Дунав
Дунав (гер. Donau, слов. Dunaj, унг. Duna, ром. Dunărea, хрв. Dunav, ср. Дунав, укр. Дунай) — втора најдолга река во Европа по Волга.
Дунав | |
Donau, Dunaj, Dunărea, Donava, Duna, Дунав, Dunav, Дунáй, Dunay | |
Река | |
Дунав во Виена
| |
Земји | Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Молдавија, Украина, Романија |
---|---|
Градови | Улм, Инголштат, Регенсбург, Линц, Виена, Братислава, Ѓер, Будимпешта, Вуковар, Нови Сад, Белград, Русе, Дробета Турну-Северин, Орсова, Браила, Галати |
Главен извор | Брег |
- место | Мартинскапеле, Шварцвалд, Германија |
- височина | 1.078 м |
- должина | |
- координати | 48°05′44″N 08°09′18″E / 48.09556° СГШ; 8.15500° ИГД |
Спореден извор | Бригах |
- местоположба | Санкт Георген, Шварцвалд, Германија |
- височина | 940 м |
- должина | |
- координати | 48°06′24″N 08°16′51″E / 48.10667° СГШ; 8.28083° ИГД |
Влив на изворите | |
- местоположба | Донауешинген |
- координати | 47°57′03″N 08°31′13″E / 47.95083° СГШ; 8.52028° ИГД |
Утока | Делта на Дунав |
- координати | 45°13′3″N 29°45′41″E / 45.21750° СГШ; 29.76139° ИГД |
Должина | 2.860 км |
Слив | 817.000 км2 |
Истек | во пред делтата |
- просечен | 6.500 м3/с |
Истек на др. места (просечен) | |
- Пасау | 580 м3/с 30км пред градот |
- Виена | 1.900 м3/с |
- Будимпешта | 2.350 м3/с |
- Белград | 4.000 м3/с |
Карта на реката Дунав
|
Таа е единствената голема река во Европа, која тече во насока од запад на исток. Извира од планината Шварцвалд (со надморска височина на изворите 1078 метра) во Германија, каде што две помали реки, Бригах и Брег, се сливаат во селото Донауешинген и оттаму реката се нарекува Дунав. Од тоа место таа тече на југоисток во продолжение на 2859 км, вливајќи се преку делта (која се граничи со Украина) во Црно Море на романска територија.
Поминува низ многу земји од средна и источна Европа: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Романија, Молдавија и Украина. Минува низ повеќе главни градови и тоа: Виена, Братислава, Будимпешта, Белград.
При вливот во Црно Море таа се разделува на три ракава – Килиски, Сулински и Георгиевски. Најсеверниот – Килискиот ракав, служи за граница на Романија и Украина. Средниот ракав – Сулинскиот, е најполноводниот и најдлабокиот.
Историја
уредиРеката Дунав секогаш била важна врска меѓу Западна Европа и Црно Море. Во III век таа е северна граница на Римското Царство (и на латински е наречена Danubius), а тврдините, изградени на бреговете, служеле за заштита од нападите на Готите, Хуните и Словенските племиња. Подоцна Дунав бил пат за достап до Цариград. Крстоносците ја користеле реката како транспортна артерија за походите до Светите места.
Реката Дунав започнува да се користи како трговска врска во XVIII век. Марија Тереза, царицата на Австрија од Хабсбуршката династија, формира комисија, која го регулира пловењето по реката. Во XIX век Дунав се претвора во важна трговска врска меѓу Западна Европа и земјите од Балканскиот Полуостров.
Притоки
уредиДунав станува пловна река, откако прима многу алпски притоки. Околу 30 од нејзините 300 притоки исто така се пловни. Поважни се: Ин, Морава, Драва, Тиса, Сава и Прут. Длабочината на Дунав на места е повеќе од 30 м. За време на месеците мај и јуни реката е најполноводна. Во зима над реката се образуваат густи и непрогледни магли, а поради ниските температури површинските слоеви замрзнуваат.
Сообраќај
уредиРеката Дунав е важен меѓународен воден пат. Тој е определен од Европската Унија за трансевропски транспортен коридор № 7. Тој минува низз 9 држави.
Некои големи градови, кои се расположени на реката, се:
- во Германија: Улм, Инголштат, Регенсбург, Пасау;
- во Австрија: Линц, Кремс, Виена;
- во Словачка: Братислава;
- во Унгарија: Будимпешта;
- во Хрватска: Вуковар;
- во Србија: Нови Сад, Белград;
- во Романија: Турну Северин, Браила, Галац, Тулча;
- во Бугарија од запад на исток се градовите Видин, Лом, Козлодуј, Орјахово, Никопол, Белене, Свиштов, Русе, Тутракан и Силистра.
Културно значење
уредиДунав како тема во уметноста и во популарната култура
уредиНекои дела од областа на уметноста и популарната култура ја обработуваат реката Дунав, како на пример:
- „Дунав“ - расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.[1]
- „Големиот господин Дунав“ (Велики господин Дунав) - песна на српскиот поет Васко Попа.[2]
- „Ивчистил се бел Дунав избистрил се“ - македонска народна песна.[3]
- „Рано ранила Петкана“ - македонска народна песна.[4]
- „На убавиот син Дунав“ (An der schönen, blauen Donau) - валцер на австрискиот композитор Јохан Штраус.
Наводи
уреди- ↑ Едуард Лимонов, Девојка-ѕвер!. Скопје: Темплум, 2007, стр. 90-96.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 130.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 80.
- ↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 117.