Тони Бенет

американски пејач (1926 — 2023)

Ентони Доминик Бенедето (англ. Anthony Dominick Benedetto; 3 август 1926 ― 21 јули 2023), професионално познат како Тони Бенет (англ. Tony Bennet) ― американски џез- и традиционален поп-пејач. Добил многу награди и признанија, меѓу кои: 20 Греми-награди, Греми-награда за животно дело и две Еми-награди за серија во ударен термин. Американската национална фондација за уметности (National Endowment for the Arts) го прогласила Бенет за џез-маестро, а исто така добил признание од Кенедиевиот центар. Бенет го основал Уметничкото училиште „Френк Синатра“ во Квинс, Њујорк.[1] Продал преку 50 милиони музички записи (албуми и синглови) и добил ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Тони Бенет
Bennett smiling
Тони Бенет во 1960-тите
Роден(а)Ентони Доминик Бенедето
3 август 1926(1926-08-03)
Њујорк, САД
Починал(а)21 јули 2023(2023-07-21) (возр. 96)
Њујорк, САД
Занимање
  • Пејач
  • сликар
Активен период1936–2021
Сопружник
  • Патриша Бич (в. 1952; раз. 1971)
  • Сандра Грант (в. 1971; раз. 1983)
  • Сузан Кроу (в. 2007)
Деца4

Музичка кариера
Жанрови
  • традиционална поп-музика
  • Свинг
  • Џез
  • лесна музика
  • биг-бенд
Издавачи
Потпис
Страница
tonybennett.com

Живот и кариера

уреди

1926–1943: Семејство и образование

уреди

Ентони Доминик Бенедето бил роден на 3 август 1926 година,[2] во Квинс во градот Њујорк,[3] како трето дете на Италоамериканците Џон и Ана Бенедето.[4] Неговиот татко бил бакал кој во 1906 година се доселил од Подаргони,[5] село во околината на Реџо Калабрија. Ана била родена во САД веднаш откако нејзините родители се доселиле во САД од регионот на Калабрија во 1899 година.[4][5] Во Њујорк, пристигнале и други нивни роднини како дел од масовното доселување на Италијанците во Америка.[4][5] Тони пораснал со постара сестра, Мери, и постар брат, Џон Помладиот.[6] Поради тоа што татко му бил болен и бил неспособен да работи, децата пораснале во сиромаштија.[7] Татко му починал кога Тони имал десет години.[7]

Бенет пораснал слушајќи ги Ал Џолсон, Еди Кантор, Џуди Гарланд и Бинг Крозби, како и џез-музичари како Луис Армстронг, Џек Тигарден и Џо Венути. Неговиот вујко Дик бил степ-танчер во водвиљ и затоа можел рано да влезе во шоу-бизнисот.[8] На 10-годишна возраст тој пеел и настапувал на отворањето на мостот Триборо.[9] Исто така од најрана возраст многу сакал да црта;[7] тој станал познат како карикатурист во PS 141 и сакал да стане комерцијален уметник.[10] Почнал да пее за пари на 13-годишна возраст кога работел како келнер што пее во неколку италијански ресторани во околината на родниот Квинс.[10][11]

Бенет се запишал во Високата школа за индустриска уметност во Њујорк каде учел сликарство и музика, но, се откажал на 16 години за да го издржува семејството.[12] Работел на машина за копирање во Associated Press во Менхетен[13] и на неколку други нискоквалификувани и ниско платени работни места.[14] Тој најмногу се насочил кон професионалната пејачка кариера и имал успешен ангажман како келнер кој пее во ноќен клуб Парамус во Њу Џерси.[11][14]

1944–1950: Втора светска војна и потоа

уреди

Бенедето бил регрутиран во армијата на САД во ноември 1944 година, при крајот на Втората светска војна.[7][15] Основната обука ја поминал во Форт Дикс и Форт Робинсон, а по завршувањето станал пешак.[16] Во јануари 1945 година бил пратен да го обезбедува огромното складиште за логистика во Авр, бил прекомануван на неколку места низ Франција, а подоцна и во Германија.[7] На почетокот од март 1945 година бил на фронтовата линија од она што подоцна ќе биде опишано како „седиште во првиот ред во пеколот“.[17]

