Стеван Ацевски - Стевче
Стеван Ацевски - Стевче (Скопје, 21 август 1943) — македонски филмски работник[1].
Студирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград на класата за организација.
Од 1965 година работи за продукцијата на „Вардар филм“. Во осумдесеттите години работи за продукцијата на „Авала филм“ - Белград, како продакшн-менаџер во копродукциите со италијански и американски партнери. Истовремено соработува и со играната (драмска) програма на Телевизија Скопје („Табакерата“ - директор на филм).
По осамостојувањето на Македонија до денес, Ацевски повторно работи во „Вардар филм“, при што во еден период, 1998/99, е в.д. директор, а моментално е во пензија.
Наводи
уреди- ↑ „Ацевски Стеван - Стевче“. МИФЦ. Архивирано од изворникот на 2008-04-10. Посетено на 2010-10-17.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |