Сикст IV (лат. Sixtus PP. IV; 21 јули 1414 - 14 август 1484) — римски папа од 9 август 1471 до 14 август 1484[1]. Бил папа којшто работел за интересите на своето семејство. Тој назначил 5 свои роднини во кардинали, а уште десетмина поставил на високи црковни позиции. Неговите семејни амбиции довеле до сериозни конфликти со Фиренца, Милано и Венеција, кои постојано го следел подемот на семејството дела Ровере.

Sixtus IV
Родено име Франческо дела Ровере
Папа од 9 август 1471
Папа до 14 август 1484
Претходник Папа Павле II
Наследник Папа Инокентиј VIII
Роден 21 јули 1414
Венеција
Починал 14 август 1484
Рим
Други папи по име Сикст (појаснување)

Во 1482 вовел норми со кои ги ограничи дејствијата на инквизицијата во Шпанија, подчинувајќи го нејзиниот основач доминиканецот Томас Торквемада. Освен тоа, во негово време започнал редизајнот и обновата на Рим преку проширување на улиците и уништување на урнатините од антиката. Систинската капела била реновирана во негово време, па истата била наречена по него.

Наводи

уреди