Димитар Кондовски

Димитар Кондовски (Прилеп, 30 септември 1927 - Скопје, 10 август 1993) — сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има особено значење за развитокот на македонското современо сликарство во шеесеттите години. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Бил член на групите „Денес“ и „Мугри“. Се занимавал со сликарство, илустрација, сценографија, графика, пишувал критика. Професор бил на Педагошката академија во Скопје.

Димитар Кондовски
Роден 30 септември 1927
Прилеп
Починал 10 август 1993
Скопје
Националност Македонец
Занимање сликар
Деца Марија Кондовска
Споменик на Димитар Кондовски на Мостот на уметноста

Самостојно изложувал (од 1957 г.) во Скопје, Загреб, Рим, Тетово, Прибој на Лим, Њујорк итн. Изложувал на многу групни изложби во земјата и во странство меѓу кои во: Белград, Александрија, Сан Марино, Саун Пауло, Рим, Шел, Париз, Кан, Сир-Мер и итн.

Димитар Кондовски најдоследно го остварил во своите дела стремежот кон синтезата на внимателно одбрани секвенци од духовно-естетскиот и пластичен репертоар на средновековната уметност и оние облици на нонфигуративна и асоцијативна уметност, што на тоа традиционалистичко ткиво можеа да му овозможат современа ликовна кохезија. За Кондонски ова сликарство: изведено како сложени асамблажи композитни, деликатни колористични и формални структури е сублимен степен на долготрајна денатурализација на разновидни визуелни податоци и естетско „филтрирање“ на ликовниот јазик, со цел уметничкото дело да стане автономен естетски феномен. Тоа се состави што потсетуваат на култни, сакрални објекти: низ нив постојано се провлекува едно современо чувство на уметникот, неговата внатрешна потреба, духовниот ритуал и естетиката на овие дела да се вклопи во актуелното ликовно движење, во медитативно и скептично сфаќање на светот.

Автор е на монументален сликарски објект во Железарницата во Скопје 1967 г. Награден е на 8 Средоземно биенале 1963 г., 3 Триенале во Белград, со Октомвриска награда за сликарство во 1964 г. и др.

Уметнички дела

уреди