Бенедето останал во Германија како дел од окупаторските сили, но бил назначен за член на музичка група во склоп на специјалните служби која требало да ги забавува американски војници.[7] Настапувал и со други армиски групи, користејќи го псевдонимот Џо Бари, кој почнал да го употребува уште пред војната. Свирел со многу музичари кои ќе имаат повоена кариера.[18]

Откако бил ослободен од обврските во армијата и по враќањето во САД во 1946 година, Бенедето со стипендија за воен ветеран студирал во Американското театарско крило.[9] Тој почнал да пее во јавност секаде каде што можел.[7] По предлог од професор од Американското театарско крило, тој додека пеел ги имитирал стилот и фразите на други музичари (како оној на саксофонот на Стен Гец и на пијаното на Арт Тејтум), помагајќи му да импровизира додека интерпретира песна.[12][19] Тој направил неколку снимки под псевдонимот Џо Бари во 1949 година за мала издавачка куќа под име Leslie Records, но тие не биле заинетересирани.[20]

Во 1949 година, Перл Бејли го препознала талентот на Бенедето и го замолила да биде воведен изведувач на нејзиниот концерт во Гринич Вилиџ.[11] Таа претходно на концертот го поканила и Боб Хоуп. Хоуп решил да го земе Бенедето на неговите концерти и го скратил неговото име во Тони Бенет.[20] Во 1950 година, Бенет го снимил демото за „Boulevard of Broken Dreams“ и потпишал со издавачката куќа „Колумбија рекордс“.[9]

1951–1954: Први успеси во кариерата

уреди
 
Бенет (десно) со колумнистот и водител од Чикаго Ирв Капсинет во текот на 1950-тите

По успехот со синглот The Boulevard of Broken Dreams, Бенет брзо станал еден од најпопуларните пејачи во САД. Негов прв голем хит бил „Beacuse of you“, балада продуцирана од Мич Милер. Песната стигнала до прво место на поп-листите во 1951 година и била продаена во над милион копии.[20] Подоцна истата година со песната „Cold, Cold Heart“ од Хенк Вилијамс, Бенет повторно се искачил на прво место на топ-листата.[21] Со снимањето на песната „Blue Velvet“ Бенет станал многу популарен и многу негови тинејџерски обожаватели ги посетувале концертите во познатиот театар „Парамаунт“ во Њујорк[22] и на други места. Со песните „Rags to Riches“ (1953) и „Stranger in Paradise“ (1953) тој повторно се искачил на прево место на топ-листата во САД.

Со започнување на ерата на рокенролот во 1955 година, се променила и динамиката на музичката индустрија и било сѐ потешко етаблираните поп-пејачи да ја одржат популарноста.[9] Сепак, Бенет продолжил со неговиот успех и во втората половина од 1950-тите имал осум песни во Top 40 на Билборд.[23]

1955–1965: Подем на популарноста

уреди

Во 1955 година Бенет го издал неговиот прв албум, Cloud 7. Албумот ја покажал наклонетоста на Бенет кон џезот.

 
Бенет (десно) со композиторот Харолд Арлен, на проба за телевизиската програма Дваесеттиот век во 1964 година

На албумот „The Beat of My Heart“ од 1957 година свиреле добро познати џез музичари како Херби Ман и Нат Адерли. Албумот бил и популарен и бил високо оценет од критиката.[8][24] Потоа, Бенет почнал да соработува со со оркестарот од Каунт Бејзи и станал прв поп-пејач кој пеел со бендот на Бејзи.[8] Албумите Basie Swings, Bennett Sings (1958) и In Person! (1959) биле плод на оваа соработка.[8][9]

Бенет стекнал репутација како изведувач во ноќни клубови; тој го следел примерот на Синатра и другите врвни џез и стандардни пејачи од ова време.[9] Во јуни 1962 година, Бенет одржал концерт во Карнеги Хол со многу музички ѕвезди како: Ал Кон, Кени Бурел, Кандидо, како и триото Ралф Шерон. Ниту еден (машки) поп-пејач немал одржано концерт во Карнеги Хол дотогаш (само Џуди Гарланд една година пред тоа).[25]

Во 1962 година Бенет ја објавил песната „I Left My Heart in San Francisco“. Песната била напишана пред една деценија и првично била напишана за оперски пејач.[26] Истоимениот албум се пласирал во топ-5 на топ-листата од Билборд.[9] Бенет за песната добил Греми награди за запис на годината и за најдобра машка соло-изведба. Со текот на годините, песната станала една од најпознатите песни на Бенет.[27] Во 2001 година, песната била рангирана на 23-то место на листата од RIAA/NEA за историски најзначајните песни од 20-от век. Бенет бил номиниран за Греми и за: I Wanna Be Around (1963), Who Can I Turn To (1964) и The Shadow of Your Smile (1965).

Неговиот обид да се пробие во фимот со улога во слабо примениот филм „Оскар“ од 1966 година наишол на мешани критики за Бенет; снимањето на филмот не му било интересно и не барал други улоги понатаму.[28][29]

1965–1979: Години на застој во кариерата

уреди
 
Бенет настапува во 1966 година

Ралф Шерон и Бенет се разделиле во 1965 година.[30] Бенет го исполнил барањето на неговата издавачка куќа да снима современа поп-музика. Таков бил примерот со Tony Sings the Great Hits of Today! (1970),[9] а пред снимањето на албумот Бенет се разболел од самата помисла да снима.[31] На албумот имало преработки од Битлси и други актуелни песни.[31][32]

Во 1972 година тој заминал од Колумбија и потпишал за MGM Records. Тој не добил постојан договор за снимање откако MGM објавиле два релативно неуспешни албума.[9][33]

Бенет ја основал неговата издавачка куќа, Improv,[9] со која снимил два високо ценети албуми: The Tony Bennett/Bill Evans Album (1975) и Together Again (1976).[34] Сепак, Improv немала договор за дистрибуција со голема издавачка куќа и во 1977 година компанијата пропаднала.[9][35]

Кон крајот на деценијата, Бенет немал договор за снимање, немал менаџер и немал многу концерти вон Лас Вегас.[12] Тој станал зависник од дрога, трошел повеќе отколку што заработувал, а даночните власти се обидувале да му ја конфискуваат куќата во Лос Анџелес.[12][35]

1979–1989: Пресврт

уреди

Откако за малку ќе умрел од предозирање со кокаин во 1979 година, Бенет напомош ги повикал неговите синови Дени и Деј. „Видете, овде сум изгубен“, им рекол тој. „Изгледа луѓето не сакаат да ја слушаат музиката што ја правам“.[12]

Била основана музичката група на Дени и Деј, Quacky Duck and His Barnyard Friends, а Дени сфатил дека нема талент за музика но дека се разбира од водење бизнис. Неговиот татко, од друга страна, имал огромен музички талент, но не успевал да заработи од тоа. Дени станал менаџер на татко му.[35]

Дени ги ставил под контрола трошоците на татко му, Бенет се преселил во Њујорк и почнал да настапува по колеџи и мали театри.[12][35] Успеал да го плати даночниот долг.[35] Бенет исто така почнал да соработува со Ралф Шерон кој станал негов пијанист и музички директор[30] (соработката траела до пензионирањето на Шерон во 2002 година).[26] Во 1986 година, Тони Бенет повторно потпишал за Columbia Records и го издал албумот The Art of Excellence. Ова бил прв негов албум кој се пласирал на топ-листите од 1972 година.[9]

Тематската песна на Хенри Мансини „Life in a Looking Glass“ од филмот од Блејк Едвардс „Таков е животот“ (That's Life!) (1986), испеана од Бенет, добила номинација за Оскар за најдобра оригинална песна.[36]

1990–2006: Подоцнежна кариера

уреди
 
Бенет во Балтимор, 1995 година

На почетокот од 1990-тите Бенет продолжил да снима албуми, прво го објавил ретроспективниот Astoria: Portrait of the Artist (1990), а потоа омажот за Синатра Perfectly Frank (1992) и омажот за Фред Астер Steppin' Out (1993). Последните два албума му донеле на Бенет Греми за најдобра традиционална поп вокална изведба.[37]

Обновената популарност на Бенет кулминирала во 1994 година со појавувањето на MTV Unplugged.[35] Емисијата била целосен џез-концерт со рок и кантри-ѕвездите Елвис Костело и k.d. lang и привлекла значително медиумско внимание.[37] Албумот од емисијата, MTV Unplugged: Tony Bennett, станал платинест. Бенет трета година по ред освоил Греми за најдобра традиционална поп вокална изведба, а исто така освоил Греми-награда за албум на годината.[8][38]

По успешниот камбек, Бенет финансиски напредувал; во 1999 година неговиот имот бил проценет на 15 до 20 милиони долари. Бенет освоил многу други награди за неговите редовни нови албуми во Колумбија, вклучително и омажи за великаните на џезот: Били Холидеј, Дјук Елингтон и Луис Армстронг.[39] Во периодот од 1996 до 2011 година, Бенет добил уште осум Греми-награди за најдобар традиционален поп-албум на годината. Бенет освоил Еми за неговиот специјален концерт Live by Request – A Valentine's Special (1996).[39][40] Во 2006 година, Бенет добил стипендија за џез-маестро од државната Фондација НЕА , највисока чест за џез-музичари во САД. Тој имал камео појавувања како себе во филмови како: Извидник, Анализирај го ова и Семоќниот Брус.[41]

За неговиот придонес во музичката индутрија Бенет добил ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[42] Во 1997 година Бенет бил примен во американската Куќа на славата на биг-бенд и џез-музичарите, во 2001 година добил Греми награда за животно дело и во 2002 година добил награда за животно дело од Американското здружение на композитори, автори и издавачи (ASCAP).[43] Во 2002 година, списанието Q го ставило Бенет на неговиот список од „50 бендови кои треба да ги видите пред да умрете“.[44] На 4 декември 2005 година, Бенет добил Признание од Кенедиевиот центар.[38] Следната година, Бенет бил примен во Музичката куќа на славните од Лонг Ајленд.[45]

На 3 август 2006 година, за неговиот 80-ти роденден, Бенет го издал албумот Duets - An American Classic.[9] Биле одржани концерти; одржал концерт со Кристина Агилера и била направена скеч-комедија со приврзаниот импресионист на Бенет, Алек Болдвин; режисерот Роб Маршал направил специјална емисија Тони Бенет: Американска класика за телевизијата NBC, која потоа освоила повеќе Еми награди;[22] ја добил Билбордовата награда Century Award;[38] и гостувал на 6-та сезона од <i id="mwAxY">Американски идол</i>. Добил хуманитарна награда од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации.[46] Во 2006 година Бенет ја добил американската Национална награда за џез-маестро.[38]

Во септември 2011 година, Бенет го издал Duets II, продолжение на неговиот прв албум со соработки. Тој пеел во дует со седумнаесет истакнати пејачи меѓу кои: Арета Френклин, Вили Нелсон, Квин Латифа и Лејди Гага.[47] Бенет се појавил на премиерата на втората сезона од телевизиската серија Blue Bloods за која со Кери Андервуд ја извел „It Had To Be You“.[48] Неговиот дует со Ејми Вајнхаус, песната „Body and Soul“ (која се смета за последна снимка која ја направила пред нејзината смрт),[49] се пласирала во долниот дел од Billboard Hot 100, со што Бенет станал најстар жив музичар кој се пласирал на листата, како и музичар со најголема временска рамка на пласирање на истата.[50] Албумот потоа дебитирал на прво место на Билборд 200, а Бенет станал најстар жив изведувач кој кој се искачил на прво место.[51]

 
Бенет сликан во 2013 година

По прераната смрт на Вајнхаус и Витни Хјустон, Бенет во февруари 2012 година повикал на легализација на дрогата.[52] Во октомври 2012 година, Бенет го издал Viva Duets, албум со дуети со латиноамерикански музичари.[53] Тој објавил уште едни мемоари, Животот е подарок: Зенот на Бенет, а бил објавен и документарен филм продуциран од неговиот син Дени, исто така насловен како Зенот на Бенет.[54]

Во септември 2014 година, Бенет за прв пат настапил во Израел. Претходната вечер, исто така, имал камео појавување на сцената со Лејди Гага во Тел Авив.[55] Неколку дена подоцна бил објавен заедничкиот албум на двете ѕвезди. Албумот под наслов Cheek to Cheek добил Греми-награда и дебитирал на првото место на топ-листата на Билборд, со што 88-годишниот Бенет го подобрил неговиот рекорд како најстар изведувач на прво место на Билборд-200,[56] и поставил Гинисов рекорд за „најстар човек кој се искачил на прво место на американската топ-листа за албуми со ново снимен албум“, на возраст од 88 години и 69 дена.[57] Во октомври 2014 година, Бенет и Лејди Гага го објавиле специјалниот концерт Тони Бенет и Лејди Гага: Cheek to Cheek Live!,[58] и на крајот на годината ја започнаа нивната заедничка турнеја Cheek to Cheek.[59]

 
Бенет и Лејди Гага на нивната заедничка турнеја Cheek to Cheek (2015). Нивниот втор заеднички албум, Love for Sale (2021) бил негов последен запис.

Последниот албум на Бенет, Love for Sale, уште еден заеднички албум со Лејди Гага, бил објавен на 30 септември 2021 година. Албумот добил претежно позитивни критики и дебитирал на осмо место во САД.[60] Бенет го соборил рекордот (кој и пред тоа бил во негова сопственост) за најдолг временски распон за пласман во топ-10 албуми на Билборд 200 топ-листат од жив изведувач; неговиот прв топ-10 албум бил I Left My Heart in San Francisco во 1962 година.[60] Бенет, на возраст од 95 години и 60 дена, го соборил и Гинисовиот рекорд за најстара личност која објавила албум со нов материјал.[61]

На 12 август 2021 година, девет дена по неговиот 95-ти роденден, повлекувањето на Бенет од концертите го објавил неговиот син и менаџер Дени Бенет. Документарниот филм насловен The Lady and the Legend, на кој имало снимки од создавањето на двата заеднички албуми на Бенет и Лејди Гага бил објавен во септември 2023 година.[62][63]

Болест и смрт

уреди

Во февруари 2021 година, во една статија во списанието AARP било откриено дека на Бенет во 2016 година му била дијагностицирана Алцхајмерова болест.[64]

При објавувањето на повлекувањето на Бенет од настапите во август 2021 година, Дени Бенет изјавил дека Алцхајмеровата болест претежно влијаела на краткотрајната меморија на неговиот татко и дека тој често заборавал дека штотуку настапил по концертот; неговата долгорочна меморија била во ред и тој сè уште можел целосно да се сети на сите стихови од неговиот репертоар додека настапувал.[65]

Бенет починал во својот дом во Њујорк на 21 јули 2023 година, по седумгодишна битка со Алцхајмерова болест.

Наводи

уреди
  1. Kilgannon, Corey (June 26, 2009). „He's Never Left Astoria Behind“. The New York Times. Архивирано од изворникот на May 7, 2018.
  2. „Tony Bennett Biography“. Biography.com. Архивирано од изворникот на March 15, 2018. Посетено на March 12, 2018.
  3. Bennett, The Good Life, p. 15.
  4. 4,0 4,1 4,2 Evanier, All the Things You Are, pp. 19–23.
  5. 5,0 5,1 5,2 Evanier, All the Things You Are, p. 29. "Tony Bennett's paternal grandfather, Giovanni Benedetto, grew up in the village of Podargoni, above Reggio Calabria. The family were poor farmers, producing figs, olive oil, and wine grapes. His mother's family, the Suracis, also farmed in Calabria. Neither side of the family could read or write."
  6. Bennett, The Good Life, pp. 11, 27.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 Sullivan, Robert (September 24, 2007). „Tony Bennett: The musician and the artist“. Today.com. Архивирано од изворникот на February 15, 2020. Посетено на May 13, 2008.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Fitzgerald, Greg (c. 2001). „Tony Bennett“. Jazz Profiles. NPR. Архивирано од изворникот на June 24, 2021. Посетено на June 16, 2021.
  9. 9,00 9,01 9,02 9,03 9,04 9,05 9,06 9,07 9,08 9,09 9,10 9,11 9,12 Ruhlmann, William. „Tony Bennett: Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на September 30, 2011. Посетено на June 11, 2005.
  10. 10,0 10,1 Evanier, All the Things You Are, pp. 33–34.
  11. 11,0 11,1 11,2 Apton, Deborah (September 27, 2007). „Nightline Playlist: Tony Bennett“. ABC News. Архивирано од изворникот на June 14, 2008. Посетено на May 13, 2008.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 Празен навод (help)
  13. „Celebrity Circuit: The Graduate“. CBS News. August 8, 2005. Посетено на February 15, 2009.
  14. 14,0 14,1 Evanier, All the Things You Are, pp. 39–40.
  15. Bennett, The Good Life, p. 51.
  16. Bennett, The Good Life, pp. 52–53.
  17. Bennett, The Good Life, pp. 54–56.
  18. Bennett, The Good Life, pp. 71, 74, 77.
  19. „The One Show: 04/07/2011“. The One Show. BBC. July 4, 2011. Архивирано од изворникот на July 9, 2011.
  20. 20,0 20,1 20,2 Mosbrook, Joe (November 28, 2001). „Tony Bennett's Cleveland Connections“. Jazzed in Cleveland. WMV Web News Cleveland. Архивирано од изворникот на June 19, 2005. Посетено на June 15, 2005.
  21. Erlewine, Stephen Thomas. „Hank Williams: Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на October 14, 2010. Посетено на December 17, 2008.
  22. 22,0 22,1 Leopold, Todd (October 18, 2007). „Tony Bennett remains true to standards“. CNN. Архивирано од изворникот на October 6, 2008. Посетено на October 21, 2007.
  23. Whitburn, The Billboard Book of Top 40 Hits, p. 35.
  24. Ruhlmann, William. „The Beat of My Heart: Review“. AllMusic. Архивирано од изворникот на July 21, 2023. Посетено на December 28, 2008.
  25. Bennett and Friedwald, p. 167
  26. 26,0 26,1 Fox, Margalit (April 10, 2015). „Ralph Sharon, 91, Tony Bennett's Pianist“. The New York Times. стр. B19. Архивирано од изворникот на June 2, 2015.
  27. Elber, Lynn (September 5, 2007). „Clint Eastwood tells Tony Bennett's story for 'American Masters'. Associated Press. Архивирано од изворникот на June 16, 2008. Посетено на January 15, 2008.
  28. Crowther, Bosley (March 5, 1966). „Screen 'Oscar' Arrives“. The New York Times.
  29. Bennett, The Good Life, p. 186.
  30. 30,0 30,1 Ruhlmann, William. „Ralph Sharon: Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на November 13, 2011. Посетено на June 14, 2005.
  31. 31,0 31,1 Friedwald, Jazz Singing, p. 397.
  32. „Tony Sings the Great Hits of Today“. Frank's Vinyl Museum. Архивирано од изворникот на February 9, 2005. Посетено на June 11, 2005.
  33. Evanier, All the Things You Are, p. 200.
  34. Giddins, Gary (November 18, 2001). „A Long-Distance Legend Who's Lapped the Field“. The New York Times.
  35. 35,0 35,1 35,2 35,3 35,4 35,5 Fabrikant, Geraldine (May 2, 1999). „Talking Money With: Tony Bennett: His Heart's in San Francisco, His Money in His Son's Hands“. The New York Times. Архивирано од изворникот на July 21, 2023. Посетено на September 17, 2017.
