Чехословачка
Чехословачка (чешки: Československo; 1938 - 1939 и словачки од 1990: Česko-Slovensko) - поранешна држава во источно-централна Европа, што, по добивањето независност од Австроунгарското Царство, постоела од октомври 1918 до 1993 година (со влада во емиграција за време на Втората светска војна). На 1 јануари 1993 година, Чехословачка мирно е поделена на Чешка и Словачка. Соседи на Чехословачка биле: Германија (1945-1990: Западна Германија и Источна Германија), Полска, СССР (од 1992: Украина), Романија (до 1939), Унгарија и Австрија.
Чехословачка Československo
| |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1918–1992 | |||||||||||
Flag | |||||||||||
Motto: чешки: Pravda vítězí ("вистината победува"; 1918-1989) латински: Veritas Vincit ("вистината победува"; 1989-1992) | |||||||||||
Химна: Kde domov můj и Nad Tatrou sa blýska | |||||||||||
Главен град | Прага | ||||||||||
Говорени јазици | чешки, словачки | ||||||||||
Уредување | Република | ||||||||||
Претседател | |||||||||||
• 1918-1935 | Tomáš Masaryk | ||||||||||
• 1935-1938, 1945-1948 | Eduard Beneš | ||||||||||
• 1989-1992 | Václav Havel | ||||||||||
Премиер | |||||||||||
• 1918-1919 | Karel Kramář | ||||||||||
• 1992 | Jan Stráský | ||||||||||
Историја | |||||||||||
• Независност од Австроунгарија | 28 октомври 1918 | ||||||||||
• Распад на Чехословачка | 31 декември 1992 | ||||||||||
Површина | |||||||||||
1993 | 127.900 km2 (49,400 sq mi) | ||||||||||
Население | |||||||||||
• 1993 | 15.600.000 | ||||||||||
Валута | Чехословачка круна | ||||||||||
|
Историја
уредиВо периодот од 1918 до 1939
уредиЧехословачка била создадена во октомври 1918 година, односно по завршувањето на Првата светска војна, на територијата која дотогаш се простирала Австроунгарија. Во денешно време, се наоѓаат Чешката република и Словачката република, како и Закарпатската област во денешна Украина. Чехословачка била една од најмногу развиените земји во Европа поради фактот што во времето на Австроунгарија, на нејзината теритирија се наоѓал најразвиениот индустриски регион, а со тоа имала и добра економија. Од нејзиното создавање сè до Втората светска војна, Чехословачка била демократска земја. Како еден од најголемите проблеми во земјата бил етничкиот проблем. Тоа се должило на фактот бидејќи втора и трета по големина етничка група била Германците и Словаците кои не биле задоволни од политичката доминација на Чесите. Освен тоа, повеќето од етничките Германци и Унгарци во Чехословачка никогаш не ја признавале оваа нова држава.
Во периодот од 1939 до 1945
уредиВо периодот на Втората светска војна, Чехословачка паднала во рацете на нацистичка Германија. По Минхенската конференција во 1938, хитлеровите војски ги окупирале граничните германски етнички региони во Бохемија и Моравија, Унгарија добила територии кои биле населени со унгарци во Јужна Словачка, а останатите територии на Словачка и областа Рутенија (Закарпатска област) добила статус на автономија. Чехословачка престанала да постои во март 1939, кога Хитлер го окупирал и остатокот од Бохемија и Словачка била принудена да прогласи независност.
Во текот на војната Бохемија и Моравија се биле раководени од страна на Германија, а новата словачка држава станала сојузник на нацистичка Германија. Словачките војски се бореле против руските сè до 1944 година кога се обрнале против власта. Ова востание било задушено по неколку месеци од страна на Германија.
Во периодот од 1945 до 1990
уредиПо завршувањето на Втората светска војна, Чехословачка била повторно формирана. Сите Германци биле прогонети од државата, а Закарпатска област била окупирана и подоцна пресоединета кон СССР. Три години подоцна Чехословачката комунистичка партија (ЧКП) ја зазела власта (1948-1989) по парламентарните избори, и државата паднала под влијание на СССР. Во религиозен поглед, атеизмот бил официјален во државата. Во 1969 Чехословачка била преобразена во федерација која се состоела од Чешката социјалистичка република и Словачката социјалистичка република.
Во периодот од 1990 до 1992
уредиВо 1989 година во Чехословачка повторно бил воспоставена демократијата. Со паѓањето на комунизмот, во државата повторно се појавил предлог за промена на името на државата во Чехословачка република. Во април 1990 година овој предлог бил отфрлен од страна на словачките политичари, бидејќи според нив тоа име недоволно ја изразувала застапеноста на словаците во федерацијата. Подоцна се стигнало до компромис државата да се вика Чешка и Словачка федеративна република. Но во 1992 година, парламентот на федерацијата решил таа да биде разделена на два дела од 1 јануари 1993 година на Чешка и Словачка, каква е и до ден денес.
-
Јазична карта на Чехословачка од 1930.
Поврзано
уредиОваа статија историјата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |