Отвори го главното мени

Полска

држава во средна Европа

Република Полска (Жечпосполита Полска, полски: Rzeczpospolita Polska, Жечпосполита Полска) — земја во средна Европа која се наоѓа помеѓу Германија на запад, Чешка и Словачка на југ, Украина и Белорусија на исток и Балтичкото Море, Литванија и Русија на север. Полската држава е стара преку 1.000 години. Во XVI век, унијата Полска-Литванија била најбогатата и најмоќната земја во Европа. На 3 мај 1791, Полска-Литванија го ратифицира првиот устав во Европа. Набрзо потоа, Полска престанува да постои 123 години, заради тоа што е разделена меѓу нејзините соседи Русија, Австрија и Прусија. Полска повторно се изборува за независност во 1918 год. Во 1989, на првите делумно слободни избори во Полска по Втората светска војна, победува движењето Солидарност, а поразени се полските комунистички владетели. Во 1999 Полска се приклучува кон НАТО, а во 2004 станува и членка на Европската унија. Претседател e Анджеј Дуда (пол. Andrzej Duda), а премиер e Матеуш Моравецки (пол. Mateusz Morawiecki).

Република Полска
Rzeczpospolita Polska
Знаме Грб
ГеслоБог, чест, татковина
ХимнаДомбровска мазурка
(Mazurek Dąbrowskiego)

Местоположбата на  Полска  (темнозелена) – на Европскиот континент  (lсветлозелена и темносива) – во Европска унија  (lсветлозелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Полска  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (lсветлозелена и темносива)
– во Европска унија  (lсветлозелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Варшава
52°13′ СГШ 21°02′ ИГД / 
Службен јазик полски
Демоним Полјак, Полјачка
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Анджеј Дуда
 •  Премиер Матеуш Моравецки
пристапила во ЕУ 1 мај 2004
Површина
 •  Вкупна 312.679 км2 (70-та)
 •  Вода (%) 3,07
Население
 •  проценка за 30 June 2017 г. 38,422,346[1] (35th)
 •  Густина 123 жит/км2 (83rd)
БДП (ПКМ) проценка за 2017 г.
 •  Вкупен $1,110 милијарди[2] (21st)
 •  По жител $29,250 
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно $509.955 милијарди[2] (23та)
 •  По жител $13,429 
Џиниев коеф. (2014)positive decrease 32.08[3]
среден
ИЧР (2015) 0.855[4]
многу висок · 36та
Валута Полска злота (PLN)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на right
НДД .pl
Страница
poland.pl
Повик. бр. +48
а. ^a The area of Poland, as given by the Central Statistical Office, is 312,679 km2 (120,726 ми), of which 311,888 km2 (120,421 ми) is land and 791 km2 (305 ми) is internal water surface area.[5]
б. ^b The adoption of Christianity in Poland is seen by many Poles, regardless of their religious affiliation or lack thereof, as one of the most significant events in their country's history, as it was used to unify the tribes in the region.[6]

Главен град на Полска е Варшава (пол. Warszawa). По површина зафаќа 312.679 км², а брои население од 38.500.000 жители.

Содржина

ИсторијаУреди

  Главна статија: „Историја на Полска.

ПраисторијаУреди

Историчарите дошле до согласност дека во доцниот период на антиката, многу различни етнички групи ја населувале територијата денес позната како „Полска“. Точноста на етничките групи не е сосема позната и е тема на дискусии меѓу историчарите. Една од најзначаjните праисториски археолошки локации во Полска е бискупската утврдена населба (денес реконструирана како музеј) која датира од времето на лусатската култура од раната железно доба, пред околу 700 п.н.е.

Пјастка династијаУреди

 
Полска во 1020 година

Полска почнала да се формира како стабилна единица и територијална целост во средината на X век под водство на пјастката династија. Првиот документиран полски лидер бил Мјешко I, бил покрстен во 966 прифаќајќи го христијанството како нова државна религија. Во XII век Полска се распаднала на неколку помали државички. Во 1320 година, Владислав I станал крал на обединетата Полска. неговиот син Казимир III, е запамтен како еден од најголемите полски кралеви.

За време на овој период, Полска била центар за миграција на Евреите.


