област, наведуваат дека градот има влијание и надвор од неговите административни граници, создавајќи метрополитенска област од седум[4] до девет[5] милиони луѓе. Според Евростат, метрополитенската област има население од 8.071.271 луѓе во 2011.[6] Таа се вбројува во т.н. Сина банана, област во Европа со најмногу население и индустриска густина.[7]
Милано Milano | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Поглед на Миланската катедрала | |||
Прекар(и): Главен град на моралот на Италија[1] | |||
Земја | Италија | ||
Регион | Ломбардија | ||
Покраина | Милано (MI) | ||
Населен од Келтите | како Медиоланум околу 400 п.н.е. | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Џулијано Пизапија (SEL) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 181,76 км2 (7,018 ми2) | ||
Надм. вис. | 120 м | ||
Население (30 април 2013)[2] | |||
• Вкупно | 1,295,723 | ||
• Густина | 71/км2 (180/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Пошт. бр. | 20100, 20121–20162 | ||
Повик. бр. | 02 | ||
Светец-заштитник | Амвросиј Медиолански | ||
Слава | 7 декември | ||
Мреж. место | Матична страница |
Милано бил основан од Келтите. Подоцна, градот бил освоен од Римјаните, станувајќи главен град на Западното Римско Царство. Во текот на средниот век, Милано се развил како трговски и банкарски центар.[8] Низ вековите бил освојуван и владеен од Франција, Хабсбуршка Шпанија и Австрија, до 1859 кога градот конечно бил припоен од новото Кралство Италија. Во текот на раните 1900-тите, Милано ја предводел индустријализацијата на младата нација, станувајќи економски, социјален и политички центар. Лошо погоден од уништувањата во Втората светска војна и по суровата нацистичка окупација, градот станал главен центар на италијанскиот отпор.[9] По војната, градот доживеал силен економски бум, привлекувајќи голем број на имигранти од руралната Јужна Италија.[10] Во текот на последните декади, Милано привлекува голем број на странски имигранти и денес повеќе од една шестина на неговото население е со странско потекло.[2]
Милано е главен индустриски, трговски и финансиски центар на Италија и водечки глобален град.[11] Во неговиот финансиски центар се наоѓа италијанската берза (Borsa Italiana) и седиштата на најголемиот дел на националните банки и компании. Градот е познат како еден од главните градови во светот на модата[12] и дизајнот[13]. Благодарение на неговите важни музеи, театри и знаменитости (вклучувајќи ја Миланската катедрала, петта најголема катедрала во светот и Санта Марија деле Грацие, украсена со слики на Леонардо да Винчи, дел од светското културно наследство) Милано привлекува повеќе од два милиони посетители секоја година.[14] Во него се наоѓаат бројни институции и универзитети, со повеќе од 185.000 студенти во 2011, т.е. 11 проценти во целата земја.[15] Градот е исто така познат по неколку меѓународни настани и саеми, како што се Миланската модна недела и Саемот за мебел, најголем од таков вид во светот,[16] и ќе биде домаќин на светскиот саем Експо 2015. Милано е дом на два големи фудбалски клубови, Милан и Интер.
Милано како тема во уметноста
уредиВо својот расказ „Стаклениот лиценцијат“, Сервантес го нарекува Милано работилница на богот Вулкан и зеница на француското кралство, велејќи дека тој е град кој може да зборува и да работи.[17]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Енциклопедија Британија. „Милано (Италија) - Енциклопедија Британика“. Britannica.com. Посетено на 3 јануари 2010.
- ↑ 2,0 2,1 „Проценка за официјалното население на Истат“. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 14 октомври 2013.
- ↑ „Демографија Светски урбани области“ (PDF). Посетено на 14 септември 2013.
- ↑ ОЕЦД. „Competitive Cities in the Global Economy“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-07-04. Посетено на 30 април 2009.
- ↑ „EXPO 2015 Official Website – Milan, Italy“. Посетено на 26 мај 2012.
- ↑ „Eurostat - Data Explorer“. Appsso.eurostat.ec.europa.eu. Посетено на 14 септември 2013.
- ↑ Герт-Јан Хосперс (2002). „Beyond the Blue Banana? Structural Change in Europe's Geo-Economy“ (PDF). 42nd EUROPEAN CONGRESS of the Regional Science Association Young Scientist Session – Submission for EPAINOS Award 27–31 август 2002 – Дортмунд, Германија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-29. Посетено на 27 септември 2006.
- ↑ Luca Molà (2000). The Silk Industry of Renaissance Venice. Baltimore: The Johns Hopkins University Press. стр. 6. ISBN 0-8018-6189-6.
- ↑ Cooke, Philip (1997). Italian resistance writing : an anthology. Manchester: Manchester University Press. стр. 20. ISBN 0-7190-5172-X.
- ↑ Ginsborg, Paul (2003). A history of contemporary Italy : society and politics, 1943 - 1988. New York: Palgrave Macmillan. стр. 220. ISBN 1-4039-6153-0.
- ↑ „GaWC – The World According to GaWC 2010“. Lboro.ac.uk. 14 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-05-24. Посетено на 10 јули 2012.
- ↑ „The Global Language Monitor » Fashion“. Languagemonitor.com. Посетено на 1 јуни 2011.
- ↑ „Милано, Италија“. Frogdesign.com. Посетено на 1 јуни 2011.
- ↑ „Euromonitor International’s top city destinations ranking“. Euromonitor.com. Архивирано од изворникот на 2011-10-31. Посетено на 1 јуни 2011.
- ↑ „Универзитети и истражување во Милано“. Покраина Милано. Посетено на 4 ноември 2012.
- ↑ „Саем за мебел Милано“. Monocle.com. 30 април 2009. Архивирано од изворникот на 2012-07-13. Посетено на 10 јули 2012.
- ↑ Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 113.
Надворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Милано. - Милано на Ризницата ?
- Град Милано
- Официјална виртуелна тура
- Сообраќајна компанија во Милано - ATM[мртва врска]
- Метрополитенска област Милано (италијански)