Антонио Валенсија
Луис Антонио Валенсија Москера или (шпански: Luis Antonio Valencia Mosquera) (роден на 4 август 1985), попознат како Антонио Валенсија (шпански изговор: [ antoɲo βalensja]), е еквадорски фудбалер, десно крило или десен бек на Манчестер Јунајтед и на еквадорската репрезентација.
![]() | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 4 август 1985 | ||
Роден во | Лаго Агрио, Еквадор | ||
Висина | м | 1,80||
Позиција | десно крило, десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 25 | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2003-2005 |
![]() | 83 | (11) |
2005-2008 |
![]() | 2 | (0) |
2005-2006 |
→![]() | 12 | (0) |
2006-2009 |
![]() | 84 | (7) |
2009- |
![]() | 232 | (17) |
Репрезентација ‡ | |||
2005- |
![]() | 92 | (10) |
* Ажурирано на: 17 јануари 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Откако напредувал преку младинскиот тим на Ел Насионал, Валенсија станал редовен првотимец и направи над 80 настапи за клубот пред да се пресели во Европа и да потпише за Виљареал, екипа од шпанската Ла Лига во 2005 година. Тој запишал само два лигашки настапи за жолтата подморница но затоа играл многу успешно на позајмиците на којшто бил пратен. Во сезоната 2005-2006 тој играл за Рекреативо, а подоцна и во англиската Премиер лига за екипата на Виган Атлетик во периодот 2006-2008. Со Виган подоцна, Валенсија потпишал три-годишен договор за непозната сума во јануари 2008 година. Со неговите настапи во клубот наскоро го привлекол вниманието на неколку клубови од повисок ранг, но тој ја одбил понудата да се пресели во Реал Мадрид пред да потпише за Манчестер Јунајтед во јуни 2009 година каде дошол како замена за Кристијано Роналдо. Валенсија оттогаш ги освои Лига купот во 2009-10,ФА Комјунити шилд во 2010, и Премиер лигата во сезоната 2010-2011 за време на неговото време во Манчестер Јунајтед, беше избран и во PFA Тимот на Годината во Премиер Лигата во својата дебитантска сезона.
Валенсија го направил своето деби за Еквадор во 2004 година. Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 2006, на Копа Америка 2007 и Копа Америка 2011, Светското првенство 2014 и Копа Америка Сентенарио. Од своето деби, Валенсија има 90 настапи и 10 гола за Еквадор.
Титули
уредиЕл Насионал
уреди- Серија А (1) : 2005
Рекреативо Уелва
уреди- Сегунда Дивисион (1) : 2005-2006
Манчестер Јунајтед
уреди- Премиер лига (2): 2010-2011, 2012-2013
- ФА Комјунити Шилд (3) : 2010, 2013, 2016
- ФА Куп (1) : 2015-2016
- Лига куп (1) : 2009-2010
- Лига Европа (1) : 2016-2017
Надворешни врски
уреди- Antonio Valencia profile профилот на Антонио Валенсија на страната на Манчестер Јунајтед
- Premier League profile of Antonia Valencia Архивирано на 30 август 2011 г.
- профил на Антонио Валенсија на soccerway