Монблан
Монблан (француски: Mont Blanc, италијански: Monte Bianco = „Бела Планина“) — планина во Алпите со највисок врв во Западна Европа од 4.808м.
Планината се протега помеѓу регионите на долината Аоста во Италија и Високи Савои во Франција. Врвот Монблан се наоѓа на границата помеѓу двете земји, иако и едната и другата сакаат да го цртаат на картите како свој. Последен договор за границата е оној помеѓу Франција и Кралството Сардинија кајшто границата е определена на највисоката точка на Монблан[1].
Планината е популарна за планинарење, алпинизам и скијање. Најпознати центри се Шамони и Курмајер.
Врвот Монблан први го освоиле Жак Балма и Мишел Габриел Пакар на 8 август 1786.
Поврзано
уредиНаводи
уредиОваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |