Франсоа-Андре Даникан Филидор
Франсоа-Андре Даникан Филидор (роден во Дре на 7 септември 1726 - починал воп Лондон на 31 август 1795) бил француски шахист и музички композитор. Тој се смета дека бил еден од најдобрите шахисти во негово време, но сепак во тоа време титулата „светски правак“ сè уште не постоела. Неговата книга Анализа на шаховската игра (француски: Analyse du jeu des Échecs) се сметала за стандардно шаховско помагало во следните 100 години. За време на неговиот живот, не бил именуван со целото име, односно најчесто бил именуван како Андре Даникан Филидор.
Франсоа-Андре Даникан Филидор | |
---|---|
Целосно име | Франсоа-Андре Даникан Филидор |
Земја | Франција |
Роден | 7 септември 1726 Дре, Франција |
Починал | 31 август 1795 Лондон, Англија |
Светски првак | ~1747–1795 (неофицијално) |