  36. „Oscars Nominations Henry Mancini“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences.
  37. 37,0 37,1 Marchese, John (May 1, 1994). „When He Croons, Slackers Listen“. The New York Times.
  38. 38,0 38,1 38,2 38,3 „Tony Bennett: The Music Never Ends“. American Masters. PBS. September 12, 2007. Архивирано од изворникот на October 16, 2008. Посетено на November 18, 2008.
  39. 39,0 39,1 „Tony Bennett: The Music Never Ends“. American Masters. PBS. септември 12, 2007. Архивирано од изворникот октомври 16, 2008. Посетено на ноември 18, 2008.
  40. Fabrikant, Geraldine (May 2, 1999). „Talking Money With: Tony Bennett: His Heart's in San Francisco, His Money in His Son's Hands“. The New York Times. Архивирано од изворникот July 21, 2023. Посетено на September 17, 2017.
  41. „Tony Bennett's five favourite movies of all time“. Far Out Magazine. July 21, 2023. Архивирано од изворникот на July 21, 2023. Посетено на July 21, 2023.
  42. „Hollywood Icons: Tony Bennett“. Hollywood Chamber of Commerce. Архивирано од изворникот на January 4, 2019. Посетено на December 29, 2009.
  43. „Tony Bennett To Be Presented With The ASCAP Pied Piper Award At The 19th Annual ASCAP Pop Music Awards“. Market Wire. April 2002. Архивирано од изворникот на July 30, 2013. Посетено на December 29, 2008.
  44. „A Selection of Lists from Q Magazine“. rocklistmusic.co.uk. September 2002. Архивирано од изворникот на February 24, 2011. Посетено на December 29, 2008.
  45. „Inductees“. Long Island Music Hall of Fame. Архивирано од изворникот на May 22, 2009. Посетено на December 29, 2008.
  46. „Tony Bennett, Legendary Voice of American Standards, Dead at 96“. Yahoo. July 21, 2023. Архивирано од изворникот на July 21, 2023. Посетено на July 21, 2023.
  47. Празен навод (help)
  48. Празен навод (help)
  49. Burger, David (September 25, 2011). „Amy Winehouse the highlight of Tony Bennett's 'Duets II'. The Salt Lake Tribune. Архивирано од изворникот на September 27, 2011. Посетено на September 26, 2011.
  50. Trust, Gary (September 21, 2011). „Tony Bennett Oldest Living Artist Ever On Hot 100“. Billboard. Архивирано од изворникот на April 5, 2013. Посетено на September 26, 2011.
  51. Caulfield, Keith (September 28, 2011). „Tony Bennett, 85, Achieves First No. 1 Album on Billboard 200“. Billboard. Архивирано од изворникот на March 1, 2013. Посетено на September 30, 2011.
  52. Harris, Beth (February 14, 2012). „Legalize drugs, Bennett suggests“. The Chronicle Herald. Halifax. Associated Press. Архивирано од изворникот на February 16, 2012. Посетено на February 14, 2012.
  53. Gardner, Elysa (October 22, 2012). „Tony Bennett's 'Viva Duets' takes a Latin spin“. USA Today. Архивирано од изворникот на October 26, 2012. Посетено на November 20, 2012.
  54. Holden, Stephen (October 23, 2012). „A Pop Culture Father Figure, as Mellow as His Tone“. The New York Times. Архивирано од изворникот на July 21, 2023. Посетено на November 22, 2012.
  55. Cotler, Amit (September 14, 2014). „Lady Gaga leaves Israeli audience hungry for more“. Ynetnews. Архивирано од изворникот на September 15, 2014.
  56. Lewis, Randy (October 1, 2014). „Tony Bennett-Lady Gaga's 'Cheek to Cheek' reaches No. 1“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на November 14, 2014.
  57. „Oldest person to reach No.1 on the US album chart with a newly recorded album“. Guinness World Records. October 11, 2014. Архивирано од изворникот на July 4, 2021. Посетено на March 26, 2021.
  58. „Tony Bennett & Lady Gaga: Cheek to Cheek Live!“. PBS. October 15, 2014. Архивирано од изворникот на March 12, 2015. Посетено на March 10, 2015.
  59. „Lady Gaga to perform with Tony Bennett on New Year's Eve“. Business Standard. October 8, 2014. Архивирано од изворникот на July 17, 2015. Посетено на June 17, 2015.
  60. 60,0 60,1 Празен навод (help)
  61. Празен навод (help)
  62. Празен навод (help)
  63. Празен навод (help)
  64. Savage, Mark (February 1, 2020). „Tony Bennett reveals he has Alzheimer's“. BBC News. Архивирано од изворникот на February 1, 2021. Посетено на February 2, 2020.
  65. Празен навод (help)

Библиографија

уреди

Надворешни врски

уреди