Најголемиот противник на полската држава во Западна Европа биле рицарите од Тевтонскиот ред, кои владееле со Летонија, Естонија и Прусија. Во 1410 година се дошло до војна во која Полско-Литванската унија излегла како победник. Полските граѓани се гордееле со парламентарниот систем кој бил воведен во државата и кој се одликувал со големи слободи и покрај тоа што постоела една привилегирана класа која имала власт да влијае врз изборот на владетелот.

Полско-литванска унијаУреди

Околу 1600 година Варшава станала престолнина на Полска. Во периодот од 1605 до 1610 година, Полјаците на двапати ја окупирале Москва. Воделе војни и со Шведска и Османлиската Империја, што довело до слабеење на државата. Во средината на XVII век избувнало востанието на Kозаците, кои биле предводени од страна на Богдан Хмелницки. Веднаш по ова, започнале војните со Османлиската Империја, Русија, Шведска, Трансилванија и Прусија. Полска изгубила повеќе од една третина од своето население. Како споредба, многу помалку за разлика за време на Втората светска војна. Во следните години, поради слабеењето на државата, Полска била принудена да биде ставена под капакот на Русија.

Поделби на ПолскаУреди

Овие причини довеле до полн пропаст на Полска. Така, во 1772 година била извршена првата поделба на Полска од страна на Прусија, Русија и Австрија, заземајќи ѝ 30% од целата територија. Во 1793 година Полска била по втор пат разделена од страна на Прусија и Русија, заземајќи ѝ 200.000 km2 со четири милиони жртви. Во 1794 година избувнало востание во Краков, преку кое востание било извршена третата поделба на Полска. Следната, 1795 година, Полска била избришена од картата на Европа, губејќи ја својата независност сè до Првата светска војна. При тоа заграбување, полските територии биле поделени во три зони: руска, австриска и пруска. Голем број од полското население емигрирале во Хамбург, Дрезден, Истанбул и Париз. Во војската на Наполеон биле вклучени голем број на полски емигранти. По победата на Наполеон Бонапарт, во 1807 година било создадено Варшавско кнежество кое постоело до 1815 година.

Република ПолскаУреди

 
Познањ, востание против Германците 1918-1919

Во Првата светска војна германската и австроунгарската војска го зазеле рускиот дел од Полска и во 1916 год. го основале Кралството Полска, кое силите на Антантата не го признале. На 3.11.1918 год. во Лублин била прогласена независна Република Полска, која добила меѓународно признание со мировниот договор во Версај (18.6.1919 год.). Во 1918 год. ѝ била приклучена и Велика Полска, а од Германија добила коридор до Балтичкото Море; Гдањск е прогласен за слободен град под заштита на Лигата на народите и во царинска унија со Полска: полската војска на 9.10.1920 год. го окупирала Вилнус и југоисточниот дел од Летонија, а за кусо време навлегла длабоко во Украина и го зазела Киев. По Полско-советската војна (април-октомври 1920 год.) со мировниот договор во Рига (18.3.1921 год.) добила големи делови од Белорусија и Украина, а по референдумот во 1921 год. и Горна Шлеска (дотогаш германска), а по германската окупација на Чехословачка (1938 год.) и северниот дел од Моравија по должината на реката Олша. На 12.5.1926 год. генералот Јожев Пилсудски извршил државен удар и воспоставил диктатура. Во март 1939 год. Полска ги одбила германските барања за приклучување на Гдањск кон Германскиот Рајх и за воспоставување патен и железнички коридор преку своите територии. Со таен протокол на Германско-советскиот договор за ненапаѓање (28.3.1939 год.) Хитлер и Сталин се договориле за четврта поделба на Полска.

