Хенри Фонда
Хенри Џејнс Фонда (16 мај 1905 – 12 август 1982) бил славен американски филмски актер-оскаровец, најпознат по своите улоги на едноставен идеалист. Вештиот, натуралистички глумечки стил и пристап на Фонда е прв чекор кон популаризацијата на методската глума.
Хенри Фонда | |
---|---|
Хенри Фонда во класикот од 1957 година - 12 гневни луѓе. | |
Роден(а) | Хенри Џејнс Фонда |
Висина | Предлошка:Infobox person/height |
Сопружник | Маргарет Саливан (25 декември 1931 - 1932) (разведен) Франсис Сејмур Броко (16 септември 1936 - 14 април 1950) (нејзина смрт) 2 деца Сузан Бланшард (28 декември 1950 - мај 1956) (разведен) 1 дете Афдера Франчети (10 март 1957 - јануари 1961) (разведен) Ширли Фонда (3 декември 1965 - 12 август 1982) (негова смрт) |
Фонда започнува како глумец на Бродвеј, а своето деби во Холивуд го има во 1935 година. Неговата кариера почнува да се качува по нагорна линија по неговата изведба Плодови на Гневот, номинирана за оскар во 1940 година. Во текот на својата шестдецениска кариера во Хопливуд, Фонда создава силна, привлечна екранска личност во класици од типот на Ицидентот кај Окс-Боул, Господин Робертс и 12 гневни луѓе. Подоцна, Фонда започнува да игра во предизвикувачки, мрачни епови како Серџо Леоневиот Се случи еднаш на Дивиот Запад (како злосторник, кој меѓу другото, убива дете и инвалид) како и во лесни комедии од типот на Твое, мое и наше, каде игра заедно со Лусил Бол.
Патријарх е на една фамилија познати глумци, вклучувајќи ги неовата ќерка Џејн Фонда, синот Питер Фонда, внуката Бриџит Фонда и внукот Трој Герити.
Во 1999 година, прогласен е за шестата најголема филмска ѕвезда во историјата од страна на Американскиот Филмски Институт.
Надворешни врскиУреди
- Хенри Фонда на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Хенри Фонда на TCM Movie Database
- Хенри Фонда — Internet Broadway Database