Втора светска војнаУреди

 
Westerplatte, Гдањск

Со нападот на Германија врз Полска (1.9.1939 год.)почнала Втората светска војна. На 17.9.1939 год. од исток во земјата навлегла и Црвената армија и ја освоила Белорусија и западна Украина. При германскиот напад врз СССР (22.6.1941 год.) Хитлеровата војска ја освоила цела Полска. Западните делови се вклучени во Германскиот Рајх, а на преостанатата територија е воспоставен генерален гувернат кој веднаш почнал со истребување на Евреите и Полјаците во концентрациони логори. Наспроти насилството, во Полска дејствувале две ослободителни движења: Татковинска војска под водство на бегалската влада во Лондон и Народната војска под водство на Народната работничка партија. Кога во летото 1944 год. Црвената армија навлегла речиси до Варшава, Татковинската војска на 1.8.1944 год. почнала востание под водство на генералот Тадеуш Коморовски. По два месеци жестоки борби Германците го задушиле востанието, а Црвената армија не дошла да помогне и во Варшава влегла дури на 17.1.1945 год. До крајот на јануари 1945 год. ја зазела целата територија на Полска, а врз основа на Договорот во Јалта (11.2.1945 год.) во јуни 1945 год. била основана коалициона влада на националното единство. Со Постдамската декларација (2.8.1945 год.) сојузниците ги определиле новите полски граници: на исток границата ја повлекле по должината на т.н. Курзонова линија (во Полско-советската војна 1920 год. ја предложил британскиот државник Џорџ Н. Курзон), така што Полска изгубила голем дел од своите територии, а во замена ги добила дотогашните германски области источно од Одра и Ниса.

Социјалистички периодУреди

На изборите во јануари 1947 год. победиле левичарските партии, а во 1948 год. Полската работничка партија и Полската социјалистичка партија се обединиле во Полска обединета работничка партија (ПОРП). Во времето кога нејзин претседател бил Владислав Гомулка (1943-1948 год.) се обиделе да определат свој правец на соцјалистички развиток (без присилна колективизација на земјата, средени односи со Католичката црква), но Гомулка бил отстранет, а на чело на партијата бил поставен Болеслав Берут (1948-1956 год.), близок на Сталин, за да спроведе советизација на Полска. На 22.7.1952 год. е донесен нов устав со кој Полска била преименувана во Народна Република Полска. На 14.5.1955 год. осум социјалистички држави во Варшава потпишале договор за пријателство, соработка и заемна помош (Варшавски пакт). По работничкото востание во Познањ во 1956 год., кое властите го задушиле во крв, раководството на ПОРП повторно го презел рехабилитираниот В. Гомулка (до 1970 год.). Поради сè поголемата стопанска криза и отпорот кон монополот на власта на ПОРП, во средината на 70-тите години почнале да се создаваат нелегални противнички групи, а со изборот на краковскиот надбискуп Карол Војтила за папа Иван Павле II (16.10.1978 год.) многу се засилила моралната сила на Католичката црква, иако и дотогаш била важен носител на полската национална свест. Во работничките безредија во 1980 год., меѓу другото, работниците барале создавање на независен синдикат. Тоа му успеало на 31.8.1980 год. на моќниот синдикат Солидарност (Solidarność: 8 милиони членови) под водство на Лех Валенса. Острите спорови меѓу ПОРП и Солидарност со државен удар биле прекинати од генералот Војчех Јарузелски (13.12.1981 год.), но тој не успеал да ја порази демократската опозиција, ниту да го сопре назадувањето на стопанството.

Парламентарна републикаУреди

Политиката на „перестројка“ во времето на Михаил Горбачов (1985-1991 год.) ја зајакнала положбата на реформистите во ПОРП, така што во 1988 год. овозможила преговори меѓу владејачката ПОРП и опозицијата, заедно со забранетата Солидарност. На првите парламентарни избори за Сејмот на 4 и 18.6.1989 год. ПОРП добила 173 места, а Солидарност 161. Тадиуш Мазовјецки стана претседател на владата, а на претседателските избори (25.11. и 9.12.1990 год.) победи Лех Валенса. Со уставните измени од 31.12.1989 год. Полска е преименувана во Република Полска и на 18.11.1992 год. е донесен привремен устав, а на 25.5.1997 год. со референдум сегашниот устав. Полска и Германија на 14.11.1990 год. потпишаа договор за границите меѓу двете држави со кој е потврдена неменливоста на границите на Одра и Ниса, а од 17.6.1991 год. и договор за добрососедски односи и соработка. На 26.10.1991 год. Полска и СССР потпишаа договор за повлекување на советската војска од Полска до крајот на 1993 год. Во ноември 1991 год. Полска стана членка на Советот на Европа, на 1.2.1994 год. придружна членка на ЕУ, а на 8.4.1994 год. службено побара зачленување во ЕУ, во 1996 год. е примена во ОЕЦД, а на 12.3.1999 год. заедно со Чешка и Унгарија била примена во НАТО. Во 1998 год. Полска почна преговори со ЕУ за зачленување во унијата и на 1.5.2004 год. стана полноправна членка на ЕУ.

Географија и климаУреди

  Главна статија: „Географија на Полска.
 
Топографска карта на Полска

Полската територија се протега на неколку географски региони. На северозапад се наоѓа балтичкото крајбрежје. Ова крајбрежје е богати со неколку езера и дини. Централниот дел на Полска зазема дел од Северноевропската Низина. Тука се наоѓаат комплекси на езера меѓу кои: Померанско Езеро, Големо Полско Езеро и Кашупско Езеро. На југот на земјата се наоѓа планинскиот дел од Полска, меѓу кои се наоѓаат Карпатите и Татрите.

Местоположба и релјефУреди

Полска се наоѓа на североисточниот раб на Средна Европа меѓу јужниот брег на Балтичкото Море на север и Карпатите на југ. Речиси половина од територијата на државата ја зафаќа околу 500 км широката Германско-полска низина на север. Северниот дел припаѓа на областа на тални морени од последната, виселска глацијација (Поморје, Мазурија). Преовладуваат брановити платоа со тални морени, голем број езера и мочуришта во ниските области. Кон југ се завршува со низа челни морени од виселската глацијација, кои во облик на долги, шумовити вериги се протегаат од запад кон исток (највисок врв Биерица, 329 м). Пред нив се наоѓа широк предел од предледнички песочни плавини (т.н. сандери) со папрадници и борови шуми (на пр. Bori Tuhnolskie), а кон југ следат широки, на дното влажни, прадолини од некогашните леднички реки што течеле по должината на работ на ледената покривка кон запад, особено Варшавско-берлинската прадолина. Областа на средишна Полска се состои од малку брановити моренски наноси од постариот меѓуледен период; својствено е сменувањето на брановити платоа од иловични, тални морени и сушни, помалку плодни од песочните плавини (Големополска, Кујавија, Мазурија). Ј од моренските области релјефот постепено се издига кон среднополските висови, кои според своето создавање се дел од некогашните Харцински Планини, покриени со хоризонтални наслојки од мезозојски карпи и прапор. Постарата подлога излегува на површината во вид на изразити структурни скалила, на дното на речните долини и на одделните ниски брегови, на пр. Светокришки Планини (612 м). Широката долина на Вислa ги дели на Шлеска на запад и на Лублинска Висорамнина на исток. Највисокиот дел на средногорскиот појас во Полска се Судетите, грамадни планини на границата со Чешка (највисок врв Сниешка, 1602 м), кои релативно стрмно се спуштаат кон Средношлескиот басен составен од прапор. Во северното подножје на Карпатите се наоѓа пространата Шлеска Котлина со богати наоѓалишта на камен јаглен. Во северниот дел е покриена со прапор, многу е индустријализирана и густо населена, а во источниот дел е исполнета со песочни наноси и е ретко населена. Од неа кон југ постепено се издига предгорјето на Карпатите; прво средногорските Бескиди (највисок врв Бабја Гора, 1725 м), градени од мезозојски варовник и флиш, а на крајниот југ високите Татри (највисок врв Риси, 2.499 м) од гранит и метаморфни карпи.

Политички системУреди

  Главна статија: „Политики на Полска.
 
Сенатот на Полска

Полска е демократија со претседател како шеф на државата и со устав кој е усвоен во 1997 година. Владината структурата е составена од Советот на министри и премиерот како претседател на владата. Претседателот го назначува кабинетот по предлог на премиерот. Претседателот на Полска се избира на претседателски избори за мандат од пет години. Собранието на Полска е дводомно, па така има собрание кое се состои од 460 пратенички места и Сенат.

На парламентарните избори од 2001 година убедлива победа остварила полската левица, со добиени над 40% од гласовите, но потоа таа освоила помалку од 10% на изборите одржани во 2005 година. Тогаш, најмногу гласови освоила партијата на близнаците Лех и Јарослав КачинскиПраво и правда“ (27%), а на второто место била централно-десничарската партија „Граѓанска платформа“ предводена од Доналд Туск, која освоила 24% од гласовите. Притоа, меѓу овие две партии се појавиле големи спротивности, така што партијата „Право и правда“ морала да формира малцинска влада на чие чело застанал премиерот Казимјеж Марќинкјевич.[7]

На претседателските избори во 2005 година се водела борба меѓу Доналд Туск и Лех Качински. По првиот круг, Туск водел со освоени 36,3% од гласовите, а Качински освоил 33,1%, но во вториот круг победил Качински, со освоени 54% ог гласовите наспроти 46% на Туск.[8]

На парламентарните избори во 2007 година партијата „Граѓанска платформа“ освоила 41,5% од гласовите и заедно со Полската народна партија формирала влада со Туск како премиер. Во тој период, претседателот Лех Качински ставил вето на поголем број закони донесени од страна на владата на Туск, кој повел неколку неуспешни иницијативи за ограничување на правото на вето на претседателот. Во 2010 година, по смртта на претседателот Качински биле организирани вонредни избори при што за нов претседател бил избран дотогашниот претседател на парламентот Бронислав Коморовски, победувајќи го Јарослав Качински, братот-близнак на погинатиот претседател. И на парлментарните избори во 2011 година повторно победила партијата „Граѓанска платформа“, а на претседателските избори во 2015 година победил кандидатот на партијата „Право и правда“ Анджеј Дуда. Во октомври истата година се одржале парламентарни избори на кои победила партијата „Право и правда“.[9]

По поразот на претседателските избори во мај 2011 година, партијата „Граѓанска платформа“ назначила пет судии на Уставниот суд, иако само на тројца им истекувал мандатот. Сепак, по изборите, новиот претседател Анджеј Дуда не ги потпишал указите за изборот на петте судии, а по октомвриските избори, парламентот, во кој доминирала коалицијата предводена од „Право и правда“ го поништил изборот на сите петмина судии и на нивното место поставил пет нови. Меѓутоа, оваа одлука била поништена од самиот Уставен суд, со што Полска влегла во уставна криза. Како одговор на тоа, Сејмот донесол измени во Законот за уставниот суд, со кој било предвидено двотретинско мнозинство во одлучувањето на судот. И оваа одлука ја поништил Уставниот суд, но владата одбила да ја спроведе. Наспроти масовните протести ширум Полска, владата предводена од „Право и правда“ донесла неколку закони со кои ги контролирала медиумите и јавното обвинителство, а полицијата добила поголеми овластувања за прислушување. Како реакција на тоа, Европскиот парламент донесол декларација со која се барало почитување на одлуките на Уставниот суд, а врз основа на тоа Европската комисија започнала процедура за заштита на владеењето на правото.[10]

Административна поделбаУреди

Моменталната административна поделба на Полска е врз база на војводства или административна единица и се базирани врз историските полски региони, а додека тие создадените во текот на минатите две декади (сè до 1998) се именувани според поголемите градови во тоа војводство. Административната власт на ниво на в ојводство (административна единица) е поделена помеѓу војвода којшто е назначен од владата и избрано регионално собрание (Sejmik) кој назначува маршал.

Војводствата се поделени на повјати или области и овие се поделени на гмини или општини. Моментално Полска има 16 војводства, 379 области и 2.478 општини.

Војводство Главен град и градови
на полски
[[Големополско Големополско]] Wielkopolskie Познањ
Кујавско-поморско Kujawsko-Pomorskie Бидгошч / Торуњ
Малополско Małopolskie Краков
Лоѓско Łódzkie Лоѓ
Долношлеско Dolnośląskie Вроцлав
Лублинско Lubelskie Лублин
Лубушко Lubuskie Гожув Вјелкополски / Желона Гора
Мазовско Mazowieckie Варшава
Ополско Opolskie Ополе
Подласко Podlaskie Бјалисток
Поморско Pomorskie Гдањск
Шлеско Śląskie Катовице
Поткарпатско Podkarpackie Жешув
Светокришко
(Свет Крст)
Świętokrzyskie Келце
Вармиско-мазурско Warmińsko-Mazurskie Олштин
Западно поморско Zachodniopomorskie Шчеќин

ЕкономијаУреди

  Главна статија: „Економија на Полска.
 
Финансиски центар во Варшава
 
Морско пристаниште во Шчеќин
 
Воз произведен во фабриката Песа во Бидгошч
 
Горна шлески индустриска зона - Катовице
 
Замок во Краков

Полската економија се смета за една од најздравите посткомунистички економии, со раст на БНП од 6,1%. По падот на комунизмот, Полска имплементира политики на либерализација на економијата и денес е пример за тоа како успешно да се излезе од процесот на транзиција.

Приватизацијата на малите и средни претпријатија и либералните закони овозможило развој на приватниот сектор. Исто така приватизацијата на осетливите сегменти на полското општество, како челик, железница и слично успешно се имплементирало до 1990 до денес.

Полска има висок број на приватни фарми во земјоделскиот сектор, со потенцијал да стане лидер во производството на храна во ЕУ.

ИндустријаУреди

Меѓу 1949 и 1955 год. била извршена брза индустријализација според советскиот пример при што биле создадени големи центри на тешката индустрија во Горна Шлеска (на пр. железарницата „Ленин“ и покрај нив градот Нова Хута), Честохово, Сталова Вола, Остовиец Свиетокржиски. Во рамките на централизираното стопанство се развивале металската индустрија, бродоградбата, електротехничката индустрија, а на индустријата за стоки за широка потрошувачка поголемо внимание ѝ било посветено дури во 70-тите год. Најголеми индустриски области се Горна Шлеска, меѓу Ополе и Краков, Лоѓ, Вроцлав и Варшава, а во северниот дел меѓу Гдањск, Торуњ и Бидгошќ. Црната металургија (5,44 милиони тони сурово железо и 9,11 милиони тони челик) поголемиот дел е од наоѓалиштата на камен јаглен во Горна Шлеска (Нова Хута, Краков, Катовице, Хорзов, Битом, Гливице), покрај некогашните рудници за железна руда (Честохово, Остовиец Свиетокржиски, Сталова Бола), во Вроцлав, Познањ, Варшава и Шчеќин. И обоената металургија е концентрирана во Горна Шлеска, со топилниците за бакар, олово и цинк (Катовице, Легника, Олкуж, Хрзанов и др.). Важно место заземала и машиноградбата, најмногу индустријата за фабрички и рударски машини како и енергетски направи, која порано го снабдувала големиот пазар на СЕВ, но по неговото распаѓање западна во криза поради тешкотиите при пробивањето на западните пазари. Главни центри се Варшава, Познањ, Краков, Вроцлав, Гдањск, Келце. Фабриките за локомотиви се наоѓаат во Познањ, Вроцлав и Островиец, а на вагони во Хорзов, Стараховица, Лублин, а на камиони во Стараховица, Лублин и Тихом, за автобуси - во Санок, за трактори во Варшава (фабриката „Урсус“). Во Гдањск, Гдиња и Шчеќин се наоѓаат бродоградилиштата, но тие се соочија со тешкотии. Електротехничката индустрија се наоѓа во Варшава, Вроцлав и Елблонг (6,79 милиони телевизори, 1,0 милиони фрижидери и замрзнувачи и 881.000 машини за перење). Хемиската индустрија ги користи пред сѐ обилните домашни суровини; главни центри се Лоѓ, Познањ, Виров, Гдањск, Шчеќин и Буско-Здрој. Најразвиена е базната хемиска индустрија (кокс, сулфур, солна киселина, натриум хидроксид и др.). Фабриките за вештачки ѓубрива (2,4 милиони тони) се наоѓаат во Тарнов, Познањ, Пулава и Шчеќин. Фабриките за вештачки и синтетички влакна се наоѓаат во Јеленја Гора, Томашов, Мазовјецки, Ходаков, Лоѓ, Шчеќин и Торуњ. Најголеми се рафинериите во Плоцк и Гдањск. Фармацевтската индустрија се наоѓа во Варшава, Краков, Лоѓ и Гдањск. Големо значење има текстилната индустрија со традиционалниот центар во Лоѓ и околината, каде што е концентрирана преработката на памук. Преработката на волна е концентрирана во јужниот дел на Полска (Бјелско-Бјала, Камиена, Вапиеница) и во Бјалисток. Во целата држава е распостранета прехранбената индустрија која главно произведува за домашниот пазар (фабрики за шеќер, пиварници, фабрики за алкохолни пијалоци и др.). Од другите индустриски гранки се развиени и дрвната индустрија и индустријата за хартија (особено на С), тутунската, гумарската (Познањ, Пјастов крај Варшава), цементната, стакларската (во Шлеска) и керамичката индустрија (Цмјелов, Хоѓјеж и Валбрзих).

ТуризамУреди

Најголем број странски туристи ги посетуваат Варшава и Краков, а Честохова е трето по големина место за поклонение во Европа (околу 5 милиони поклоненици годишно). Центрите за зимски спортови се на планините на југ, пред сѐ Закопане во Високите Татри. Сѐ повеќе се посетени летувалиштата на Балтичкото Море (Свиноујчќе, Мједзиздроје, Нјехорце, Колобрзег, Устка, Леба, Сопот). Привлечни се и езерата во Поморје и во Мазурија, како и околу 30 бањи низ целата држава (на пр. Шавница во Бескидите, Криника, Јеленија Гора, Циехоцинек кај Торуњ со солени извори, итн.). Во 2003 год. Полска ја посетиле 48,74 милиони странски туристи, најмногу од Германија од каде доаѓаат голем број еднодневни туристи (за пазарување).

Население, јазик и религијаУреди

  Главна статија: „Демографија на Полска.

НаселениеУреди

Со своите 38.116.000 жители, Полска е осма најголема држава во Европа и шеста најголема држава во ЕУ. Густината на населението е околу 122 жители на километар квадратен.

Во историјата, Полска била држава со повеќе националности и религии. Пред Втората светска сојна, Полска имала околу 3 милиони Евреи, а после холокаустот има само 300.000 Евреи. Исто така со промената на границите, различноста на населението значително се намалила. Според пописот во 2002 година, 96,74% од населението се изјаснило како Полјаци, додека 471.500 се изјасниле со други националности, а 774.900 не се изјасниле. Најголемо малцинско население во Полска се Шлезите, па потоа следат Германците, Белорусите, Украинците, Литванците, Русите, Ромите, Лемкосите, Словаците, Чесите и Татарите.


ЈазикУреди

  Главна статија: „Полски јазик.

Полскиот јазик е член на групата на западнословенски јазици од фамилијата на словенски јазици. Тој е официјален јазик во Полска. До скоро, рускиот се учел како втор јазик, но денес е заменет со англиски и германски јазик.

РелигијаУреди

  Главна статија: „Религија во Полска.
Верници во Полска
Католици
  
86,7 %
Православни
  
1,3 %
Протестанти
  
0,3 %
Јеховини сведоци
  
0,3 %
Други
  
0,3 %



Поради холокаустот и Втората светска војна, Полска стана скоро хомогена католичка држава. Повеќето од Полјаците, околу 89% се католици. Полска е една од најрелигиозните држави во Европа. Покрај католиците, во Полска има и полски православни христијани (околу 506.800), протестанти (околу 150.000), Јеховини сведоци (126.827), и различни помали религиозни групи.

Слободата на религиозната определба е загарантирана со уставот на Полска од 1989 година.

КултураУреди

  Главна статија: „Култура во Полска.

Полската култура била под влијание на Источна и Западна Европа. Денес, ова влијание се препознава преку архитектурата, фолклорот и уметноста. Полска дала многу значајни историски личности како: Папата Јован Павле II, Марија Кири, Никола Коперник и Фредерик Шопен. Филмската индустрија има вклучено доста Полјаци, преку актери и режисери, како: Роман Полански, Анджеј Вајда, Збигниев Рибчински, итн.

Полска како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • „Полска во моето срце“ (Poljska u mom srcu) - песна на хрватската група „Азра“ (Azra) од 1981 година.[11]

РазгледнициУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. http://demografia.stat.gov.pl/bazademografia/Tables.aspx
  2. 2,0 2,1 „5. Report for Selected Countries and Subjects“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2017/02/weodata/weorept.aspx?pr.x=94&pr.y=3&sy=2017&ey=2017&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=964&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC&grp=0&a=. посет. 8 мај 2017 г. 
  3. GINI Index for Poland. 17 октомври 2016 г. https://fred.stlouisfed.org/series/SIPOVGINIPOL. посет. 25 април 2017 г. 
  4. „2015 Human Development Report“. United Nations Development Programme. 2015. http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr_2015_statistical_annex.pdf. посет. 14 декември 2015 г. 
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CSO_2008.
  6. Disruptive Religion: The Force of Faith in Social-movement Activism. https://books.google.com/books?id=39SoSG4NGAoC&pg=PA77&lpg=PA77&dq=poland%27s+millennium&sig=uQ-qK9oxqMuHmVvZJj8lszrm1. посет. 9 септември 2013 г. 
  7. Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 75-76.
  8. Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 76.
  9. Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 76-77.
  10. Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 77-78.
  11. Azra - Poljska u mome srcu (пристапено на 12.1.2017)

Надворешни врскиУреди

Општо


Патување
Фотографии